Ништо страшно ако има крв, ако имаш рани на градите од тоа е. Не му смета на бебе, слободно проложли да доиш и пробај да го наместиш бебето за убаво да фати за да ти заздрават побрзо.
Ако сте на екслузивно доење телото веќе си знае колку и што му треба на бебето. Не се плаши воопшто, млекото цело време се адаптира на потребите на бебето, продолжи си со доење чим до сега се си е океј.
Здраво мајки ☺️ Бебушот е 5 недели , последниве две-три недели сме на доење со силиконска, бидејќи беше навикнато на шише и никако не сакаше да фати . Следно е да тргнеме силиконска. Сакам да прашам дали е нормално да цица по 1-1,5 час? Пробувавме и по 20 мин на дојка ама после тоа пак е гладно.
Според мое искуство, нормално е и што се вика цел ден на града да ти е Мој совет, не мери на саат, гледај си дали е најадено и дој си го по потреба (односно кога и да побара). Ќе си се увежба и побрзо и посилно да влече. И на нареден преглед ќе си видите како си напредувате.
Моментот дека доилка не треба да има стресови за да не ѝ прекине млекото ми прави огромен притисок. Ајде не секој ден, ама секогаш има нешто што ќе направи стрес, дали поврзано со бебето, дали најблиските нешто ќе те изнервираат, или било каква стресна ситуација. Како се справувате со тоа? Ете, како при големи стресови да не го изгубам млекото? Се надевам дека не е така едноставно да се случи тоа…
Сите имаме стресови и нервози, такво време дојде, брзо се живее, се нема време за ништо, збореле и ќе зборат од страна. Лично јас, гледам и да се вознемирам, тоа да е во граници на нормала. За брзо да се соземам. Секогаш ми е во глава дека дојам, не смеам да имам нервози и да си го гледам бебето, тоа ми е нај битно. Гледај повеќе да игнорираш и само таа мисла да ти е во глава. А лично и за тебе, и ти како мајка си важна зошто бебулкиве сè чувствуваат. Скроз да се избегнат стресови не може ама ние контролираме до каде ќе се изнервираме.
Ама зборам за ситуации каде што не можеш да игнорираш нешто - ко на пример близок го загрозил здравјето на бебето, па се секираш дали ќе има некој исход или не. Разбирам дека нема бегање од стресови, и тек је почело да се секираме, ни јас не сакам бебето да го осеќа тоа, се трудам да се смирам, само се надевам дека нема да влијаат тие секојдневни стресови на производство на млеко.
За да ти снема млеко стварно треба голем стрес. Кога сум се родила јас, мајка ми го изгубила млекото зошто јас сум лежела во болница една недела. Кога се родил брат ми го изгубила млекото зошто јас и татко ми сме биле во сообраќајка, јас со скршена нога, татко ми со скршени ребра. Тоа се сериозни стресови. Од секојдневно нервирање за обични ситуации не снемува млеко. Јас повеќе денови од првиот месец на бебево плачев отколку што не плачев, па еве млеко за извоз. Нормално е да имаш некаков стрес во секојдневен живот, кој нема... само гледај да јадеш и пиеш како што треба, и бебе да цица за да стимулира, и не се секирај.
Може и јас сум недоволно јасна со прашањава, зашто се обидувам да одбегнам да го кажам проблемот. А при големи стресови како да превенираме да не го изгубиме млекото? Има ли начин?
Не можеш да превенираш штом не можеш да одбегнеш голем стрес. Тоа организам и хормони не можеш нив да ги излажеш. Мајка ми за мене немала млеко после еден месец ама ете од такви големи стресови слични како примерот погоре. А секојдневните стресови што вели членката првиот месец мислам дека само плачев, не дај боже мм да збореше погласно од тоа што сум си замислила јас, ама хормони поминуваат се средува се.
Имав слична ситуација, го решив тоа со личноста. Секогаш гледам да е тоа со разговор и смирен начин ама во ситуацијава жалам ама покажав каде и е местото. Не си ставај на душа, разговарај па макар и од околу кажи што ти пречи, ако не можеш директно. Секогаш е по убаво директно да се каже, ама ако не ти е пријатно, напомени бар дека тоа ти пречи, не се нервирај и да чуваш во себе. Инаку, не е баш така лесно да снемаме млеко, огромен стрес треба да се случи за тоа. И пак ќе ти кажам, ние си контролираме до каде ќе оди таа нервоза. Ако нема решение, избегнувај ја личноста колку можеш почесто.
Јас почнав пред неколку дена, пишува само мака на пакувањето, не знам дали е различно од златна мака. На упатството пишува консултација со лекар пред да се пие, ама според се што читав би требало и баш со лактација да помага, па решив да пробам. Нема една недела како почнав, само 1 на ден, така да не можам да ти кажам колку помага или одмага.
Големи се бенефитите од неа, затоа и сакам да ја почнам. Ама морам да се информирам подобро прво околу доењето.
Дали пред да ви надојде млеко сте се треселе и сте качиле температура? Млеко сеуште не ми тече ама градите ми се стрвднаа. Ме стискаа и не излегува млеко сеуште. Ми рекоа очекувано е температура кога надоаѓа млекото. Загрижена сум како ќе одам дома со температура и болки од царскиот рез.
Јас качив во болница кога бев, третиот спрема четврт ден. Се разбудив со таква невидена треска. Следните денови, а и подолг период навечер стално ме тресеше откако ќе се измолзев или откако ќе доев. Тресењето ми заврши негде кај втори месец. Не е тоа таква температура како немоќ да дава, барем кај мене беше така- само тресење. Се надевам дека и ти ќе поминеш така, и јас бев со царски
Качив 39.3 со треска и покачено ЦРП поради мал мастит, со парацетамол за еден ден се среди се, бебето го ставав да цица на таа града повеќе и се ослободија каналите.
Јас ја пијам за друго, уште ме фака постпородилен стрес/baby blues/не сакам да речам депресија, плус после првото добивање второто ми каснеше 10 дена, што со првото дете не беше така. Општо малце хормонално да се изрегулирам. Се препорачува да се пијат 3 на ден, јас затоа почнав со само 1, од претпазливост. Една промена што можам да кажам е дека бебе не ми направи проблем со цицање за време на добиеното како првиот пат. Со првото дете првите 3 менструации беа проследени со одбивање да цица, исто и првата менструација со бебе сега. Прекратко време е за да речам сигурно ради маката е, ама штом почнав да ја пијам добив и бебе си цица нормално.
Гледам се препорачува и за хормонален дисбаланс, што јас го имам неофицијано, нели секако постпородилно. Дали смеам на своја рака? Не дојам веќе. И кои капсули ги користите?
Која мака ја користиш? И јас си имам проблеми со циклусот. Добив на 9м од пораѓај, ама не е редовен. Плус сум со Пцос, а читав многу позитивни искуства од маката баш за хормоните.