Исто и моите. Ич да не се секираш, нема никаков проблем детето, и не треба ништо да правиш. За слививе што ти препорачале да пиеш, и тоа сум пробала. Јас поминав еден ден во вц, бебе имаше грчеви, и пак не се искака. Џабе не се мачи ни себе ни него.
Жени,ве молам помош. Ми се направија како тврди топчиња на едната града. Претходно 2-3 пати сум имала зачнати канали ама тоа во првите 6 месеци кога на пример нема да цицала подолго време навечер. Сега сред бел ден ми се направија и цицаше исто како секогаш. Претходно со масажа/рачно измолзување ми поминувале. Ама сега ми се преболни,дури и кога не ги допирам ме боли. Што да правам?
Еднаш ставив термофорче што ги имав земено за бебе за грчеви, ми седеше пола саат-саат, па го ставив бебе на града. Се опуштија одма после цицањето. Ако немаш термофорче, испеглај убаво тетра и така ставај топли облоги, или со топла вода (не врела) под туш едно 5-10 мин и на града бебе стави.
2 ден како сум породена, имам колострум убаво кога ќе ме стиснат сестриве..Масничко и жолто. Работата е што бебе спие по 2 часа, се буди, цицнува 2 пати и пак се успива на града И си спие асално..Градиве сега ми се топли и зголемени, ми рекоа од утре се ќе се среди..Што мислите? Нормално е?
Живо и здраво да е мама. Нормално е бебе да заспива, треба да го будиш. Голицни го, штипни го, да се нацица убаво. На почеток успани се.
Сѐ е норламно од ова. Најдобро е да се одмолзуваш за да не ти се запушат каналите. На почеток нормално дека бебето ќе спие повеќе, расоблечи го, скокоткај го да се разбуди. Мојава по саат време спиеше на градата и цицаше по малку истовремено
Бебе ми е 23 дена старо, уште на Оинт се молзев и и даваа мое, сега дома почнавме со молзење но полека и со цицање. Молзено и давав на 3 часа и стигна до 40-50мл. Но подоите ги зголемував и еве се фати цел ден да цица. Цица, има сила иако во болница едни ми рекоа до 3кг да не ја дојам а други ми рекоа можам. Го гледам бебето и чим може да цица си реков зошто да не. Ама како да пратсм колку испила, вечна мака нели ама ми е поспана многу, нема жолтица, и не станува сама да бара. Синоќа цицаше од 12-3 сабсјле на пола саат, плачеше и и давав си цицаше, од тогаш не стана 6ч за да цица. Ја размрдав до двор отидовме и тогаш побара инаку може ќе спиеше уште. Да продолжам со цицање или да молзам? Со молзење се помалку вадам млеко, од 80мл сега по 10-20, некогаш 40-50мл, на цице има млеко голта плус тече. Од 1800гр пуштена дома сега има 2108гр, мала ми е да ризикувам да не напредува а сакам да цица, со првото се откажав од премногу млеко, желба ми е извади цице јади и мирна глава. Ни шише ни молзење ништо комплицирано. И ако цица од десно, лево да го молзам или да го оставам за следно цицање?
Ако бебето си цица, нема потреба од молзење, освен ако не ги осеќаш полни градите па да те болат. Јас обично после подој од двете страни се домолзував првите 2 месеци за да ми се празнат скроз. Бебето секогаш ќе извади повеќе млеко од градата него пумпа. Не можеш да следиш колку пие, точно, но ќе знаеш по килажа, се додека си напредува нормално и си полни пелени, нема простор за паника.
Zdravo bebe mi e 1 god. I uste go dojam,no mi prepisaa antibiotik bidejki imam pokaceno CRP, dali nekogas i vam bi prepisale bidejki do sega bese zabraneto da se pijat lekovi, no bidejki beke bila golema sega moze
Дали и вие имате зголемен апетит, бебе е 1++, на ексклузивно доење, јас сум цело време гладна, мислам дека можам по цел ден да јадам. Никогаш не сум имала вака апетит, со првото за време да доење не паметам вака да било.
Немам зголемен апетит ама ваљда зашто си го програмирав мозокот дека треба да ослабам . Иначе сладолед како ми се крка охооо Нема врска тоа мала голема, не знам кој ти кажал. Има антибиотици кои смее и кои не смее да се пијат и додека се дои и додека си бремена. Јас во двете бремености пиев антибиотик.
Da bebe 2 meseci samo na doenje, mnogu sum gladna znaci se jadam kaloricno i preku nokj jadam. So kilaza za 10 dena posle porajgaj bev poslaba od pred zabremenuvanje. Mnogu se trosat kalorii so doenje jadi si slobodno
Немам проблем со килажата но не секогаш имам време да јадам И кога имам не знам колку ми е доста, и интересно е што ако не завршам со благо како да не сум завршила со јадење
I jas sakam blago, skrisno kupuvam sladoledi koga shetam bebe posto mm veke pocna da mi vika dosta so blagoto daj zemi lubenica barem