Зависи од самото бепче. И моето толку пиеше на таа возраст, ама на 2 саати. Треба да полни пелени, и нормално мерење ќе покаже.
Колку што памтам на 2 саати се молзев. Прво од една града, па по 2 саати од друга града, и давав пресбо молзено. Имав много млеко, дури и фрлав. Секој ден доручек овесна каша ми беше, и уште ми е. Дали е до тоa, не знам. Едит: Не губи надеж, моја блиска израсна близнаци со молзено.
Не си фрлај млеко. Замрзнувај. Ќе си го користиш понатаму, ако немаш или за каши. Златно е мајчиното млеко, не фрлај.
Devojki prodavam pumpa na medela Iskoristena tri pati 6000 den MEDELA SWING FLEX Electric 2-Phase breast pump
Само упорност за двете гради. Пробајте прво дури е успиено навечер да ја нудите помалку омилената града и ќес е навикни. Јас така ја вратив за од двете да цица. Сега немам проблем со тоа. Вчера вечер ја оставивме дома за успивање со свеки и и реков да и даде ад. На прсти се брое колку паѕи имам дадено, само во вакви моменти коха не сум тука. Некогаш морам.. Се загрижив кога ми кажа дека едвај испила 30мл го туркала шишето од уста.Ми е страв дека нејќи шише воопшто. Што ќе правам ако морам да давам од шише,еве вака кога не сум дома..
И ја нудам и преку ден и навечер повеќе десната града. Се измолзев и пробав со шише и јас ама ич не сакаше го плукаше, исто и чајче бекутан пробав ни тоа не пие. Откако ми дојде млеко не прифаќа ниту шише ниту цуцла.
Еднаш во денот или во два дена давај од шише, само колку да го задржиш шишето за резерва. Со првото дете така се зафркнав и нигде не можев да мрднам, сега со второто обавезно одмолзувам и еден оброк и е од шише.
Бебе ми е четири недели. На доење е, полни пелени, на две контроли до сега има качено тежина, сега пак сме на контрола неделава ама секој ден има период, обично навечер или попладне кај што постојано е на града и никако не се смирува, ќе заспие ќе го легнам во креветче ќе се разбуди и бара да цица и се така со саати. Се мислам дека не му е доволно и дека е гладен зошто првите неколку дена откако си дојдовме дома му давав формула 30мл еднаш на ден кога не се смируваше и со тоа одма ќе смиреше. Се мислам дека немам доволно млеко Има некој со слично искуство, ве молам за совет
Мене на оваа ситуација ми личи. Штом качува килажа, имаш доволно млеко. А и најдобар создавач на млеко си е бебе што цица.
@Dreamer и јас отприлика тој период се плашев бидејќи знаеше да биде плачлив, за да се осигурам купив АД, но за џабе го купив, малиот не го сакаше. Па како што е објаснеѕо погоре, го ставав почесто на града и повеќе течности пиев.
Witching hour, сосема нормално. Ако ти е мисла пробај да дадеш адаптирано, ама мислам дека џабе ќе си ги дадеш парите. Првите денови може навистина не била воспоставена лактација и си немала млеко, после 4 недели поверојатно ми е дека само му е тој период на бебето. Нека цица за смирување само, за некоја недела би требало да прекине. За првото дете не се сеќавам до кога правеше така, ама еве на второто скоро прекина, сега е 2мес и 10дена.
Јас да се пожалам и да побарам совет. Бебе 4+ . Родено 3.760кг На 1м 5кг. На 40дена 5.250 (на 2м не е мерен ама дома околу 5.8кг јас го мерев) На 3м 6.200 На 4м 6.500 На доење сме. Зошто волку малку напредува? Цицаше до скоро на 2 часа одприлика, и ноќ и ден. Сега пред некој ден почна на 3-3,5 часа, а ноќе некогаш и повеќе часови врзува без цицање. Педијатар ни кажа со вкусови да почнеме, чекам понеделник втора доза вакцини да пројдеме па да почнам со тоа. Иако тоа една лажичка во ден нема да го збумбари сигурно. За Ад прашав, рече не. Мислата ми е да не губам млеко. Или па да ми е толку нехранливо? Знам сум читала дека не постои "слабо" млеко, ама не знам што е ова. Пијам чаеви за доење по х3 на ден. Плус згора на се, од петокот со зелена кака. Ќе правам крвна слика обавезно пред вакцина да не е вироза, иако вака е супер расположен фала богу. Но постариве ми викаат дека може да е гладен па затоа таква боја. Еве од ноќеска 4х по малку зелена столица. Совет? Ептен го мислам. Прееска го мерев со мене на вага, иста тежина од пред 10дена
Малата е стара 2 дена. Вчера и завчера само на мене беше, ама денес само спие и два пати ќе тргне на градата и одма заспива. Ми изгледа ко да не е најадена. До сега не и имам дадено никаква дохрана.
Ако вели педијатар дека е добро, не грижи се, бебе добро напредува. Треба на 6 месеци да ја дуплира родилната килажа, кај вас веќе е достигната. Ќе качува се помалку, бидејќи ќе почне да се превртува и да троши, нема да лежи само како до сега. Можеби е во некој скок, и затоа одбива цице. Или едноставно влече повеќе од претходно и затоа цица помалку време и на поголемо растојание.