Ja osekam gradata , meka e prazna koga kje stisnam nema ni kapka . Ova e dobra rabota ne sum ja znaela , mozhe da se isproba , fala ti
Моите гради цело време се меки, треба многу време да поминат за да се стврднат. И едвај некоја капка извлекувам кога ги стискам и еве веќе 2 години дојам.
Може да ми кажите искуства ако се сеќавате. Тие што се молзеле.. Колку млеко молзевте после 7 дена после пораѓај? Јас од една града 30мл макссс, од другата уште 20/25мл.. Некогаш од едната 30мл од другата 10мл.. Преку ден е океј само од молзено е и си спие 4 саати, ноќе му давам Новалак 60мл и спие точно 3 саати. Денес првпат фати директно од града и цицаше 5/10 минути и заспа.. Се надевам ноќва ќе ја поминиме само на града без да треба да правам храни во ниедно време...
Толку вадев и јас а некогаш и помалце. Но не е воопшто показател за колку имаш реално млеко бидејќи бебето знае и многу повеќе да исцица од пумпа.
Дали е можно, вчера одручекта јадев расол манџа и денес бебево два пати се покака течно, и јас исто така.
Здраво мајки Се породив спонтано пред некој ден, бебето е супер, но после породувањето настана некое внатрешно крварење. Трет ден сум на интензивно оделение, на два пати по 5 мин го видов бебето. Нема абер од млеко а и да има не би му го дале заради лековите што ги испримав деновиве. Од утре ќе сум во соба па ќе го гледам почесто. Исто така можно е да примам клексани во наредните денови. Дали има шанси во наредните денови да надојде млеко и евентуално да почнеме со доење? Дали некој има слично искуство?
Не знам што како смее во врска со лекарствата, но сакав да предложам да се снабдиш со пумпа за да стимулираш овие денови доколку не смееш да доиш. И да надојде млеко, ќе ти олесни да ги празниш градите, а воедно и ќе одржуваш лактација за кога ќе можеш да почнеш со доење. Со лесно, ти посакувам брзо опоравување
Ме прегледаа и меки ми се градите, само неколку капки истекоа и ми кажаа нема поента сега да ме масираат и молзат. Да сме почекале до утре кога ќе сум со бебе.Се надевам дека уште пола ден нема да направи голема разлика...
Честитки мајка, млекото ќе дојде без грижи, безразлика што бебето е кратко со тебе овие денови откако ќе може да го носат секое носење упорно ставање на града, млекото буквално и преку ноќ доаѓа. Ако почувствуваш некое пецкање да знаеш тоа е тоа. Само ставај бебе на града и упорно. Ако нема сила да влече, прво на града ставај го дур може а после можеш и кратко стимулација со пумпа. Со лесно
zdravo 2 ned sme go dojam ama celo vreme e na grada spie i cica ke go trgnam place imame 5 6 peleni polni neznam dalie. gladen ili
Здраво мајки, бебе е 5 дена на екслузивно доење. Ми доаѓа многу млеко, додека не цица се одмолзувам бидејќи градите ми се прават камен. Е сега на туширање на едната пазува приметив како топче, меко е на допир и не боли. Искрено се уплашив. Можно ли е да е од жлездите сега ради доењето? Некоја мајка со слично/исто искуство? Чисто да се смирам да можам да заспијам а утре одам кај матичната..
Здраво мамички, моето бебе е еден месец и го хранам комбинирано, дохрана и се измолзувам па му давам со шишенце бидејќи по 4 5 дена по породувањето ми се вовлекоа пупките и бебето веќе не сакаше да фати. Е сега неколку дена пробувам пак да го вратам на цицка но ќе фати ќе поцица 10 секунди и тоа е тоа се трга и плаче, а млеко имам нон стоп проверувам дури денеска кога се фати за цицка почна и да шприца но ете тој не сака. Дали имате некаков совет, искуство од некоја мајка која успеала да го врати на цицање своето мало бебенце?
Искрено, пробав еднаш уште на почетокот и не сакаше воопшто ни да повлече и од тогаш немам пробано. Сега ги извлекувам со пумпата и тогаш му давам
Дали некоја мама доела близнаци. И како успеала ? Млеко имам за извоз но имам две мрзи што сакаат повеќе шише со мое млеко џоцаат не дека не но двете цо исто време е хорор да се нацицаар саглам. .
Ние сме 3 недели и овие денови веќе ми станаа меки меки памук... патем почнаа и грчеви навечер од кај 7 саат .. и неќе да цица сега ај реков ке се молзам едвај 20 мл .. ла едвај испи си играше со цуцето ... н дали е гладен дали незнае да пие па така испадна
Здраво мајки ај помош за тие што не можат да добијат сеуште млеко а ги пуштаат од болница, како продолживте да го храните, кога добивте млеко, колку најдолго се чека да дојде млеко.Јас 2 дена како сум породена но абер немам од млеко го ставам постојано бебето влече но ништо ни капка, и докторките ме проверуваа велат сеуште немаш. Инаку породена сум со индукција и потоа провокации со инфузија. Постелката не ми излегуваше па не знам како ми ја вадеа на л го рекоа тој процес но заборавив, под анестезија бев. И целиот процес од добивање болки отварање, пукање на воденикот одеше вештачки ништо не добив природно. Можеби затоа немам сеуште млеко.
Нема врска тоа со идењето млеко. И јас сум породена со провокации и плус епидурал примив. Млеко ми дојде на вториот ден. Масажи на градите прави, топли облоги ставај да се опуштат каналите. И бебе што повеќе на града. Тоа е мој совет. И ќе си надојде. И ако даваш дохрана давај на лажиче, не го навикнувај на шише.
Можеш тоа и под туш топол и одма и масажи. Инаку да топло да ставаш на гради, јас и со термофор ги греев, ама кај мене беше друг проблем имав многу грутки од многу млеко. Така да тоа јас знам дека топлото ги отвара каналите да има подобар проток на млеко. Си бара многу упорност за успешно доење. На почеток е тешко ама после е убавина. А бебето ти е најдобар стимулатор за да надојде и да се произведува млеко точно колку за неговите потреби