И јас дојдов за истово прашање.. Со страв сум да не ми секне како со второто (на 3ти ден бев полна, на 4ти незнам шо се деси ми се повлече буквално омекнаа гради ко издишани балони). Сега сум од вчера полна фул камен, ноќеска ја оставија со мене и беше само на доење (цицаше во 1ч, па 4ч, па 7ч сабајле наизменично на еден подој една града, на друг друга), а мене градиве ми се уште камен. Ме масираше сестрата, па побарав пумпа и рече некој мн да вадиш.. вади колку да ги олесниш. Извадив од последно цицаната 10мл, а од другата 30мл (можев повеќе ама да не вадам мн). Дали и дома да вадам...? Мислам нема сила бебево, има жолтица и заспива.. еден подој е по 40мин со паузи (ќе пушти, па додека пак фати...). Плус ние ја будиме и по 3ч, кома заспана е, не ни плаче за цицање.. Инаку со вештачка брадавичка дојам, мојата не може да ја фати (рамни ми се), плус дека камен тврди, плус разранети боли корне со све живо (и цицање и молзење плачам први 2,3мин, после некако се трпи). Додека не ми дојде млеко, фаќаше и без..
Ако ти се стврднуваат вади, исто како во болница колку да ти олесни. Земи пурелан од мендела мене тој ме спаси од доење до доење полесно ми беше. И луфтирај дома колку можеш повеќе за побрзо да зараснат. Моето жолтица дома доби, и јас на 3ч го будев, па прво на града (после недела од царски млеко ми дојде, дома кога тргав тогаш ме стиснаа колострум почна да излегува) па после шишето АД по саат време се раневме едно 2 недели сигурно. Ама помина се научувме. Брадавиците со пумпата пробај да ги извлечеш пред доење.
Фала Да приметив дека убаво се извлекоа со пумпата.. ама болат корнат и со пумпа.. тек она па кога цица, левава расцвета и има ко хематомче на неа и рекоа таа да ја одмарам некое време да не пробувам директ да цица, со брадавичка само. Мачкам на секое ланолин. Ама ајде почетоков е ваков се тешам, ќе стиснеме заби.. Само за вадењево плус ми беше ептен во мисла. Инаку 3720 е родена вторникот во 10 сабајле, вчера беше 3480. Денеска 3500, па ваљда почнала да си качува
Јас го имав истиот проблем, ми надојде млеко преку ноќ и сабајлето камен тврди. Пред тоа фаќаше бебе а после тоа тешко. Тоа е така бидејќи градите се преполни а бебето нема сила. Најдобро е сега пред подој да се одмолзеш малку за да се олесни градата и после бебето да цица. 40 минути цицање во оваа фаза е најнормално не се грижи. Како расте ќе добива на сила и ќе се намали траењето. Кога ќе дојдеш дома пред секој подој под туш масажа со топла вода, така грутките омекнуваат и бебето може полесно да влече. Најдобро е секако без силиконска ама ако сега така терате продолжете па со тек на време гледај да ја тргнете ако е тоа можно. Тежок е почетокот многу, но ќе помине, и брадавиците ќе престанат да болат. Не се потпирај на количината извадена од пумпа, таа не е реален приказ за млекото. Најреално е бебето, следи го него, дали полни пелени и дали качува на килажа. Со лесно
Би ти препорачала ланолин, почнеш ли со силиконски… тешко ќе биде за одвикнување и плус ќе ти се навикне. Пробај фатот односно загризот да е подобар, мести го бебето нон стоп… јас ги имав на медела и на филипс. Исти ми беа што знам…
Јас првиот месец ги користев на Медела, при крајот бебе не сакаше без нив но бев упорна, ги ставав неколку минути и после ги тргав за да фати, после 40дена веќе не ги користев. Јас ги земав пошто ми помагаа со болката, додека се навикнам
Колку што знам, проблемот со силиконските е што не може да извлече убаво млеко од градата, и нема доволно да внесува млеко, нема да се празни градата и ќе се намали производство на млеко. Дека е недела на доењето, пред некој ден Јасна од Бебелогија зборуваше дека е многу против силиконските, дури и кога се работи за рамни или повлечени брадавици. Може не е лошо нејзе да ја контактираш ако имате проблеми со фатот.
Ќе правам комбинација... дома веќе друго, ќе молзам со пумпа малку и ќе ги извлече, па ќе ја ставам. Шанса нема вака сите можни позиции пробани.. мн е рамно, а тврда градата.. а она и нема сила. Да пркне ќе е друго... Инаку се слуша голта, ме боли и се осеќа влечење... ми тече и другата додека цица. Знае да се тргне и брадавичката силиконска е фул млеко полна. Ќе следам и пелени, а и на 9ти сме на контрола... И јас ич не ги сакам силиконскиве, би ги џитнала одма да фати без нив...
Мајки дали некоја знае каде и дали воопшто во мк може да се најдат silverette? Јас ги користев и многу ми помагаа за заздравување на брадавиците. Другарка ми е пред пораѓај и би сакала да и ги нарачам.
Терминот здравје ми е на 20ти Септември, ама нели никогаш не се знае и сакам да сум спремна. Да си купам една електрична пумпа пошто сигурно ќе ми треба ? Со првото многу малку цицаше, што од неискуство и многу бргу снемав млеко. Дома се измолзував додека имав млеко и давав со шише. Сега сакам повеќе да се потрудам, ама сигурно ќе ми треба и пумпа. Не сум ви Мк, мислам дека тука ја има на Медела така се викаше нели?
Првото една година со силиконски беше, повеќе од просек напредуваше, многуу повеќе и тоа, млеко нормално си имав. Сеа и второто е исто, напредува многу повеќе од просек за месеците. Производството на млеко не се намалува од нив! Можеби за да имаат клиенти со ‘проблем’ со силиконските па се многу против… Јас лично имам рамни скроз и немам друг начин, според Јасна не знам што би било решениете, еве ако некој успеал со рамни да дои нека сподели совет како успеал.
Јас со силиконски имав скроз спротивно искуство. Проблеми со тежина, недоволно млеко, подои кои траеа по 40-50 мин. Се убивав да зголемам лактација. Замисли да имаш 8-9 подои дневно по 40-50 мин? И да стимулираш со пумпа после секој таков подој? Не трга бебето толку ефективно како без силиконска, тоа е факт и самата го осетив истото откако со помош на Јасна ја баталив силиконската на цели 5 месеци. И јас имав рамни брадавици, затоа и почнав со силиконска. Ама испакнаа веднаш откако ја баталив. Син ми има 15 месеци и уште го дојам. Да бев со силиконската ќе се откажев, пренапорно ми беше.
Имаш поефтина од Али, а одлична електична пумпа за почеток : Just found this amazing item on AliExpress. Check it out! €14.00 | Real Bubee Single/double Electric Breast Pump With Milk Bottle Infant Usb Bpa Free Powerful Breast Pumps Baby Breast Feeding https://a.aliexpress.com/_EJdSwZN Јас ја имам и други членки на форумов, сите сме задоволни од неа. Па и да забележиш дека ќе ти биде потребна медела ќе имаш простор да ја земеш
Ок, мило ми е што си имаш успешно доење со двете бебиња, јас лично немам проблематични брадавици, но според тоа што го имам читано за силиконските го пренесов како инфо. Не значи дека сум во право. Секој нека си постапува како што мисли дека е најдобро, сепак е негово тело. Всушност, и мајката ќе си види бебето дали ѝ напредува, тоа е нели показател дали е воспоставена успешна лактација.
Искрена да бидам единствена си што сум ја читала или пак сретнала да има успешна приказна со силиконски, но мислам не е во ред да кажуваш така за Јасна. Може да се врати членката, а и ти и да ги прочитате сите неубави искуства со силиконските. Како што кажав и претходно во едно писание, драго ми е што си имала убаво искуство и што си исклучокот, меѓутоа глорифицирање на силиконски… како да ти кажам. Од неправилното празнење на градите од силиконските и неубавиот фат и течење на млеко, мене млекото ми се намали- и тоа за жал во првите 8 недели (критичното време кога се воспоставува лактацијата). Па после се молзев ко луда за да се поврати… Јас не можам да зборувам за рамни брадавици, меѓутоа имам гледано многу видеа и консултантки на тик ток кои имале успешни приказни. Да не се разбереме погрешно, силиконските се супер ако имаш рагади, меѓутоа да се земат и користат без да се направат сите напори hence консултантиве за доење… The boob coach има мн видеа на темава
И јас сум пример дека ради силиконските ми се намали млекото и морав да почнам со ад. Течење млеко по облеката, плиток фат на бебето, со еден збор катастрофа. Не бев едуцирана на тема доење и мислев доење со силиконска it’s not a big deal, а во родилиште без никако пробување ми тупија силиконска и ми рекоа нема шанси да фати без. И те како е big deal. Бебето ми е скоро 3 месеци, сеуште не фаќа без силиконска,пробувам со пумпа да зголемам лактација и колку толку да давам и мајчино. Ви симнувам капа на тие што имате позитивно искуство со силиконска.
Абе додека се камен градиве ќе завршат работа... а после брзо би ги тргнала. Повеќе од 2 нед бе би ги користела. Ем е малтретирање плус, миење стрелизација на секое... па кај и да одиш да мислиш да ги носиш. Сакам да успеам без нив.. @Bella Nella јас и со првото на почетокот ставав, а после ги тргнав. Кога ќе омекнат, ја влече кожата и си формира брадавица. Мене дури додека го местев знаеше да ме зацица на страна на кожа ахахахах