Мајки помош Изедов јагоди и после случајно слушнав дека не требало тоа да се јаде додека дојам. Бебето ми е 1 месец. Имам грижа на совест што може да му биде
Се породив на 11август, бебе цица 9месеци, освен грав, грашок, леќа, зелка манџа се друго јадев нормално. И млеко не пиев бидејќу му сметаше на бебе и ден денес му смета чисто млеко ако се напијам, повраќа обилно цел ден. Се друго сум јадела најнормално, до денеска од ништо што јас јадев бебе не покажало алергија. Ке видите кога ке почнете со немлечна исхрана дека се повеќе се практикува алергените побрзо да се воведат во исхрана. Од 6-7 јагоди вие што ке изедете на бебо ништо нема да му биде верувајте.
Devojki prodavam pumpa na medela Iskoristena tri pati Dve inki 24 mm i 21 mm MEDELA SWING FLEX Electric 2-Phase breast pump
Прва менструација после 1 година Дали ви се вратило количински млекото откако ви завршила менструацијата? Забележав изминативе 5 дена ептен се намали и денес добив..
И со првото и со второто добив менс на нецели 3 месеци после породување. Првото го доев скоро до 2 год а второто има 7 мес, сакам да кажам дека количината на млеко си остана според побарувачката. Само може во тие денови пред добивање и дури трае циклусот да одбива да цица бебето, наводно и вкусот бил поразличен, ама неколку дена само трае тоа. Значи ќе се среди, не се грижи.
Здраво мајки, Знам дека е индивидуална одлука но сепак ќе прашам за искуство. До кога ги доите вашите бебиња? Ќерка ми има 11 месеци, екслузивно доење. Полека почнувам да размислувам за темата престанување, сакам да биде полека и да не биде нагло. Чисто искуство до кога најчесто ги доите? Некаде читав дека не се препорачува одбивање во лето, дали е точно?
Kako i koga prestanuva mlekoto? Ne dojam ni molzam veke 2.5 meseci a gradite mi se polnat na 3 4 dena pa stiskam seuste ima mleko a so pumpa niss ne vadam.
Првото го доев 21месец, од година натаму почна сама да цица само наутро и навечер, по некое време и утринскиот подој почна да го скока и си јадеше појадок директно. Па неколку месеци теравме само со вечерен подој пред спиење. Во нашиот случај таа сама си диктираше и си намалуваше подои. Со оваа беба ќе видиме, рано ни е.
Здраво Некоја да сподели искуство дали имала тврди гради после порагај со царски , со рачна пумпа се испупувам нема многу млеко
Нормално е да имаш тврди гради после пораѓај. Тоа значи дека надоаѓа млекото. Нема да извадиш ништо со пумпата,засега.Може 30мл и тоа е тоа на почеток.. Дете на града ставање почесто и ќе си дојди млекото. После 2 недели ќе ти омекнат градите. И тоа не е недостаток на млеко.
Јас ги имам Неса и Елиа. Неса е поевтина 3800 и е помала, се полни на ц полнач и прелесна е за користење, ја земав од другарка. Има три подесувања- масажа, молзење и молзење со масажа. Елиа ја купив и има многу повеќе опции, поудобна е во молзење- не боли толку, меѓутоа е целосно поголема. Таа е 5400. Идто вадат млеко, само Елиа е малце поудобна, помалку ме боли со неа и влече повеќе- батеријата е плус посилна
А кога би биле иста температура за да ги смешам, на пример? Јас се молзам после секој подој и некогаш молзам 20 мл, некогаш 50… не знам на кој начин да складирам
Не ми треба за молзење секој ден, сега за сега сме супер усогласени со бебе си цица и немам проблем со млекото да треба да се измолзувам секој ден. Кога си дојдовме дома само качив температура и ми се направија неколку грутчиња дека имаше жолтица и беше поспано не му се цицаше баш. Ми треба пумпа ако треба да излезам да завршам некоја работа да се измолзам да оставам дома да не ми е се во брзање. Мислам некоја од овие на kikka boo ќе ми врши работа.
Здраво да препорачате некоја книга/или каде сте се информирале во врска со доењето? Прво бебе ќе ми биде па сакам да се информирам на оваа тема бидејќи ништо не знам страв ме фаќа дали ќе боли и како ке биде