Цела ноќ, па и сабајлево ме фаќа без неа Времето се преполови, 20мин да цица вака макс, а како добие сила сиг и помалку ќе биде (синчето памтам 7-10мин подој траеше, екстра напредуваше). Со вештачката брадавица така 40...Имам една финта со јатки од орев, па од вчера попладне ја применувам и колку толку ми се формира напред испрчено, ланолин мачкам, влажни си се одржуваат. Во болница рекоа и своето млекце е лек за разранети гради, дека има мн вит А. Ама и омекнаа малку, не се како вчера. Домче си е домче, ќе си фатиме ред. Инаку скоро секоја пеленка и е какана со златно жолтки каки, мочка, ваљда е супер знак дека убаво цица..? Ептен е успана од жолтицата, на моменти јас ја будам...
Има соодветни големини на силиконски брадавици и различни брендови така што секоја може да си најде соодветна. Нема што да се форсира, некогаш на почеток им олеснува на многу мајки. Секако, се знае како е најлесно, јас поради тоа и инсистирав со второто воопшто да не почнам со силиконски и трпев огромни болки цели 5 месеци дур фативме ред, ама со првото силиконските ми беа единствен начин да дојам. Така што не мора да се преставува како најголемо зло, битно е бебето да дои, а како, начини има.
[COLOR=rgba(0, 0, 0, 0.87)]Ај ве молам кој пробиотик да и земам? Биогаја не и одговара гледам грчеви има а ако не и дадам гледам неможе да се искака.. И давам колиеф редовно и еспимисан 2 пати @Tea SK [/COLOR]
За силиконски брадавици јас споделувам позитивно искуство. Прво бебе и рамни брадавици. Мене ми препорачаа да користам, на цимерката не. И на двете први деца ни беа. Првите неколку дена ги користев додека да се оформи брадавицата. После тоа на пола цицање ги тргав и по некој ден сосема ги откачив. Не е се црно бело со доењето. Зошто подливи, рани да се прават на брадавицата кога може да се заштитат на некој начин. Второто одма фати без силиконски ама полесно каде каде беше на веќе се оформено.
Devojki zdravo, citam po vasite komentari deka spomenuvate kinsultant po doenje/dula po ime Jasna. Vo mimentov imam predizvik vo.vrska so doenjeto pa ako moze da mi dadete nejzin kontakt bi mi godelo mnogu i ako nekoj znae na koj princip raboti ako ne mu e maka bi bila blagodarna da mi objasni. Fala vi.
Каков антиперспирант користите? До сега користев на Геровитал ама мирисот е малку појак и страв ми е да не му смета на бебе.
Кристален камен користам две години веќе, на мокра кожа се става. 24 х сум фри. Антибактериски делува
Јас конечно успеав да ја дојам овие два три дена со силиконска брадавица, иначе нема шанси, е сега доењето трае по 10 минути отприлика и обично е на една града, претходно пиеше цело шише од 150мл, дали вака со доење по 10 минути ѝ е доволно? И дали да продолжам да се молзам со пумпа редовно или да намалам сега?
Денес точно три недели. Кога се роди беше 7 дена на интензивна, воопшто не пробавме цицање, кога ја земав веќе беше навикната на шише и пиеше по 60 мл. Не е мало бебе, 3400 се роди.
Затоа те прашувам… многу пие од шише и не знам дали би наваксала. Секако ставај си ја нон стоп, види дали ќе ѝ е доволно- може нема да ѝ е проблем и ќе си исцицува колку ѝ треба…
Пак јас... Денес бебе се подосвести и е побудна. До 6 си цицаше така на 2ч. Е од 6 навака, како пијавица е. Цицаше во 6ипол, па во 8, па во 10, и еве ја пак е на цице (а цица 20-30мин). Не плаче, кенка и трча маратон, црвена пиперка станува. Може да се веќе грчеви? Вторникот е родена... Цица асално, полни пелени. Вака на пола час, 1ч кога бара, другата града да и ја нудам? Или... Давам по препорака 4х4 колиеф и 1х5 БиоГаја.
Биогајата прави запек кај многу бебиња. А штом се црвени и трча со ноџињата можно е. Масирај меше и стапалца, кај нас масирање стапалца помагаше многу веднаш после тоа какаше, ми кажа педијатарит кај што се породив. Дали имаше врска масажата или не појма немам, ама после бањање обавезно масирав и ке се искакаше. Знаеш за грчеви веќе кружни движења на меше, топло исто рака, вежбај ја со ноџињата имаш на yt многу видеа за тоа како.
Ама она па кака, скоро секоја пелена и е какана... Сега последно кога ја ставив да цица, како ја ставив прдеше и какаше. Заспа цицајки, какана.. да ја пресоблечам пак стана и беше мирна будна некое време, сега пак се нервира (закенкува, трча, мафта 200 на саат со раце и црвенее). Ама вака трча уште од 3ти ден Сега само повеќе... Дали да ја ставам вака на секое на града и на која града... хаос ќе си направам, незнам јас вака без ред Или да запазувам да има бар 2ч? Ќе видам за масажите..