Мислам дека ништо од тоа не понага. Убаво кажа некој од чаеви сокови може само шеќер да се добие. Редовна балансирана исхрана, течности и се разбира релаксирана мама се добитна комбинација за млеко. Стресот најмногу влијае. Со лесно мајка и уживај во заедничките моменти. Испрати му на бебе позитивна енергија, нека го осети твоето срце како среќно чука. Млеко само по себе ќе си дојде
Дојам пред да одам на работа од една града ( кај 6 ч), од другата измолзувам, го ставам во фрижидер. Дојам кога се враќам од работа, кај 15.30, обично после саат време пак бара да цица. Моето цица почесто, на 2 саати. Од скоро воведовме вечера па прескокнува едно доење. Осеќам дека и млекото ми е намалено, немам како порано. Посебно се осеќа викенд кога сме дома, па обавезно му давам дохрана еднаш.
Најверојатно е скок. Исто беше и моето, траеше скоро недела дена. Доењето ми успеваше само во полусон. Живци искинав тогаш.
Од каде ги зимате другите инки на медела? Јас имам пумпа со само 24мм инка, прашував во аптека за дополнителни инки ме гледаа многу чудно како прв пат да слушаат.
И мене кикаа боо не ми одговараше. Порачав од пики пумпа (видов препорака тукс на форум) и подобро ми одговара, изгледа инката е помала.
Јас ја позајмив од другарка. Мислам дека не продаваат баш одделно делови како инка, туку мора да се земе нова пумпа баш со таа големина инка. Затоа викам ако е возможно да се најде од некој да се проба пред да се купи нова. Во аптека врска немаат за пумпи и мене ме гледаа чудно.
Дали може некоја членка да ми пише во порака? имам некои прашања,некои промени на градите од пред некој ден…па не знам дали одма на доктор да одам или да се смирам.
Си пробала без да измолзуваш дали може? Што ако ете, те фати гужва во сообраќај и останеш саат плус? Како тоа му влијае на бебето?
Девојки, чистев со појаки средства, носев ракавици. Ме интересира дали мирисот од средствата смета на млекото? Ние сме на комбинирана исхрана, доколку смета колку денови да не цица бебо?
Тие што се на ексклузивно доење сигурно не престануваат да дојат секојпат кога ќе чистат веце. Слободно давај да цица, не се секирај.
Ако бебе цица почесто во текот на ноќта, немам утрото да измолзам, и терам така 9 саати без некоја посебна мака за градите. Инаку не сум во СК така да, и да ме фати гужва, тоа ќе ми е +5 мин. Најчесто брзам веднаш да си дојдам, бепко со душа ме чека
Ништо не му е. После секое готвење со циф плочата ја чистам, бебево само на цицање е, сигурно нема да го паузирам секој втор ден.