1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. defocus

    defocus Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Морам да споделам спротивно.
    Моето искуство со силиконска е препозитивно иако добивав вакви коментари. Ниту рагади воопшто ми се направија, бебе немаше сила и со силиконска полесно влечеше. Дизајнирани се точно како градата, не е нешто ново туку спас за жени со години, да не беа тие можеби немаше да дојам. Одвикнувањето беше прелесно, нема вечно така да цица, кога порасна и имаше убав фат природно дојде, некаде на вториот месец. Тешко е ако оди форсирано под притисок на околината затоа не ти препорачувам да зборуваш многу за нив, ќе ви дојде време само по себе.

    Ништо страшно не е, само помагало за подобар фат и различна форма на брадавици.

    Ги попарував со врела вода, а за течењето млеко ќе се навикнеш како убаво да ги залепиш, па сега капки плус или истечено голема работа се брише со палома или влажна, ако така е подобро за вас.
     
    На .baby.love., Ceneva и Bella Nella им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.407
    Допаѓања:
    38.635
    Пол:
    Женски
    Втората ќерка воопшто не сакаше да цица. Не силиконски брадавици, не положба, не одмолзување пред подој. Ништо не помогна, едноставно не сакаше и толку. Имав млеко на претек ама џабе беше
     
  3. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.699
    Допаѓања:
    5.513
    Пол:
    Женски
    Не знам дали оди по други градови, може да и се јавиш да се консултиташ, за во Скопје сум сигурна само.
    Иначе 1200 ден. наплаќа од доаѓање.
     
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.699
    Допаѓања:
    5.513
    Пол:
    Женски
    Првото дете кај нас исто не сакаше, некои си 2 недели се збудалевме, за да го научиме, ама бевме упорни и се научи. Секое дете е различно секако.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    680
    Пол:
    Женски
    Драго ми е што си имала убаво искуство. Се слагам за заштитата на брадавиците, меѓутоа треба да се сложиме дека многу е огромен процентот на жени што имале поголеми проблеми ради користење на истите. Градите кај секоја се различни и не одговара баш како што кажуваш. Јас пробав и на медела и на филипс, и двете ми се одлепуваа кога ќе имаше отпуск на млеко- ни паломи ни тоалетни не помагаат. И извини зошто да не би зборувала? Ако ти си имала убаво искуство, минимум 5/ 6 блиски мои имале прелошо искуство (вклучувајќи ме и мене) со нив и откажување од истите. Не си свесна колкав број на жени ги ангажираат консултанткиве само ради откажување на силиконските и незнаењето да се справат со доење без нив.
    Мојата теза беше дека е сулудо да те тераат од болница и да нормализираат доење со силиконски наспроти гола града и вистински фат. И сигурно не можеш да ми кажеш дека ако си излезена и ако некаде треба да доиш, похигиенски и полесно е да лепиш силилонска, па да доиш него ли директно да се залепи бебо, мислам реални да сме. Башка бебето треба да доаѓа во допир со кожата и патогените од мајката- не ни сакам да дискутирам за придобивките и сл. бидејќи сите ги знаеме и не треба да се надмудруваме.
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    Што се прелошите искуства ме интересира од толку многу луѓе?

    Користев за првото користам сега и за второто од причина што ми е рамна брадавицата, никогаш не сум слушнала за лоши искуства од користење силиконски брадавици, те молам напиши некои од искуствата.
     
  7. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    Која храна сметате и е препорачливо да се избегнува за време на доење?

    Цреши ми кажаа последно, а цреши ми се омилени …
     
  8. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    7.656
    Пол:
    Женски
    https://www.google.com/amp/s/parent...ts-to-eat-and-avoid-during-breastfeeding/?amp

    Пишува дека создаваат гасови (јас појма немав ќе кажев ради алерген што се дека треба да се одбегнуваат) па ако бебето е ептен мало добро е да ги одбегнуваш, греота е да се корне од плачење, сепак 1 сезона ако се "жртвуваш" од јадење омилена храна нема многу да ти смени а него ќе му олесни. Јас не јадам грав,леќа, брокула,кромид,лук.. мада 5ипол е па полека вклучувам кромид варен или пржен од нив нема мака, цитруси препорачуваат да се одбегнува јас по грешка еднаш испив изумив скроз, не му направи мака. Грашокот исто, но на моево не му смета, сè зависи и до бебчо ако општо не е толку осетливо на меше, пробај со мала количина како ќе реагира
     
    На Bella Nella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    680
    Пол:
    Женски
    Па мислам голем дел ти набројав погоре, плус бебе не ја фаќа (лапа) целосно градата како без силиконски и не може да извлече млеко правилно, а со тоа не те доцицува и може да ти се намали млекото или да ти се направи мастит- поради неправилното празнење на градите. Ако видиш цица површно со устето (напред назад). Ти си еден од исклучоците и те разбирам и се радувам што барем бебе ти цица- вака или онака, ама верувај ти си исклучокот. Не можеш да ми кажеш дека се лесни за употреба, колку и да сакаш не може да ти бидат стерилизирани, се одлепуваат и протекуваат, и плус тече од устето на бебето бидејќи не може целосен вакум да направи. Супер се за период кога жена има рагади од неправилно цицање, или пак има рамни брадавици, ама за поголем процент не е правилно. Со консултантката за доење тоа зборував. Глава не можат да кренат од силиконските бидејќи бебиња многу се навикнуваат- вклучително и моево. Тоа беа борби додека да се навикне на кожа. Пак ќе кажам. Мојата теза е дека е СУЛУДО да те учат од болница (како мене) и да те убедуваат дека треба со силиконски- онаму каде не е потребно, се разбира.

    едит: одговарам на двете @defocus @Bella Nella
     
  10. defocus

    defocus Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Ничие искуство не е правилно и не го негира другото. Споделив во случај некој со истиот проблем или со не извлечени брадавици да не се обесхрабри. Мене ми беа практични и не ми беше тешко користењето, за надвор менував една па друга ако нема услови да се исчистат, ама никогаш не се случи да сум толку долго без услови за миење и двете да се искористени.

    Нит мастит нит бебе не се доцицуваше напротив супер напредуваше и немав потреба од дохрана.

    Јас сум многу благодарна за ова, секој со своја конструкција и тело, не можам да ја разберам стигмата ако на некоја мајка и помага. Нека проба, да си види сама, ако не и одговара ок, ако и помогне пак ок.
     
    На Luminary, .baby.love. и Ceneva им се допаѓа ова.
  11. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    680
    Пол:
    Женски
    Точно така, секој со различно искуство тоа го реков и јас. Битно бебо цица, кај мене дури се поднамали млекото зошто не влечеше правилно
     
    На defocus му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    За такви како мене со рамни брадавици што сакаат да го дојат бебето се повеќе од одлични и потребни, среќна што постојат.

    Доколку немав потреба не би ги користела само заради стерилизирањето, иако имам 4 сепак ме заморува.

    Други причини немам искрено, првото си напредуваше повеќе од одлично што значи супер количина си исцицуваше, сега и ова, другите недостатоци кои ги пиша ги немам искрено, не ми протекло ниту еднаш, знае да остане внатре малку млекце доколку беба заспие и толку.

    Сметам дека се потреба, и дека доколу во болница пробуваат да убедат некој кој нема потреба ќе препознае дека може без нив и нема да ги користи.

    Ти од која причина ги користеше, извини ако има пишано наназад а не сум прочитала, и сеа ако сфатив добро сте без нив така?
     
    На .baby.love. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    За овие набројаните и јас не ги јадам општо познати се, за црешки не знаев ни за првото, ќе почекаат до следна сезона.

    Си зависи и од бебето дефинитивно, другарка на крај само тестенини се хранеше а бебе пак имаше грчеви.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    680
    Пол:
    Женски
    Се слагам и јас со ова… и консултантката ми советуваше да си јадам сѐ… е сега не јадам грав и зелка на пр, тоа припазувам…
     
    На Bella Nella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    680
    Пол:
    Женски
    Ги користев дека бебето ми беше со потфатено јазиче (после го сецнавме) и плус дека ми е поситен и не можеше убаво да потфати мојата, ама после 2/3 недели потпорасна и не беше проблем… али затоа откажувањето без силиконски беше страшно…
     
    На Bella Nella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    6.669
    Пол:
    Женски
    Јас и со првото и сега се јадам.
    Првото имаше грчеви од 40 дена до 2 месеци и толку. И тоа минимални од 4 до 7 попладне. Ова мало е уште ама баш прееска јадев брокула еве го спие цело време после брокулата.
    Мислам дека нема врска јадењето и дека од бебето зависи. На другарка малиот прво беше на молзено мајчино, па на АД после 2 месеци, значи детето имаше грчеви од 10 дена до 4 ипол месеци.
     
    На Bella Nella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    7.099
    Пол:
    Женски
    Силиконски брадавици.... Има и добри и лоши искуства. На кој како му се погодило, и какво си е самото дете.
    И јас пишав скоро дека имав супер искуство. Имав два пара брадавици на нук. Никогаш не ми претече и не ми се одлепи. Три месеца цицаше синко со нив и супер напредуваше. Ги тргнав без проблем и тоа во скок кога беше.
    Многу е полесно и поубаво без нив тоа е факт. Ама реално ми помогнаа многу кога имав мака со регади и крвишта да не речам.
    А тоа што толку се форсира консултанти за доење, како порано да е имало такво нешто, а реално многу повеќе доеле порано нашите баби мајки од сега. Не секој може да плати консултација.
    Јас наидов на многу препреки, ама си бев упорна и си го следев својот инстинкт како мајка. И го пратев детето. И многу читав, сама се едуцирав да не речам.
    Се обратив на консултант во еден момент, ако ја послушав инфекцијата на ушите кај моето дете кој знае во каква насока ќе појдеше.
    Не се секогаш и тие во право.
    Убаво што има убави искуства,ама да знаете исто како и за силиконските има и лоши искуства и со консултантите.
    Пак ќе кажам верувајте си повеќе на себе како мајки и на својот инстинкт. Сепак никој не го познава повеќе вашето тело и вашето бебе од вас самите.
     
    На Fenix05 и .baby.love. им се допаѓа ова.
  18. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    680
    Пол:
    Женски
    Имено. Меѓутоа муабетот за консултанткиве испадна за тоа како ситуациите со силиконските им се најчестите проблеми на кои одат да помогнат да се решат и да се одвикнат бебињата така да цицаат. Не се они најпаметни или семоќни. Секој треба да си ја следи ситуацијата со бебето…
     
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    7.099
    Пол:
    Женски
    Не се, да. Инаку јас се само надоврзав за тоа што се дискутира.
    Само се прашувам така подсвесно зошто ако толку сакале да помогнат, не останале по болниците и да се борат за подобра едукација дирекно од родилише?
    Можеби многу од вас имаат убаво искуство со нив, што и треба веќе кога даваш пари. Што кај мене не беше случај. Повеќе ми помогна не платен совет од наташа доење со љубов да бидам искрена и ќе и бидам благодарна на тоа ме насочи во прав правец. Сепак има и луѓе и меѓу нив. Да не ѓи ставам ете сите во ист кош
     
  20. Oxsana

    Oxsana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Девојки еве 3 дена како пупката на левата града ми е расцветана така една хоризонтална линија и баш длабока ми е и многу ме боли и кога цица и кога не цица болки не видени. Сакав да прашам да не и давам да цица дали ќе заздрави брзо, а од друга страна па ми е страв немој после да не ја сака. Едвај се навикнавме да цицаме немам уште млеко се цеди така по некоја капка, ама таа седи на града го цица тоа што и тече.