Доење со љубов на инста, Наташа е премила. Имаше бесплатна работилница јас мнооогу научив таму, првиот ден ми беше ужас пост царски, цицање сè ме болеше, спремна бев да не дојам. Си го отворив тоа од предавањето го препрочитав, применив совети и супер беше веќе следниот ден
Нема да боли, ако боли нешто не е во ред. И јас ја препорачувам Наташа од доење со љубов. Јас и го земав курсот, на крај има интерактивна работилница на зоом се приклучува и ги одговара сите прашања, како што ти кажале, премила е, само пофални зборови за неа имам, еве со второво си ја исполнив желбата да е само на доење, и тоа е заради тоа што применив се што ми кажа Наташа.
https://www.e-lactancia.org/ Еве овде впиши и ќе си видиш дали е безбедно. Прополис без алкохол мене ми помага
Дали има некоја скоро породена во Ремедика да сподели искуство во однос на пристапот на персоналот при доење? Дали го носат и оставаат бебето гладно? Дали даваат насоки и подршка?
Зависи можеби како си породена, јас што слушав вака на тие што беа природно им ги носеа цело време и си ги доеја бебињата, мене исто ми го носеа, но кога ми надојде млеко (бев со царски) тогаш јас им нагласував да не го ранат. Инаку да, наранет ми го носеа претходно, ама цело време беше со мене. Барај ја сестра Мими, она беше многу посветена- генерално сите се, ама она ми остави највеќе впечаток
Да, зависно кога ќе надојде млеко и колку сакаш да соработуваш со нив ни ги носат често да е со тебе во соба. Ти даваат и помош ако ти треба
Јас се породив пред скоро месец во Ремедика, природно. Секогаш бебето најадено го носат, па пробуваат фат на града и цицање. Некои сестри се многу трпеливи и знаат да објаснат, некои не се. Како се дои, позиции и удобност нема да научиш таму. Прв момент кога ќе осетиш тешки и болни гради, викни ги, кажи им да ти го донесат гладен, па после ако има потреба они ќе му дадат дохрана, битно е и за тебе да не ги оставаш полни градите и да си се учите. Со лесно!
А има некоја мајка што се има породено во Систина да сподели искуство? Ви обрнале внимание за доење, позиции и слично?
Мајки со поголеми гради, во кои позиции ги доите бебињата? Јас освен во топка позиција со перница не можам на ниеден др начин- да сакам да излезам да дојам надвор не знам како. Помагајте, кажете совет?
Да, многу беа посветени сите сестри што ми се паднаа да дојдат пробуваа да ми помогнат вистински, и многу ми значеше. И патронажната дома што дојде многу беше од корист и за доењето.
Здраво, се придружувам во оваа тема. Имам новороденче и сме на доење. Може ли некој совет како да го наместам да ждригне зошто многу лакомо цица имам многу млеко и кога ќе заврши со цицање многу бљуцка
Sovet od mene, instaliraj titkok, i vpisi vo search How to burp a baby. Bilion videa ima, jas za se nesto na pocetokot kako, tuka gledav. Mojov retko zdrigase, ne na sekoj podoj. I da zdrignel nekad, pak bljuckal i obratno. Ne e strasno, toa e visok.
Бебе е веќе 7 месеци, ждригнал/ не ждригнал, уште си бљуцка после секој подој, со исклучок навечер. Исто, многу лакомо цица.
Исто како на перницата, само бебе легнато на моите нозе. Со една рака ја придржувам главата малце да му е дигната од хоризонтала, со другата рака си ја држам градата во позиција, откако ќе фати само со еден или два прста држам кај носот за да градата не му го покрие, да може да дише. Малце позгрбавена сум од што би сакала, ама за еднаш се издржува. Дома ми е најзгодно легната на кревет да дојам, ама за надвор само вака можам.
Кај нас еденствено ефикасно се покажа на рамо пробај така на почеток е шубе дека виси некако ама нека ти припомогне некој после немаш гајле. И пробувај на 5 10мин цицање да го кренеш да ждригне
На рамо, ама со неговите рачиња исто потпрени на рамото да му дојдат високо, одма ќе ждригне. Ама тоа не ти е гаранција дека нема да бљуцка. Првото дете бљуцкаше додека не почнавме со цврста храна, второто сега знае и 2 саата после цицање да бљуцне од нигде никаде. Ждригнат или не, никаква разлика не прави. Убаво е да ждригне, дека притисокот им прави да им е непријатно на стомакот, ама пак може да се бљуцка и ништо страшно не е тоа.