Моето искуство е цел ден на мое мајчино, околу 600/700 молзам, два пати АД- навечер после бањање кога се комира и вечерта кога ќе стане, така спие до сабајле. Ако немам млеко нешто дента или не стигнува, му давам пак АД, генерално сме на мајчино, ретко давам АД три пати. Мојот е 5400, сега за сега варираме во мл по оброк. 100/110/120 мајчино, дохрана 120. Мајчино на жештиниве пие ко аларм на 2 часа. Купи си убава пумпа и молзи со многу масажи ако има опција- мене така многу повеќе ми тече. Инаку молзам од 70/100/120/130 на молзење. Не ми е секој ден Велигден, некој пат само 80ки, 90ки. Ништо не ми помага за зголемување на млеко, освен спиење, одмор и електролити. Пиев и лекарства и што сѐ не, џабе беше. Престанав сѐ и сега само се молзам и правам пауер пампинг секоја вечер- млекото ми се зголеми (молзев по 60 на пр, ретко 90)
Сѐ е индивидуално. Мојот е 4 месеци и пие 750/800/850/900- 900 ретко. Најубаво е да зборнеш со твојот педијатар и да ти каже според килажата и општо за бебето. Не можеш во една рамка да ги ставиш сите бебиња. Ти советувам и навечер да стануваш, така даваш до знаење дека бебето има потреба за јадење. Додека не поминат 8/12 недели- да се воспостави и регулира лактацијата барем. После тоа спиј си и ескивирај
Имам проблем со молзењето, заради устото во првата бременост прекинав мајчино млеко. Фала му на господ генетски или кој и да е фактор си имам млеко, со првото и по 200мл вадев на едно пумпање. Проблемот е што ниту една пумпа не ми одговара. Кога ми е полна градата нема пумпа што не ми прави проблем, дури и болничката Медела. Уште при првото вшмукување јас губам притисок и веќе не тече млеко илитече капка по капка природно што си паѓа. Од сестра за доење добив совет да ја пребришувсм пумпата и да продолжам ( кога ќе ја избришам сака и после едно две вшмукувања пак се пика млеко и не влече. Сега за сега се молзам рачно и така е успешно ама раце болат а уште мала количина пие, што кога ќе треба 150 да измолзам. Има ли некоја вакво искуство како да го решам? Има ли пумпа со големини на инката,
Совет како да ја зголемам количината на млеко? Се измолзувам насабајле и навечер по 80, а преку ден 60. Откако воведов и АД се ни се изремети, градите бавно се полнат со млеко и се намали млекото. Син ми е 2 месеци и 10 дена, на последната контрола беше 4800гр, си ставил 1кг за месец ама сепак повеќе е на адаптирано а сакам повеќе од мене да пие. Ако се измолзувам почесто ќе има ли ефект исто како цицањето за да се зголеми количината? Чај пробав, апчињата ви помогнале ли? Не дојам од причина што морам со силиконска, па се одлепува, пола млеко по нас тече, жива нервоза.
Ништо не ми помогна од апчиња, ама ништо- чаеви два литри, нарачував капсули fenugreek. Дури и донперидон пиев за вештачки да се подигне и држи пролактинот. Кај мене помага само редовно молзење на три часа, power pumping и пиење течност и електролити. Јас кога започнав со молзење метод, пазев да не му давам АД многу повеќе од тоа што молзам јас- имав среќа што не пиеше многу и што дозата полека му се зголемуваше. Сега на пр. како што кажав молзам од 60-120/30, секој пат различно во текот на денот, и така ми стига за цел ден, оброк за оброк немам доволно. Само молзи се често, на два часа, обавезно секој ден пауер паминг, многу вода, електролити и одмор, спиј колку можеш и преку ден. Додека се молзиш гледај го, гледај негови слики заради окситоцинот да тргне нагоре. При молзење ставај на масажа опција- додека да дојде отпуск на млеко после кога ќе престане, пак масажа опција и така 15 минути
Дали проба различни големини на инката што се става на пумпата? Кај мене тоа имаше голема улога. На медела сигурно има повеќе величини а за другите не знам но сигурно е слично. Побарај на интернет или пробај со некоја позајмена да видиш дали ќе можеш така.
Две имав од локо кроко-кика боо и рие немаа, авент исто позајмив немаше и медела во болницата немаше. Кaде да ја накдам Лансинох и кои други имаат избор за инки? Мислам дека тоа е проблемот и кај мене
Женски кажете ми породена пред 2 недели. Пиете ли чај за лактација? Имам дома ќе ставам слика па дали да пијам и колку на ден од него.. дали смеам во 1л да си направам и да си го пијам цел ден? Бебо е само на цицање.
На медела сигурно има различни инки, 21мм, 24мм и 27мм. Јас дома имав 24ка, со таа не вадев ни капка, кога сменив со 21 веќе беше подобро.
Најубаво да прочиташ на упатството колку смееш да пиеш во текот на еден ден. Јас пијам лакта микс на алкалоид и на него си пишува 1 литар е препорачана дневна доза
Јас пиев 2 пати на ден од истиот тој чај. Но многу млеко ми надојде па за брзо престанав. Почни со една наутро една навечер и следи како ќе биде ако треба намали после тоа.
Па имам по мое .. за една недела од испуштање од болница до контрола кај педијатарот бевме само на мајчино и беше поправена 150г.
Па тоа е мислам во ред. Кај мене по едно кило качуваше на месец . Месец и пол доење после бевме на АД. Пиј си и чај ама не многу. Доволно е да внесуваш многу течности.