Кај мене стагнираше на 3++ месеци. Секое пиење млеко беше борба, едвај по 500мл ги пиеше. Кога ја однесов на контрола педијатарот тогаш ми рече само давај и почесто твое млеко ќе почне пак да пие, кога прашав за ад ми рече нема потреба. И заврши 4тиот скок почна пак да пие млеко, не како претходно по 800-900мл ама напредува добро, родилната ни е дуплирана на 5++. Сепак размисли добро и прати го бебето, па и да треба да даваш плус ад не е страшно.
За нас тоа беше најтешкиот скок. Јас би причекала доколку си имаш млеко и до сега се било супер со доењето. Голем шок се скоковите за бебињата и од аспект на јадење и од аспект на спиење, педијатрите многу не се замараат со тоа. Ако ти е некоја утеха, моето бебе има 13 месеци и во неколку наврати стагнираше на килажа во одредени периоди низ цела оваа година но после си продолжуваше да качува. Бев трпелива и со храната и со доењето. Што и да одлучиш секако не е грешка, тешка е многу првата година па уште и вакви работи кога не мачат е уште потешко.
Овие два дена бебе послабо ми цица .. пробав и ад дадов ичо ич не пие ичи па 20 30 мл малку... цицна малку се тргни толку... и памперсо некако не ми е полн..не. е дека воопшто не мочка ама не е толку тежок како што беше... скок не сме... нз што да шравам... а бебе не плачи океу си е
Здраво, ме интересира што имате 9м бебиња колку пати ги доете во ден па и ноќе? Дали и после јадење одма ги доете или по некое време?
Дали измолзено млеко кое стоело во фрижидер за одржување на 4 степени и сум го затоплила под чешма може да го ставам пак во фрижидер ако не го допие бебе?
Леле луѓе кажувајте шо да се прави у 4т скок сме не сака да цица, на спална поспан само кога е сака. До сега супер напредуваме ми е страв да не се одбие. Пробав и у темна просторија и се ама некогаш не сака а се гледа оти е гладен и нервозен.
Јас со тетра преку глава ја покривав ќерката или скроз во темнива за ништо да не и одзема внимание. Нема што друго. Треба да се издржи само скокот, нема да се одбие, после се стабилизираат.
Кога најрано ги одбивате бебињата од доење? Јас сега го дојам, убаво ми е ама не можам да замислам многу долго да го дојам, сепак е и обврска и некако дете големо кога ќе видам цица не ми се свиѓа. Се мислам додека да воведам три оброка и да почнам млекце да му давам.
Првото дете го доев само дење од неполни 4мес, 4 пати дневно до 8-9 месеца, насабајле и навечер уште еден месец, само навечер уште еден месец, и ја одбив на 11 месеца. Второто дете сега многу често му давам измолзено млеко, почнав секоја вечер пред спиење обавезно да му давам шише. Не дека не сакам да дојам, ама не го доживувам како нешто фантастично. Дојам зошто имам млеко, лесно ми е доењето, не сум имала посериозни проблеми. Второво дете и јаде многу повеќе, така да размислувам и поскоро да воведам и АД заедно со оброците, ама се разболи па за сега тераме со доењето. Во секој случај не би доела после година.
Ќерката до 1 година ја доев само зашто не ми прифати ад на 4 месеци. Сега синко да пројдат грчеви и ќе почнам полека ад да воведувам
До година и 3 4 месеци мислам доста ќе биде, е сега дали ќе испадне според планот ќе видиме. Порано од тоа, не би престанала да дојам.
Во врска со исхраната за време на доење, патронажната сестра кога дојде ми кажа луто не, зачини не, грав, грашок,боранија,брокула,зелка, лук, кромид ништо од ова..повеќето да сум била на млечна исхрана искрено незнам веќе што да јадам еве денес си направив телешко месо ама без зачин никаков нема вкус, секој ден се вртам едно те исто.. каква течна исхрана да си направам незнам? Со овие рестрикции..сите ли се придржувате до ова?
Јас јадам се. Само грав и луто избегавам. Глупост ми е незачинето ммесо да јадам. Ако приметам дека нешто му прави грчеви ќе избегавам Инаку фала девојки и јас така ќе гледам до кај година да се одвие и комбинирсно да му давам и ад.