Грчеви педијатар ни кажа по 14 дена дека се појавуваат, топла препока да си се снабдиш со инфакол до тогаш. Според меме најдобро бебе да цица кога сака и колку сака, па понатаму ако можете и ред да направите, иако најверојатно сам по себе ќе се направи. Моето е скоро 2 месеци понекогаш цица на 2 часа, понекогаш на 3, ноќе на 4-5-6 часа зависи.
Не се сепак грчеви, баш си е барање за цице. Се консултирав со Наташа од Доење со љубов, па ме насочи како што зошто. Најверојатно од што е успана не се доцицува некогаш (иако дреме на цицка, тоа не е активно цицање...). Кога ќе приметам дека веќе си дремуцка, а не е 1:1 цицање (влече голта е 1:1), а веќе 4:1 не е активно цицање влече влече влече влече па голта... да правам компресии. Рече нормално е и да има периоди кај што цица на 2,3,4ч, а нормално е да се случи такво cluster цицање. Битно да полни пеленки. Петок сме на првата контрола, па тогаш ќе видиме дали добро тераме..
Да споделам исто позитивно искуство со силиконски. Веќе 7 месец цицањето е со нив. Бебо напредува супер, имам колку што му треба, можеби не за замрзнување ама има и за едно екстра шише за во фрижидер. Се навикнавме така и важно ми е што воопшто успеавме. Сега гледам дека сам пробува и без силиконска и му успева, без многу да го форсирам.
Се смеам и морам да ве прашам...ќерка стана љубопитна за пупкиве, па почна да ги пипка, да штипе, ги анализира прават и вашиве вака? Се смеам и и зборам "да бе мама, од тука доаѓа млекцето"
Мајки дали ви се има појавено алергија на раце додека доите, како ситни црвени точки. Прво мислев дека ми е од топлово, од што ја држам во раце, пеленки што ставам преку рака додека цица...а се баш онакви од пот летно време што може да се појават како точки црвени, ама овие два дена приметив дека почнуваат да ме чешаат штом почне да цица од мене.Инаку се породив царски на 18.07. Денививе ќе одам на лекар, но ако некоја имала искуство со вакво нешто да сподели би ми значело.
Една недела како сме дома, навечер ме фаќаат трески па жештини а температура немам, патронажната ми рече од млекото ми е и ко ќе ми е така да се одмолзувам, ама да не си напрам беља и да молзам и да дојам? До душа тој навечер на три четири саати цица
Ќе пробам така, вака не осеќам тежина во градите нормални се меки ама треските ме омалаксуваат скроз..
Зошто може да си направиш хиперлактација и мастит. Треба да се празнат градите само колку што бебе ќе испие, особено ако нагло ти надојде млеко. Во обратна ситуација, ако нема млеко тогаш секогаш треба да се празнат до крај за да се стимулира да се создава повеќе.
Не, не почнувај ни со чај, нека надојде прво природно да не направиш проблем, па премногу да ти надојде.
Ајде сонц прати ми во приватна порака слика како ти изгледа алергијата. Јас после пораѓај воскреснав од postpartum hives и алергија на клексан. Дури бев и на терапија. А осипот ако ти е тој... коприва не е рамна. Инаку исти ден сме породени царски. Само мене веќе ми се прибира осипот.
Мајки, јас се решив се ставив на диета еве веќе 2 ипол недели сум ослабнав 5 кила се здебелив 20 во бременоста и неможам да се гледам во огледало само на тоа мислам сакам да си го вратам телото. Бебето само што ми направи 40 дена го хранам на секој 3 саата со мое измолзено млекце и супер си напредува и јаде. Но бидејќи мојата диета е ригорозна 1 на ден јадам пообилен оброк ми е страв да не ми секне млекото приметив деновиве ми треба подолго да измолзам истата количина не сакам да ми се намали кажете ми совет или некоја од вас што била на диета и доела...само не ми кажувајте да прекинам диетата зошто мр мава ма психа да се гледам ваква сакам до нова година да бидам иста како порано, млада сум не ми личи да изгледам вака..исто и за малото не сакам да ми секне млекото и да му давам АД. Ве молам за совет очајна сум .
Вака. Диета не е да се изгладнуваш и да јадеш 1 на ден без доење а не па со 40 дневно бебе! Имаш прекрасни програми на Ана и драгана фит лајф, не смееш да се оставаш со толку малце внес на калории во ден. Млекото што може да ти го снема може, него и ќе се струполиш ти негде со се детето. За слабеење се јадат 3 балансирани оброци и ужина!!! Пиши ми лп да ти пратам план за исхрана имам еден
Нема шанси да си на строга диета и да имаш млеко. До 6 недели обично не е регулирана лактацијата па може да има и повеќе млеко, ама наскоро ќе се намали, што е нормално. На тоа плус ако си со редуцирани калории, чудо би било да остане млекото. Мораш да избереш што ќе ти биде приоритет во моментов, зошто диета и доење не иде заедно. Можеби кога ќе почне бебе да јаде цврста храна, ама на 40 дена сигурно не. Инаку со доењето само со добра здрава исхрана исто така ќе симнеш килажа зошто доењето троши многу калории. Јас не знам како издржуваш со еден оброк на ден, јас додека не престанав да дојам ноќе мислам дека јадев исто како бебето, на секои 2ч, плус вода и благо еден куп.
Секако и да сакаме никогаш не може да се измолземе до крај, секогаш во градите останува 30% млеко бидејќи организмот никогаш не може да знае кога бебето ќе посака да цица пак.
Обиди се да побараш на нет, има многу програми за слабеење после бременост (една членка веќе ти посочи за програмите на Драгана ФитЛајф) кои се со балансирани оброци на ден и кои не само што ќе те ослабнат туку ќе ти направат и ти да се чувствуваш убаво. Ригорозните диети само ќе ти направат проблем после некое време, нема да можеш да го издржиш заморот што ќе ти се јави за брзо време. Хормоните сега ти работат за да се вратат во нормала и нормално е да не ти се допаѓа тоа што го гледаш во огледало, но верувај дека имаш време да мислиш на слабеење. Сега фокусирај се на најубавото нешто што го гледаш пред тебе, твоето бебче бидејќи доењето и те како троши калории и прави се за да можеш да го доиш и понатака, и со балансирана исхрана, со три оброци на ден, со ужинка, течности само плус ќе си ја постигнеш посакуваната тежина.