Добри сме,фала на прашањепродолживме со доењето и каде каде има разлика и не е толку болно како што беше на почеток, мачкам ланолин од медела па сигурно и тој заврши работа бидејќи ми ги излечи раните што ми се појавија од на почеток кога почнавме со доење, единствено дадов вештачко неколку пати навечер бидејќи бебо заспиавше на града па плачеше и незнаев зошто мислев слабо ми е млекото..на крај дадовме вештачко и одма заспа..неколку вечери исклучиво дадов вештачко инаку преку цел ден е на мајчино, некни бевме на прва контрола и покачил 140 и нешто грама за една недела, докторките ме пофалија и ми кажаа да се трудам исклучиво на мајчино да биде, искрено многу се израдував
Што јадете конкретно за да има млеко? А да не смета на бебушот.. Веќе незнам што да јадам за појадок и вечера па и грицки некои..
Се јадам освен грав и грашок ама на топлово манџа не иде секако. Мојов цело време е со грчеви, пазела или непазела, исто е.
Дали кога ќе заврши фамозниов 4ти скок ќе се регулира доењево и нема да личи како борење со крокодил? Жива истепана сум од 4месечно бебе, а по најново само стоечки фаќа града.
Да. Тој скок секогаш ќе го паметам. Како со лав да се борев. Се маваше од града, се тегнеше, страшно. После се смири магично. Овес, леден чај, сок од јаболко.
И јас си викав, зар е можно толку сила и отпор да пружа едно прцле. Ми ја маваше градата, стискаше со непца, ја тегнеше со уста, па ќе ја заштипеше со рака..
Дали и какви витамини пиевте додека доите? Ми завршија премама па се мислам дали да земам пак такви или нешто друго?
Има во Зегин Фемибион 1, 2 паковања, по цена за едно, јас тие ги земав, горе доле сите витамини ги има, сепак за доење ни се.
Серапептазе за време на доење? Ми го препиша матичната она вика може ама ка да прашам уште на 3-4 места
Мајки три месеци и неколку дена е малата и веќе некое време се бориме со доењето. Гладна, плаче, а само што ќе ја ставам во позиција за цицање плаче вришти. Само ако е успана цица иначе борба водиме. Колку трае овој период кажувајте искуства зошто веќе немам нерви ми се плаче.
Апро по претходниот пост дека борба водам како со крокодил кога цица...денес на месечен преглед шок! Стагнира во килажа, иста килажа како минатиот месец. Секако одма дадоа препорака за да убацам 150мл ад. Бидејќи не размислувам најтрезвено во моментов, сакам да слушнам што би направиле вие на мое место. Дали да испаничам и да дадам уште вечер ад или да почекам уште една недела да помине фамозниов 4ти скок, па да се надевам дека ќе се врати во нормала. Ич не сум паметна....
Ќеркава губеше на килажа и ми дадоја препорака да давам 2-3 шишиња ад. Нормално почнав да да давам од страв ама пак не послушав и давав по едно шишенце, после една недела си верував на себе и прекинав иако требаше месец дена до следната контрола. На следната контрола бебе мишелинче пука. Послушај се сама и најубаво гледаш ти какво ти е бебето ако не плаче, полни пелени немаш потреба да се загрижуваш.