Не знам, збунета сум. Од вторникот наваму сме без силиконски и имаме некој ред- конечно цица да речам, меѓутоа од педијатарот ни е кажано да не го дојам порано од 2 часа по 15 мин од града- за да можело да ми надојде млеко, да не сум му давала вода. Др ми викаат да му давам кога бара. Сега измеѓу знае да плаче… цица убаво во тие 15 мин, ама пак бара. А ова што ми се омекнати градите е плус. Меѓу подои ми жарат, ама не ми се полни
Малечко е многу, ама безразлика лактацијата кај некои мајки и порано се средува. Педијатрите советуваат така на мин 2 саати а консултантите за доење на барање... Како и да одлучиш не е грешка се дур си е најадено бебето, а со тек на време ќе добие поише сила и ќе цица количински повеќе па ќе ги развлече тие 2 саати. Гледај дали голта, дали полни пелени и килажата на редовните контроли дали оди нагоре, така ќе се осигураш дека се е океј. Малечко е допрва ќе расте, со лесно ❣️
Мајки, цела ноќ имам болки во десна града како да е преполна (таа иста болка), а градата е премека бидејќи бебе цица на 1.5-2часа цела ноќ и цел ден. Нема сврзано повеќе и нон стоп е на гради. Што може да е?
Дали големината на градите има врска со тоа дали има млеко или не? Конкретно моите се меки и не драстично поголеми од претходно, а уште немаме воспоставено редовно цицање, па се прашувам дали тоа што не ми се големи има врска со тоа дали има млеко или не.
Пробав тоа од сабајле 2 пати, бебе цица од таа града...сега се појави некое мало црвенило од страната каде што боли. Дали е за лекарска консултација? Некоја со вакво искуство? Страв ме фаќа да не прогресира во најстрашното
Истото ми се случи, дури качив и температура. Пробај да се измолзуваш рачно после подој. Мене во болница ми покажаа како. Сепак треба малку време (2-3 дена) за да помине. Барем кај мене беше тоа случај.
Рачно едвај капки вадам, веројатно не знам да одмолзам. Пробав и со пупма, ама и таму премалку извадив. Како и да е, ме смири малку дека не е страшно. Ако поминува само од себе, ќе си почекам. А имаше јаки болки? Јас осеќам само како да ме затега кога ќе кренам рака или ќе се наведнам
1+ година стаж во доење имам и 3 пати таков случај. Веднаш почни со топли масажи и ладни облоги (ациди борици, зелка). Форсирај ја таа града и бебето нека цица во лежечка положба, така полесно ќе се одзатне каналчето. Не е страшно, поголем број од доилките се соочуваме со тоа, се средува.
majki davajte sovet.... bebuska e skoro 10meseci,preku den si ima 3 obroci i 1 uzinka a navecer cica... vcera doznav deka povtorno sum bremena i sega neznam kolku e dobro da ja dojam,a ne ni znam kako naglo da ja odbijam...utre imam zakazano pregled na ginikolog pa ke se konsultiram sto ponatamu
Нема на што, без паника и превенирај за да не ти се влоши. За 72 часа треба да е стабилизирано, ако не ќе се јавиш на лекар. Можеш слободно да си продолжиш со доење до кога сметаш дека треба. Имам многу другарки што доеле бремени па ги одбиле бебињата неколку месеци пред да се породат, а имам и пријателка што доеше тандем, децата и се 16м разлика.
Поентата на доењето е оваа - кога сака и колку сака, според мене. Сепак е сеуште малечко за да има некој ред. Повеќе му е за да се чуствува сигурно и близу до тебе одколку што цица. Давај на бебе кога и да бара, колку повеќе влече толку побрзо ке ти дојде млеко верувај.
Здраво мајки Ми треба совет од вас бидејки пред една недела станав мајка и појма си немам.. бебето мое прво не сакаше да фати града воопшто па се научивме со силиконска и штом почна да цица два дена беше по саат ипол на града а се будеше на 4 5 саати. Сега наеднаш веќе два дена се буди на 3 4 саати и веднаш прво кака и прднува има звук како на пролив, се молиме да почне да цица и кога ќе почне цица 15 мин и заспива на града, тамам ќе го оставиш пак плаче и одбива на града и едвај ќе го дтавам некако и тоа исто трае 15 мин и така 4 саати се молиме додека не заспие. Дали е сето ова нормално се плашам да не е гладен? На пример еве вечерва заспа во 9 се разбуди во 1 и цицаше 5 мин па накај 2 почна убаво да цица до 15 за 3 па па мењавме памперс за потоа пак да цица некои 10 мин и во 4 конечно заспа. Што мислите?
Ако за 3 саати нема измочана пелена, значи малку му е храна. Мене така ми рекоа, моето сакаше да цица ама немав доволно млеко. За спиењето ми рекоа дека максимум на 3 саати треба да се разбудува новороденче, и моето спиеше по 4-5 саати, и од жолтицата се успиваат многу, ама ми рекоа да го будам на 3 саати. Овие работи ми ги кажаа мед. сестри.
Многу мало е бебе, се е во ред. И плачење и неспиењето. Какањето е такво бидејќи само пие млекце, не јаде цврста храна. Важно е да мочка и да кака, и моето имаше жолтица, ама го ставав на града постојано и првата недела качи околу 800 грама. Ако си мочка нека спие и 3-4 часа, можеби не е гладно и затоа спие. Нели ти рекоа да го однесете на контрола да го измерат колку качил? Ќе го виде педијатар и ќе ти каже најдобро совет. Ти да бидеш смирена колку што можеш, и одмарај додека спие бебе. Ќе си фатите ред за кратко. Гушкај го и нека си спие и во раце. Сака да те чувствува до него.