Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    И јас сум ао модрици на аерола т.е. шљивки од беба хихи... Мене уште од болница сакаа да ми тупнат силиконски брадавици но не прифатив. Стискав брадавица и и ја пикав во уста, и сеа кога и да ја дојам ја фаќам помеѓу показалецот и среден прст и центритам нагоре да оди брадавица. Успеав некако не ми е ни мене јасно. Во трудноча се утепав од гледање видеа, особено оваа што ја спомна @Evangeliaa22
     
    На Mother of 2boys и Evangeliaa22 им се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.085
    Допаѓања:
    75.893
    Пол:
    Женски
    Успеав и јас така прееска, ама ја измолзив прво.. почна со вештачката да цица и на пола и ја тргнав и со малку маки и плачки, успеа да фати. На камен шанса нема, многу ми се рамни... не ни можам меѓу прсти да ја фатам од што се полнат :D Како статуа се скаменети..
     
    На Bella Nella и merriel0 им се допаѓа ова.
  3. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Женски породена пред 1месец сега ве читам за силиконските. Ние сме од 4ти ден со силиконска поради поголеми брадавици кои неможе бебо да ги фати и цица само со силиконска иначе нема шанса да цицаме .. после испуштање од болница за 1 недела бевмее поправени 120г па повторно за 1недела на контрола 400г. Сега сме на контрола за 2недели односно сега во вторник. Кажете ми како да почнам да ја одвикнувам од силиконската веќе станува мачно после секое доење попарување сушење и пак исто во круг .. дали некој бил со ваков да го наречам проблем ?
     
  4. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Како не, па ми идеше да се убијам колку ми беше тешко… па се одлепуваше, течеше од сите страни, на бебо му течеше од уста…
    Јас се измачив додека да фати на живо, јово на ново цицање сосема друг фат, ама само со помош на Јасна- реално си кажувам. Лека полека вади му ја сред цицање- прво почни така, ако имаш тешкотии барај некоја од консултанткиве, мене многу ми помогна
     
    На Mother of 2boys и _budaletinka* им се допаѓа ова.
  5. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Проблем со течење немаме сега за сега но умрев со попарување на секое нарочито навечер .. пробувам неколку дена фаќа малку 1мин и пушта се нервира веќе лудило ме фаќа а ушѕе во болница кога беа да ме прашаат дали имам млеко таа ми рече со големи брадавици проблем има исто како оние што се без брадавици ..
     
  6. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш во ден ги стерилизрав, а на секое ги миев со сјај за садови за бебиња. Имав три пара и така ги ротирав- со еден пар тешко…
     
  7. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Споделувам позитивно искуство, не го гледам тоа како глорифицирање на силиконски брадавици.

    Исто како што повеќето споделувате негативно јас го споделувам моето.

    Тоа дека млеко може снема од силоконски брадавици дали е докажано?

    Тука читаат нови мајки кои во овие алатки гледаат спас и со тврдењето дека конкретно од силиконските се намалува млекото ќе си направат стрес.

    Па затоа моето искуство го споделувам така како што е.

    Не реков ништо на Јасна, само еве мене лично ми е нејасно зошто се толку против, но тоа може само мене ми е нејасно.

    Искрено немав никогаш потреба да гледам видеа за како да пробувам без нив, никогаш не наодов на проблем, имам повеќе пара, користам на медела, ниту стерилизацијата не ми е проблем дека се повеќе само два пати во денот стерилизирам.

    Според мене желбата да се дои е најважна, дали со или без кој како ќе се снајде.
     
    Последна измена: 4 август 2024
    На TammiB5, Misskirova и mariz им се допаѓа ова.
  8. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    3.686
    Јас со помош на Јасна ги прекинав за еден ден.

    Има причина зошто се против. Супер ти што си имала добро искуство, ама ова е како да викаш имав секс без кондом со непознат и не закачив стд, не знам зошо викаат дека треба кондом.
    Трансферот на млеко со и без силиконска е различен, бебето различно ја стимулира градата. Имаш убави видеа кај Наташа на профил, се е убаво научно објаснато.
     
    На Evangeliaa22 и mariz им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.085
    Допаѓања:
    75.893
    Пол:
    Женски
    Стварно е поразлично... каде каде повеќе исцица и побрзо без неа. Додека со неа енергија троши, не влече исто (мислам дека и не влече од сите канали) и не е доцицана.. Прееска десната ми ја фати прв пат од прва без вештачка и прв пат на подој така да ми ја омекне скроз..
     
    На Lavender13, Bella.alleB и Evangeliaa22 им се допаѓа ова.
  10. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Имено! Празнењето на млекото е апсолутно различно него ли без силиконска… да не зборуваме колку е подобро за самото бебе за да ги прими патогените од мајката, а воедно и плунката на бебето е таа што точно ја стимулира градата…
    И како не рече за Јасна? „Можеби за да имаат клиенти со ‘проблем’ со силиконските па се многу против…”
    Стварно се супер алат за рагади или општо да не се изгуби процесот на доење при тежок период, ама се слагам и со примерот на @Lavender13

    edit: јас доев 8/9 недели со силиконска и Јасна дури не ме брзаше пошо бевме тежок случај, ама кога фати без силиконска СКРОЗ беше др друго цицањето
     
    На Lavender13 и mariz им се допаѓа ова.
  11. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Па баш новите мајки треба да научат дека неправилното празнење на градата доведува до намалување на млекото- тоа е опасноста. Тоа е непоборен факт што и на мене лично ми се случи. Камо ли мене некој да ми кажеше, или да бев поинформирана…
    Малце си контрадикторна во ставововите, велиш не ги глорифицираш, ама сепак не веруваш во опасноста што ја предизвикуваат :))))
     
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.085
    Допаѓања:
    75.893
    Пол:
    Женски
    Од 1ипол до 2 цицаше со брадавичката... демек заспа и пушти (градава никаква разлика). Ја ставив во креветче и се искака. Ја земав ја пресоблекував и се разбуди. Ја вратив и цуце и дадов кое 6 пати го плукна.. не плачеше, ама ко моторче во газот убрзано диши зината и мафта со раце, нозе :?: и еве ја моментално пак на цицка од 2:25, овој пат фати без вештачката... убаво цица.. се надевам брзо ќе ја баталиме и скроз.
     
    На Bella.alleB, merriel0 и Evangeliaa22 им се допаѓа ова.
  13. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Со лесно, јас само сакам никој да не го помине пеколот што го поминав јас и затоа сум поборник да се пробува без нив. За самото бебе е поздраво
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Не давај цице, многу е мало бебе, се изморува цуцајќи го, па потоа нема да може да цица.
    Ќе биде мирно додека го цуца, ама потоа и многу гладно, а тебе ти се полни градите и нема да може да фати, па ќе плаче, нема да се смири, ќе се на голта воздух, па ќе го боли меше.
    Знам дека е многу тешко на почетокот со мало бебе, постојано на града, ама ако сакаш да продолжиш со доење, додека да пркне бебе, само на града, избегнувај цуце.:hug:
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Да, лажливка не додека не научи убаво да цица… или само Soothie на авент или happy paci на др. Браунс
     
  16. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    3.686
    Пишав во претходниот пост, јас силиконска користев до 5тиот месец и секое доење беше временски 40-50-60 мин. Тоа е неиздржливо темпо, со 8-9 подои на ден. Кога ја тргнав силиконската и цицањето беше 5-10 мин макс, се препородив.
     
    На merriel0 и mariz им се допаѓа ова.
  17. LadyInPainting

    LadyInPainting Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    На тема силиконска, мене ми кажаа во болница дека не сум можела да дојам без нив (дијагнозата нивна: рамни брадавици). Секако во тој момент им поверував бидејќи мислев дека се едуцирани и знаат што зборат, сепак секој ден имаат родилки а јас немав поима што оравам. Со силиконската кај мене немаше шанси, се мачев со денови и имав среќа што не ми секна млекото. Кога дојде Јасна и ме виде дека сум со силиконска ме праша зошто, и реков па не може без. Само ми рече ајде тргни ја, го намести бебето и во неколку обиди бебето фати. Дури и кога има рани препораката е да се работи на фатот на бебето. Секако дека тоа е мое искуство и е индивидуално, секоја мајка и бебе си се своја приказна. Консултантите за доење се специјализирани за ова, и баш ми е криво што во голем дел персоналот во родилиштата ги нема вистинските информации. Мора да поработат на едукација, ги збунуваат мајките сакајки да им помогнат им одмагаат.
     
    На merriel0, Mother of 2boys, Evangeliaa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    Исто ми се случи мене..првиот ден пост царски ми доаѓа сестрата и ми вика рамни ти се еве ти сега силиконска ама маж ти нека купи немаме доволно за сите, јас го праќам итно доаѓај купувај на празник. Носи, ставам...бебе ја шмука неа се трга целата,паѓа, џабе сè. Среќа посетував вебинар на Наташа и Јасна па смирив малце мисли,спакував силиконски и го наместив бебо.
    Муабетот ми е,тогаш баш Јасна кажа се форсираат во родилиште силиконските и каде треба и каде не треба, внимателно со нив тие се помагало за во одредени ситуации. Фала богу кај мене немаше потреба и само беља ќе направев од незнаење и доверба во сестрите таму
     
    На Mother of 2boys, Evangeliaa22 и Bella.alleB им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.507
    Допаѓања:
    172.564
    Пол:
    Женски
    Силиконската брадавица треба да е само привремено решение со причина. Меѓутоа, не е ниту невозможно да се дои супер и со неа. И јас имам одлично искуство. Првото дете го доев со силиконски цели 15 месеци. На тежина си ставаше соодветно, првите месеци и одповеќе. Градите беа доволно стимулирани дури и престимулирани на почеток, а скроз празни откако ќе се нацицаше. Нема зошто да ги плашите новите новите мајки. Секако е подобро без силиконски, ама ако не оди без, секако дека може да оди со нив.
     
    На Mother of 2boys и Bella Nella им се допаѓа ова.
  20. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Најмалку што сакаме е да ги уплашиме, сма навистина многу се форсираат. Мене одма ми рекоа силиконска откако се породив. Исто така треба да сме свесни дека сите гради се различни- некои имаат големи брадавици кои не ги збира во силиконската, некои се помали и сл- оттука почнуваат проблемите. Можеби супер одговараат на формата на вашите брадавици и не се одлепувале и не течеле…