3 месеци бебе нА активно доење сме до сега супер се. Ме интересира сега дека поголемкио е ,сигурно повеќе млеко му треба бидејки расте, а некаде прочитав дека лактацијата се воспоставувавува и својот максимум го достигнува во првиот месец после има стандардна количина на млеко. Се плашам да не му биде малку во иднина или да не снимам . А до сега се е ок. Совети?
Мајчино млеко не се зголемува количински со возраст, туку менува состав. Ќерка ми пиеше по 90-100мл и на 3 мес и на 11 мес пред да ја одбијам скроз. Синот сега е 4 мес, пие 150-180 од вториот месец навака. Знае да изненади еднаш да испие повеќе, ама толку му е просек.
Здраво, девојки јас сум новопечена мамичка, породена сум со царски рез пред 3 дена, почнавме со ставање на града и сестрите многи ми помагаат и се трудат околу доењето и јас многу многу сакам да го дојам, млеко сега почнува да линее по малку како капки големи на спавачата гледам, е сега од старт кога почнавме некако многу боли кога бебето цица, сестрите велат дека така треба дека добро ја фатило брадавицата и прави вакум ама мене ме плаши болката секогаш особено прв пат кога ќе тргне многу боли, некој совет? Мачкам од денес со пурелан..дали ако земам и силиконски брадавки ќе се намали болката?
Болка е нормално да имаш додека да се навикнеш на доењето, ама и бебе ако не фаќа убаво исто така боли, и тоа може и рани да направи. Треба бебе силно да зине, брадавицата да влезе длабоко во уста и усните да се свиени нанадвор. Ако така е правилно наместено, за некој ден ќе престане да те боли, отрпнува брадавицата.
Мене и со силиконски во почетокот ме болеше, сега скоро три недели е не ме боли. Иако со силиконски мачкав и јас балзам на медела. Болка во почетокот е нормална, ако имаш твои брадавици не ставај силиконски, секако ќе боли и ќе помине. Поради склоп на околности, болки од цицање, собирање на матка во истото време на цицање (со второ побрзо и мнооогу поболно), поради топло време, крварење, неугодност додека седиш инт, мислев дека ќе се онесвестам неколку пати но поминува за некој ден. Се ќе биде во ред.
Исто и јас мислам, раната ме боли, брадвиците болат, краврење, се ама денес еве почна да тече и млеко пресреќна сум ке издржам се
Немам убави брадавици. Бебе си фаќа убаво, ама кога треба да влече, се мачи. Левата и така и така, десната скоро и ја нема. А имам млеко, не сакам да прекине. Цуцлата ептен убаво си ја фаќа. Да земам ли силиконски и какви се најдобри?
А да пробаш да ја подизвлечеш пред цицање со пумпа или шприц овде збореа? Прво така па ако не бива да одиш на таа опција
Јас немам брадавици рамни ми се, користам на медела супер ми се, и за првото користев од истите. Доколку се мачи бебе и не успеваш земи си штом цуцла фаќа убаво и нив ќе ги фаќа.
На моево му направи страшни грчеви, а богами и смрдливи гасови димни бомби ни пушташе. Не се препорачува како и гравот
А јас веќе јадев отпосле ми текна.. што е подобро сега? Да не цица од мене денес и утре доволни се два дена? Да се измолзувам секако е на комбинирана исхрана па овие два дена да пие само ад?
Леле зошто вака? Значи јади си сѐ, ептен ако му смета, тогаш не јади. Ова ми е од консултантката. Значи све јади (еве грав и зелка не). Во Америка исто консултантите за доење препорачуваат сѐ да се јаде- разноврсна исхрана… инаку ќе биде јадење макарони само.
Мојата па немаше проблем од леќа, е грав уште не сум пробала. Најголема мака имаше од модар патлиџан ама скроз изумив дека може да има проблем од тоа заради лушпата.
Па тогаш да цица па ако има проблем ќе знам за во иднина, не знам што е паметно само не сакам да се мачи. Немам јадено грав и зелка. Исто јагоди, мед и кикирики да не му се јави алергија, вие јадете?
Не се секирај толку мила, може твоето нема ни да реагира на леќата. Ако видиш дека се мачи ќе дадеш капки, чај,што и да даваш за грчеви и ќе знаеш за понатаму
Согласна, сѐ да јадеш па ептен ако се јави проблем тогаш немој. Јас путер од кикирики јадам неколку дена по ред, ништо не му е. Јагоди не, не сум љубител едино со палачинка хехехе
Според мене подобро да цица и да се помачи ако има проблем, отколку да го фрлаш твоето млеко и да ризикуваш да се префрлите само на АД. И ние сме на комбинирано. Јас јадам се' освен сторена зелка и досега освен од леќа немало никаков проблем. Уште првата недела од раѓање јагоди јадев не ни знаев дека можело да извади алергија и преку доење. Путер од кикиритки јадам, грав поретко, ептен ако ме застрви.
Многу боли на почетокот, мачкај масти што се безбедни и не треба да се мијат. Јас мачкав можеби цел месец цело време, а и сега мачкам одвреме-навреме во текот на денот (3 месеци има). Издржи, чувството да го раниш бебенцето со твое млеко е прекрасно, знам бидејќи давам и формула.