Јас не вадам ништо со пумпа, буквално 2-3 капки паднаа. Пробав и пред и после доење не бе ништо. Сега ме јаде црвот да не немам млеко штом бебо толку често ми се буди ноќе. Знам дека пумпата не може да извади колку бебо што може да исцица. Реално и јас намалив подои само пред дремка и за спиење цица ама воопшто да не можам да извадам? На триста памети сум што да правам, дали да дадам козјо да пробам да видам дали ке спие, да проверам со гладов случајно да не е. Ау не знам учете ме, ваљда знае некој повеќе од мене
Јас зимам од кај стигнам (имам 2 од АлиЕкспрес, еден од Ваикики, од Сара Фешн) и сеа порачав 2 од овие. Доста ефтини, па јакви такви за менување ќе се супер.. на сликава убаво изгледаат.
Тој од АлиЕкспрес, бројот ти одговараше кога го доби, веродостоен беше или мал/голем. Прати ми линк ако имаш при рака.
Па едниот е и поголем (намерно дека гради растат у доење), другиот ми беше супер и трудна и се закопчува од напред... мислам ќе ми е и тој супер. Уште денес сум во болница па од утре ќе видам дали се таман @flower55555 не ми се верува дека стигнавме во темава Понеделник би требало да стигнат, ќе ви ги сликам..
Кај педијатар направи мерено доење. Да го мерат, да го нацицаш и да го мерат пак. И ќе видиш за колку минути колку исцицало.
Туку синоќа и еве сега ме фаќаат трески после наеднаш жештини, температура мерам немам, во болница еднаш ми беше така кога ми надојде млекото, можно е сега пак да ми е од тоа? И како омалаксана сум и ми е страв одма на лошо мислам
И јас ве дружам во темава, добив млеко уште вториот ден после царски. Значи чим ме станаа, донесоа бебле и почна да шмука колострум па така натака. Не ми се верува дека го одам патов. Скроз сум благодарна. Бебе е цело време на цицка, 10 мин цица, пола саат спие. Не не испишаа како да е со жолтица но дефинитивно имаше и сеуште има. И педијатар и патронажна исто ми кажаа. За среќа бебе 250гр за една недела напредна, сите среќни весели. Моментално имам зајмено медела пумпа и пумпам екстра млекце кое некогаш е 30мл некогаш 75мл. Е сега прашање, за да ми надојде повеќе после секој подој ли да ја молзам градата?
Честитки мајка и со лесно да ви оди приказната. Немаш потреба да се молзеш чим бебето цица, напредува одлично а ти си имаш млеко. Лактацијата ќе се среди најубаво и најбрзо ако само цица бебе.