Здрсво на сите. Пред два дена ме касна оса, денеска почна да ми отекува ногата. Сакам да ве прашам дали смеам да продолжам да дојам? Дали имате слично искуство?
https://kajgana.com/chudoto-od-peru-gi-regulira-khormonite-go-podobruva-raspolozhenieto Тука вика дека треба да се избегнува за време на доење.
Искрено, ако со се друго ми помогне спремна сум и да не дојам. Прочитав многу искуства на жени што го пиеле и за време на доење, па решив да ризикувам. Реално 99% од сите препарати имаат препорака да не се пијат во бременост и при доење само затоа што нема студии за тоа, а не дека е докажано дека се штетни.
Точно во право си. Во групата на low risk суплементи е. Од тоа што читав жолтата или златна мака се препорачува за хормонален дисбаланс. На оваа што ја имаш пишува ли во состав каква е?
Значи ќе останам без коса… 4 месеци пост партум и последнава недела почнаа да ми паѓаат цели снопови коса, значи топки ако ме верувате. Кажете чаре? До кога паѓа? Ја осеќам веќе и изретчена… фала му на бога што ми е густа и долга, буквално три четири пати требаше да пуштам вода за да отиде цела коса во шоља
Опаѓа драматично дури, да. Ист случај бев и само оставив, ниту пиев нешто ниту ставав на косата само си потплакнував дека имам залистоци Сега 2 месеци подоцна имам нови шишки на нивно место, расте нова
Нема чаре. Мене не ми паѓаше така драматично, ама уште си вадам една топка коса на секое миење. Џабе се сите шампони и апчиња, процес си е што треба да помине.
Чаре нема Со првото поинтензивно до 6ти месец ми паѓаше косата. Само време да помине ќе престане да опаѓа постепено. Ама тогаш почнуваат новите бебешки влакна да растат па оди скроти ја на сите страни штрчат. Со второво за да си намалам на шок, штом почна да паѓа ја скратив доста, па сеа си мислам дека не ми паѓа толку, а нема врска
Не купувај ништо, чувај си пари за бебуш. Од паталец е ова. Нема што не пробав. Нема решение, си се помируваш дека ќе личиш на искубана кокошка месец-два. Таман ќе се засакаш таква, ќе ти порасне нова, па ќе шеташ со антени како да не си слушнала за четка за коса. И после кога ќе славиш прв роденден ќе си имаш пак бујна коса.
Ај тука ќе прашам, која беше страната за проверка на лекови дали се дозволени за време на доење? Почнав јако да кашлам со секрет со се, спуштам на плуќа и матичната ми рече сумамед. Смее тоа да се пие за време на доење? Во бременост пиев на крај заради инфекција ама со доењето сега бубачето ме јаде.