А ако не го искористам млекото може повторно да го вратам во фрижидер иако прво било во фриж па на отворено два саати.
Не, го фрлаш. Тррба да биде испиено во тие 4 часа. Е сега не знам дали е безбедно да се замрзне, мислам не. Нека одговори и друг
Измолзи се малку, премногу е мало бебето за да има сила да влече. Брадавиците извлечи ги да се познаваат, намачкај ги со твое млекце за да знае што да прави. Пробај различни положби. Пробај лежејќи на страна.
Брадавиците извлечени ми се, се измолзив пак и пробав да стискам напред кај ареолата за да почне полесно млек да му излегува. Фала ти
Ти посакувам да си имаш успешна доенечка приказна. Многу е тешко и болно на почеток, после се навикнуваат брадавиците, а и бебето добива сила. Првите недели сто пати се откажував, еве ме дојам 22 месеца. Само упорност мама! Многу полесно е доењето, отколку ад. Штом имаш млеко само упорно.
Еднаш стоплено не се лади пак. Значи можеш од обичен фрижидер да го преместиш во замрзнувач, ама ако е извадено од фрижидер назад не се враќа.
Листови од зелка да ставаш за да омекнат градите и масажа под топол туш пред да цица бебето. Се уште е мало и нема сила, можеш да се измолзеш кратко пред подој па да му дадеш да цица. Силиконски брадавици не користи, тие само ќе ти одмогнат во оваа фаза. Исто рака можеш да пиеш и лецитин, тоа помага за да омекнат градите и млекото за да може бебето да повлече.
Првата контрола ја направивме во болницата кај што се породив, втората контрола ја направивме кај педијатарот што го одбравме за матичен. И двете беа со став дека моето млеко е најдобро за него и да не воведуваме ад бидејќи имам млеко многу, син ми сеуште има жолтица, поспан е ама почнал да качува килажа па да му дадеме шанса да си добие повеќе сила и да си цица. Следна недела пак на контрола па да видиме колку качил, ако качил доволно остануваме само на мајчино.
Немој со сила да влечеш со пумпата, само ќе си разраниш брадавици. Молзи и со рака, масирај, комбинација пумпа, бебе на гради. Каналите сеуште не ти се сите опуштени. Кога ќе пуштат, со пумпа ќе се извлекува од сите млекото. А сега искача само од некои канали со пумпата. Затоа обавезно масирај и се во спат комбинирај....
Мајки, 3ти месец после породување, само на доење е, денес добив менструација. Си продолжувам регулар со доење како ништо да не се десило?
Да. Со двете деца добив на 3 месеца првпат. Второво дете дури и одбиваше да цица 3-4 дена. И првото ми правеше проблем, ама не до волку. После тие неколку дена, си тера по старо. Не видов некоја разлика во количина на млеко, иако викаат дека е можно да се намали, ама очигледно имаше некоја разлика во вкус според тоа како бебето се однесуваше.
Јас си го имав истиот проблем кога се породив пред месец дена, поготово бидејќи бев на антибиотици и бебо не смееше ми да цица првите 4 дена, не можев ни да лежам од тоа колу ме болеа градите си плачев од болки дури. Со оглед на тоа што бевме цела недела во болница задржани и немав многу опции за како да си помогнам (не можев зелки да ставам ниту пак имав начин како да згреам топли облоги) се спасив со по жежок туш на градите неколку минути и пумпање на секои 2-3 часа по 15 мин од града (и јас имам на kika boo пумпа). Не се обесхрабрувај ако не вадиш многу, јас вадев по 40ml и мислејќи дека не ми ја бива пумпата ја побарав таа од болница Philips Avent демек подобра, исто извадив и со нејзе. Не знам дали се исти мод-овите како на Serenity пумпата ама јас ја ставав првите 5 мин на масажа мод и наредните 10 на пумпање. За ден ипол многу ми се смириа и после тоа почна и бебо да си цица па за брзо време он ги направи меки перничиња за спиење Трпение само и со лесно
Колку време треба да цица бебче од една града за да дојде до калоричното млекце или нема некое правило? Како ги доите вие и колку време? Во еден подој и двете гради или едната?
Никогаш не гледав на саат, за мене тоа е нелогично. Секое бебенце има различно темпо на цицање. Дур беше помал давав од едната града на подој, а следниот го почнував од таа кај што цицал претходно, па продолжуваше на другата. Ќе ја осетиш градата празна, значи бебето стигнало до масното млекце. Со тек на време ќе се воспостави и лактација и ќе произведуваш толку колку што му треба.
Скроз те разбирам и се слагам, меѓутоа кај мене беше друго. Бебо ми се роди 2800 и цело време го држев на града- нели ради лактација, му давав стално кога ќе плачеше и ич не ми напредуваше- по 100 гр на недела. После тоа педијатарот ми рече на 2/2,30 часа, 15 мин од града на секој подој, не повеќе од 40 мин вкупно. Така повеќе ми напредна. И мојов не цица поспан, едноставно спие. Се чудам како некои бебиња се скроз различни од другите
Мене ми се намали количина, ама вака гледам не плале после подој, има полни пелени па не паничам. Веројатно само овие денови...