Леле јас со па лубен6цата претерувам, абе дење ноќе само тоа јадам . Мм ми вика срамота е на секои 2дена купувам
Бебе се роди малецко и иако мислев дека нема да го дојам, имам млеко и знам дека сега тоа е најкорисно за него. Си фати од прва, ќе цица и спие по 2,3 часа, значи задоволно. Ама јас имам преголема болка додека цица, не само првото влечење него цело време додека трае цицањето. Како можам да си помогнам, оти не се издржува, а жал ми е да му го скратам?
Медела ланолинот ми помогна, мене на почеток кога се роди бебе ме болеа, па не, па пак ме болеа, и само мачкање ме спасува.
Мораш да го наместиш убаво на града, фаќа плитко затоа те боли. Ја фаќаш градата меѓу палец и 4те прсти од другата страна, го носиш бебе до града и штом отвори убаво широко муце ја ставаш убаво длабоко не само предниот дел треба муцето да му е убаво отворено како нанадвор да му стои не знам дали ме сфати ако не ќе најдам видео да ти пратам од јутуб
Болката е најверојатно од лош фат на бебето, тоа е најнормално на почетокот ама стварно е мачно. Пробувај да го тргнеш и да го наместиш поубаво, целата ареола да ја фати. Му треба и него време да научи како. Со лесно.
Исто и јас.Мојте бебчиња се 2 месеци,апетит имам ептен голем,после јадење ако не јадам нешто благо како да не сум јадела,најбрзински ми е кремот,отворам капачето и со лажица цап,цап,3..4 пати и полна капа Проблем со килажа немам,64 сум,како пред бременост,ама апетит имам,но мн се троши калории со доењето,јас па и дека две,прво едно па друго,а мн често и двете заедно. Ќе ручкаме,што да правиме.Нека се живи и здрави и ние со нив.
И јас имав таква болка, до срце ме болеше додека го доев ова првите две/три недели беше. Како струја беше болката..во Плодност ми кажаа нормално е треба да боли и време да помине да се навикнат брадавиците и да се отворат каналите.Земав ланолин од медела и стварно тој ме спаси а од болката мислев готово ќе се откажам од доење, ако издржиш сега на почеток после тоа е многу полесно, барем за мене стварно се покажа така како што ми кажаа. Мачкај ланолин колку едно зрнце ориз на секој пола сат ова беше совет од акушерка.
Да прашам Гинекс Форте вагиналети дали смее да се користи за време на доење. На упатството пише дека нема некој информации околу тоа
По повод светска недела на доењето. https://www.facebook.com/share/p/qq53pZKEtgx8AekN/?mibextid=xfxF2i
Следна недела прави 5месеци, за месец дена има накачено само 300 гр. Ептен има стагнација во килажа, во должина е 3цм издолжен и обем на глава е ок. За дивно чудо не ни препорачаа ад на педијатар, ни рекоа да почнеме од утре со вкусови и веќе за 2 недели да дадам прв оброк од 120гр. Некоја со слично искуство, толку рано да почнала со вкусови? Прифаќа бебе?
Мајки вашите бебиња што се на измолзено колку мл пијат? Треба да го оставам на свекрва ми, па да знам колку да измолзам, скоро година сме
Доколку ти направи и рани, пробај и со вештачка брадавичка... Јас со првото така правев, додека се разработат и сите канали.. Комбинација прави, ставај, вади... колку толку да заздравува брадавичката. И ланолин обавезно на секое мачкај.. Баш убаво што реши да пробаш, ако бебе не те натера да се обидеш... друг никој не може И мојава фати уште вчера, денес ептен убаво фаќа влече на празно (некоја капка колострум) и тоа на рамни брадавици успева да завлече. Многу се израдував што фаќа, уште да дојде млеко
И мојов фати од прва, а млеко јок. Си цуцаше он и на празно во болница. Ме болеа може еден месец додека отрпнат, земи пурелан на мендела и не се стегај во градници, луфтирај колку можеш повеќе ке заздравуваат побрзо. И најважно гледај бебо убаво да фати, чешн го по носето со брадавицата и кога ке отвори усте убаво стави му ја аеролата цела да ја фати. Со лесно и убава доенечка приказна да си имате
Зависи од бебето. Првото не испи повеќе од 120мл, дури и како поголема, второво на 5месеца стигна до 210-230мл веќе. Би ти рекла пробај еднаш пред да го оставиш, и обавезно остави 50тина мл плус, во посебно шише, за да не го греат со големата количина, ама да стои резерва. Може да не испие многу кога ќе биде време, па тоа млеко после 1ч веќе се фрла, па да има уште малце да скрпат додека дојдеш. Мене децата не ми се само на измолзено, ама ќе речам дека скоро 30% од времето намерно давам шише дури и да сум дома за да знам точно колку треба за кога не се со мене.
Не мора да значи, поучена од @Spidy, млекото ја менува структурата со самиот раст на бебето и се приспособува на неговите потреби без многу да се накачува во мо. Моето почна со 60 и еве во 4++ стасавме до 150мл, ама не мислам дека ќе качува уште толку… колку имам молзам, покривам со две три дохрани (некогаш и една дохрана). Стварно е попрегледно и точно знам колку јаде… со цицањето се измачивме