Devojki dali e ok Stavam na града смукне неколку пати пак се тегне( слушам како млекцето му оди до стомачето и му ги слушамцревата).
Исправи го нека ждригне, најверојатно голта воздух и затоа се тегне, не може да продолжи да цица. Намести го убави на града да не голта воздух, устата да му биде целосно покриена, ако ти се многу тврди пред да го доиш измолзи се малку, да омекнат за да фати поубаво
Од 20-30гр дневно по книга, но тоа е отприлика вредност, секое бебе е различно и некогаш ќе става и помалку или повеќе од овие вредности.
Мајки цел ден изгорев од температура, пиев и далерон и бруфен, малку ќе намали па пак почнува да ме тресе. Други симптоми немам. Читав дека е ок да се дои со температура, ама 10 мин шмука на празно па тек тогаш доаѓа млеко. Има шанси да се намалува количината при болест?
Здраво. Бебето е скоро еден месец, се роди во 37 недела и првата недела во болница и дома беше со жолтица, па не почна со цицање, претежно спиеше, тешко се будеше, па изгуби многу килажа и почнавме одма со дохрана. Се уште не цица, секој обид завршува со вриштење и тргање, пробувам со одмолзување па да го дадам тоа ама веќе и количините се премногу намалени, едвај по 10мл на секои 3 часа. Дали има надеж дека ќе се среди? Како да се пренасочиме на цицање и да ја исфрлиме дохраната, да ја намалам количината на дохрана што ја добива (60мл на 3 часа) за да биде погладен или? Има ли назад откако ќе се навикне на дохрана и шише? Некој со искуство?
Да консултираш консултант за доење, ќе те советува за суплементи и чаеви. Дали се измолзуваш? Многу е битно градите да ги празниш за да добие телото сигнал дека треба повеќе да прави. Јас со синко слично, се роди со подврзано јазиче и цицаше со силиконска- ако се вика тоа цицање, додека да го средиме и фатиме ред… еве седма недела сме на крај, цица, ама изгледа не доцицува (ми заспива) и после секое цицање даваме 45 мл дохрана или мое измолзено. Јас кога не цица (ако нејќе или е нервозен) молзам околу 60/ 70 мл и не знам дали му е доволно. Консултантката ми вели дека е, исто и педијатарот. Мене ме мачи кога ќе се зголеми количината на млеко. Иначе молзам после секој подој
Знам дека е многу индивидуално и пумпата не е мерило за количеството на млеко, меѓутоа колку сте молзеле на 7/8 ма недела? Јас не мрдам од 70 мл. Сабајле преспавме со синко и градите ми беа камен, измолзев 100мл, ама само во такви случаи ми излегува толку. Не пие он повеќе од тоа… иначе се измолзувам после секој подој, пијам чаеви и суплементи. Како да знам дека му е доволно? Кажав погоре дека уште немаме фатено идеале.ред со цицањето и после секој подој мораме да му даваме мое измолзено 45 мл или дохрана (ако немам измолзено)- по препорака на педијатар бидејќи со цицање не качуваше килажа- заспиваше и сл. После една недела на овој на чин качи 140 гр. Некој да сподели искуство?
Мене ми заспиваше исто од жолтицата ама го штипкав го расоблекував и си цицаше. За недела и пол ја врати родилнатс, наредната 140 после 250 грама и сегс последмо 350. Број пелени ако имаш 6 7 добро е исто и на вагата како ќе каже. Викат не може пумпа да извлече како бебе. Јас имам рачна, ми надојде млеко у болница и морав дс се одмолзувам. Прво се молзев ама уште повеќе млеко доаѓс а синко се засркнува. А сакам да се измолзувам за ако одам некаде да има дома млеко.
Прво дете ти е? Сигурно сите сме поминале низ истото. Само треба време и се ќе се среди. Секако дека ќе бидеш преморена, ама поважно е да си опуштена. Пробај да ги научиш сигнали кои ги дава бебе кога е гладно. Многу е мало и не може да гледаш на час,три часа се многу за неговото мало стомаче, тоа од малку се заситува, ќе се измори и ќе заспие. И штом ќе стане е веќе гладно, и почнува да вреска, ти не можеш да го наместиш во удобна положба, и се вртите во истиот круг. Ако сакаш да го доиш, пред да се разбудил и почне да плаче, ќе го забележиш дека шлапка со устата. Потоа ја врти главата лево десно, бара цице. Потоа става раце во уста. Прегладнето е. И на крај продолжува со песнаааааа. Ако почнеш да го забележуваш на првите два сигнали , веднаш намести го на града. И не гледај на час. Дали поминале 15 мин или еден час седело на града. Нека седи, ќе помине. Пробај да пуштиш бел звук или приспивни песни, и затемнете просторија. И не давај цуцла бидејќи може и од неа да се изморува и да не може да цица. Се надевам дека ти помогнав. Ти посакувам успешна доенечка приказна,
Првото скоро 3 месеци беше на молзено, па после тоа фати да цица од рдна града. Ама бев упорна. Секој ден по неколку пати го ставав на града, не цицаше, лижеше, лежеше покрај мене, и трудот ми се исплати. Пробај кога не е многу гладно. Прво дај му малку АД па потоа ставај на града. Може ќе фати. Само треба трпение и упорност. Со среќа!
Готово, фати не исцицува убаво и после секој подој му давам мое измолзено или АД- по препорака на педијатар. Само не знам дали имам доволно. Не молзам повеќе од 70 мл, он е 8 недели уште малце. Искрено не ни пие повеќе од тоа
А колку често се измолзуваше и дали успеваше да извадиш доволно? Не знам дали ќе успеам да го задржам млеково само со пумпа, се осеќам како да се губи, пошто нема никаква природна стимулација.
Не мора да значи дека ќе се изгуби, еве јас скоро 4 месеци се измолзувам, на секои 3 часа по препорака на бабицата на почетокот а сега некогаш и на 4 часа. Многу игра улога и пумпата дали е добра.
За два дена правиме два месеци ама од пред околу две недели не знам што и стана на беба од едната града многу малку цица или одбива. Пробувам почесто да ја нудам таа града и менувам положби и не сака никако да фати а претходно супер си цицаше од двете гради дури од оваа повеќе. Не знам дали има врска големината на градата и брадавицата бидејќи ми се помали на оваа града за разлика од деугата