@WhiteCat33 и јас истиот проблем со десната брадавица го имам, многу ми помогна откако ќе се намачкам (обилно) до ланолин ставав и од тие влошките за гради исто така намачкана за да не ми се брише од маичките. Барем крварењето ми се среди, болка имам уште ама не со толкав интензитет, само на почеток додека повлече првите неколку пати
Мачкам и јас ќе пробам така и со влошките и со мачкање повеќе..боли корни незнам што да направам стварно..
На почетокот боли премногу, јас стискав заби, болеше стварно. Често ставај ланолин, кога си во можност седи и без маичка, на голо нека упива и нека ти се суви градите. Освежувај се и со ладна вода ако ги чувствуваш тешки и топли. Само упорност ако сакаш да си доиш, издржи, после ќе ти е како песна доењето. Јас 7 месеци дојам, никогаш АД не дадов, ниту шише ниту со силиконски брадавици доев, само града. Зборот ми е, биди упорна, мачно е мн на почетокот, ама ако ти е желба да си доиш, практикувај сè ова и за брзо ќе се среди.
Ти благодарам мила ми даде многу утеха дека ќе успеам и јас со доењето, ќе практикувам се. А пумпа користеше ли за измолзување?
Како ви се распоредени подоите на тие што сте тргнати на работа, 9+ месеци? Како се регулира доењето во овој период?
Нема зошто ќе успееш, штом се трудиш, ќе успееш. Користев пумпа, на филипс авент, на почетокот имав премн млеко, па морав да се измолзувам зошто малава се давеше, па ќе ослободев града па и давав да цица. Тоа додека убаво се стабилизира лактацијата. Што ти е нејасно, слободно прашувај, тука сум за помош.
Мене дека десната брадавица многу ме боли и полесно ми е бебе коа ке ја фати зашто пре болно ми е сама да ја одмолзувам неа. А нокеска цела вечер се мачевме несакаше од неа да цица и дури сабајлево повлече 5мин па да можам да ја домолзам да ми олесни.. незнам дали ќе има крај на овие болки
Немој да се секираш, ќе ти биде полесно доењето. И јас на почеток викав ако вака боли, како ли ќе дојам, ама за месец ипол два се стабилизира сè, убаво го фатив редот и сега ми е нај нормално нешто. Не знам дали со пумпа или рачно се одмолзуваш, јас рачно ич не можев, језиво ми беше, со пумпата ќе наместев на кој програм и полесно каде каде. Додека се отпушат сите каналчиња ќе си боли, ама често нека цица бебе, и често ќе се празнат градите па ќе ти биде полесно. Мачкај и ланолин обавезно. Може било поспано бебето, ако е мн мало, на почеток немаат сила да влечат, повеќе спијат. Ако нешто се мачи, помогни му со градата, убаво намести ја и ќе си цица.
4месеци е бебе, само на доење. 2 дена одбива да цица, ама екстремно. Само што ќе го наместам во положба цел комшилук не слуша. Рика без престан. Млеко имам....некој совет?
Моето искуство беше дека е заради менструација. Два дена беше ќенкав, поише плачеше од што цицаше. Кога добив уште полошо, повеќе од пола цицања му давав измолзено за да може да се најаде ко што треба. Слично искуство имав и со првото дете, само не до толку драматично. За среќа кратко трае, 3-4 дена.
Пробај однеси го во темна просторија со бел звук или lullaby music да се смири малку понишкај го па после понуди града. Или смени положба легнати на кревет
Во 4ти скок ти е. Тетра на глава или во темна соба, да не му одзема внимание ништо. Ќе потрае ова дур не пројде скокот
За утеха, денес добив втор пат после пораѓај, ништо не му е овојпат. Ама првиот пат душата ми ја извади.
И мене ќе ми биде сега втор пат по породување. Скроз иста мака имав првиот пат. Дури и тука пишував, не ми се веруваше како преживува на тоа нејадење. Се надевам и кај мене ќе биде подобро овој пат
Здраво мајки. Породена сум пред еден ден со царски. Денес ни рекоа да ги ставаме на града малите, и приметив дека од двете гради ми потекло крв, тоа го приметив во силиконската брадавица, а и од после кога се избришав оставаше крв на хартијата, на брадавицата дел е потемен и крвав. И сега ми е страв да не има повлечено крв со цицањето, што би можело лошо да се деси? Некој совет искуство?