Мајки бебето ми е скоро 4 месеци и еве веќе месец и пол доењето станува се потешко. Најпрво во позиција 'колевка' не ја сакаше левата града поради многу голем млаз, но ајде некако малку одмолзував пред подои и со лежење цицаше и од неа. Потоа почна и другата да не ја сака во таа позиција. Само што ќе ја навалам на страна почнува да плаче не сака да цица. Во последно само со лежење ја дојам но секој обид за подој почнува со плачки и не секогаш е успешен. Само што ќе ја ставам на кревет одма почнува да плаче па нудам града некогаш фаќа се смирува но најчесто не. И кога ќе фати е многу немирна прета и со раце и со нозе. Ќе поцица и наеднаш се трга и плаче. А па доењето пред ноќното заспивање почнува вака па после ќе се подсмири ќе цицне и ме гледа и се смее и така едно саат време како да си игра со градите фати, пушти, смеј се за на крај да се смири и да заспие (вака прави на вечер последнава недела дена). Зошто плаче не можам да разберам? Имла некоја од вас слично искуство?
Бевме на аптамил, ама многу му беше тешка и сменивме на Бебелан по препорака на тројца педијатри- демек се давало на предвремено родени, бебиња со пониска родилна тежина и сл., нема палмина маст и сл. и било демек најблиска до мајчиното млеко. Песна ни е од тогаш
Јас не сум приметила нешто посебно од благо а и доста имам намалено заради килажата, што побрзо да ми се врати бројката пред бременост и затоа може на лубеница удрив толку
Бебелан и Хипп биле со најдобар состав во поглед на штетни состојки , ние од Аптамил на Хипп се префрливме.
Мајки породена вторникот 10 сабајле, а сеуште немам млеко. Со првите две (еден природен, еден царски) ми доаѓаше на трет ден. Тука како втор ми го рачунаат... а јас мислам ова е трет така? Сеуште немам ништо.. некоја капка колострум имав вчера, а денес ни тоа ко да немам(еднаш се стиснав сабајлево)... кога би ми дошло? Како ви доаѓаше по втор царски? Бебе фаќа, влече на празно...
Мајка знаеш дека ни една бременост, ни бебе,ни твоето тело не е исто. Не се секирај штом има колострумче ќе пушти нека влече бебе ако не е пренервозно да плаче и да се вознемирувате дека е гладно. Јас со прв царски млеко имав на 4тиот ден, ден пред да не пуштат
Jас се породив петок во 12.50..а млекце ми дојде во неделата убаво се сеќавам вечерта,како од чешма почна да тече..среќа носев мозалка па си намалив болка. Предходно имав само колострум по неколку капки. Буквално преку ноќ ми надојде. Ќе дојде мајка,чекај..
Честитки, бидите живи и здрави! Два дена дека 48 саати има поминато, млеко според мене секако ќе надојде, со две доени деца мислам дека нема дилема.
Не знаев дека си се породила, да е живо и здраво . Јас со првото ми дојде 6 дена после царски. Константно ја ставав на града да влече и си дојде млекото. Ставај го на града, ќе дојде. Различно е со секој пораѓај, со второво одма ми дојде, а пак царски.
Фалаа Јас па очекував на трет и ова и сега чудно ми падна... ја ставам влече, си ужива како цуцла да и е
Јас имам пумпа за измолзување од кикабоо и сум презадоволна, а и не се со астрономски цени како некој други пумпи. Јас електричната пумпа ја земав од локо кроко 2500 денари
На 5ти ден ми се стврднаа градите и качив температура. Ми рекоа од Систина млекото што надоаѓа ти качува температура. Ме масираа дома 3 дена со топли облоги да не фатам мастит и надојде после толку масажа.