1 оброк на ден не е диета, непотребно изгладнување е. Јас сум на постење 14 саати откако направи малово 40 дена. За некој ден ќе прави 2 месеци, до сега симнав 14 кила, а се здебелив 20 во пораѓај. Инаку да, ќе ти секне млекото ако не јадеш доволно калории. Стави се на режим со здрава храна и ќе ослабеш. Јас со првото се здебелив 24 кила, за 4 месеци се вратив на почетна килажа, а не гладував.
Како човек со вишок килажа тотално те разбирам. Во доење треба плус 500 калории да внесуваш од обично, а камо ли да не јадеш… сите девојки горе ти напишале сѐ. Јади повеќе протеини, месо, риба во сите варијанти, салати со месото и ќе видиш како ќе симнеш. Мора протеин за да се топи салото, вака само мускулната маса ја намалуваш. Имаш протеински пудинзи ако те фати стрф за благо, чоколадо за дијабетичари. Значи протеини, ВОДА и секако помалку стрес
Мајки ми стигнаа прслучињата. Две прслучиња со достава 850ден. Супер се, мек убав памук.. Спојлер: Прслучиња Од тука тие. Имам неколку прашања: Нормално ли е бебе да не ждрига после цицање? Ретко да ждригне... Што смеам за главоболка? Ми почна главоболката (нус појава од спиналната) од вчера. Ја имав и со првиот царски и траеше мин една недела... Главата страшно ме боли при седење и стоење, а при право лежење на грб не.. Толку ме боли што не можам очи да отворам убаво... Бруфен смееше?
@mariz и моево бебе ретко ждрига. Вчера педијатарот ми рече дека е нормално и да не се грижам. Мене тоа ми беше прво прашање бидејќи ми беше страв да не не правам нешто ко што треба.
И мене таму одма ми оди паметот, дека не цица доволно и затоа не ждрига.. А не ни бљуцка. Со другиве ми се случувало ако не ждригнат да бљуцнат после.. Едвај чекам петок контрола..
Може да не ждрига, бебињата кога цицаат- кога убаво фаќаат града и прават вакум не ждригаат- барем има такви случаи, едноставно не голтаат воздух. За глава кетонал и бруфен и многу вода
Ама зошто тоа само кај мене не е случај сите ми викаа ќе доиш ке ослабеш, јас не можам да се соземам од апетит. Ниедно кило не симнувам, само си накачувам. И Драгана и Ана се живо уплатив, ми се јаде и ми се јаде. За благо да не зборувам. Никогаш во живот не сум имала проблем со килажа, сега сум очајна! Не знам дали некогаш ќе бидам пак како што бев. Целулит имам за извоз, а на антицелулитни не смеам.
Епа ете свесна си и сама дека од јадење качуваш. Особено од благо. Инаку доењето троши многу калории, ама проста математика: ако тебе ти треба 1500 за да функционираш, +500 за да доиш, а јадеш над 2000 калории (што многу лесно се надминува со лоша исхрана), нормално дека ќе качуваш тежина. Со првото дете качив 12 кила во бременост и на 10от ден од пораѓајот сите ги симнав. Ама затоа кога удрив на јадење заради доењето, а после 2-3 месеца доев само 4 пати на ден, до 5от месец веќе качив 3 кила. Во 5те години до втората бременост качив уште 2-3 кила. Пак во бременост качив 12 кила, и пак ги симнав, ама тие вишакот од претходно останаа. И сега еве бебе е 5мес и пак почнав да качувам. Ама овојпат на време реагирам. Само благото да го скратам, и убави оброци да јадам наместо мачканици, повеќе салата, и пак со доењето ќе се стабилизирам. И да не го симнам вишокот барем да не качувам повеќе.
Јади додека си бремена па јади и сега додека доеш ќе фати 2 години више ..2 дена пред пораѓај добив и стрии на стомакот градите на ништо не личат ...само што завршило доењето еве пак поминале 3 саата па пак поново истото. Голема жртва е ова не ни бев свесна на почетокот ...криво ми е цело време се споредувам со други девојки на улица па и со самата себе пред бременоста... кога бев последно на цтг пред пораѓај до мене една жена со стомакот цел покриен у стрии од горе до доле ми се слоши .
Нема потреба од споредби. И зошто толкав притисок да се врати телото толку брзо? И да не се врати веќе никогаш баш истото тело од пред бременост, да сме здрави и живи. Излегол човек од нас. Можам да живеам со тоа градите да не ми се веќе исти, многу побитно ми е доењето. Преблагодарна сум што можам да си го хранам бебето со градите, па како сакаат нека изгледаат. А не, никој не вели да се јаде во бременоста, баш сите нагласуваат не јади за двајца. А за време на доење ете сите пишале дека се трошат екстра калории. Нема друг начин освен хранење правилно, балансирани оброци колку што се може и некаква активност.
Мене ми е со стрии од горе до доле, цела сум. Нема потреба од лошење и споредби… човек донесов на свет, па плус и патолошка со атрофирани мускули
И јас сум со стрии на стомак,на гради,нозете цели,градите ми се овиснати од што доев и си го сакам телото такво какво што ми е. Мајка-Една титула погоре од кралица. Што би можело да е поважно од нашите деца?
Не е сеедно кога ќе се погледнеш во огледало и не ти се допаѓа тоа што го гледаш , кога се прашуваш дали маж ти сеуште го привлакаш, кога ќе одиш на плажа и сите топ а тебе ти е срам во купаќи да се облечеш. А кој ќе ти каже фала никој детето не ни знае што жртва сме дале за него. Затоа колку и да си викате не ми е гајле задоволна сум си не е така и никогаш нема да биде сеедно особено за некој кој е опседнат со изгледот како јас.
Јас оваа бременост се поправив 18,да не кажам 19 кг.со близнаци бев. Ги дојам,само да доење се,не сум на диета,јадам се'што ми се јаде и благо и сите салтанати...за еден месец си вратив стартната килажа.64 кг. Со доење може да се изгуби килажа и те како. Така да можеш и ти. Само напред. Диета и доење не одат заедно.
Имаш време да си се средиш, и убаво е за менталното здравје да го направиш тоа, но не си прави притисок дека тоа мора да се случи за неполни два месеци од породување, и не по цена да снемаш млеко, потешко ќе ти е ако не доиш мислам. Јас од доење и не јадење благо и газирано се вратив скоро на истата килажа од пред бременоста за неполни два месеци и се радувам за тоа, убаво е секако но не по цена на млеко. Ќе ослабиш секако, стриите нема да се познаваат толку со тек на време, уживај во овие мигови на новороденче, не се враќаат, а твојата килажа ќе се врати.
И јас сум далеку од килажата што бев а веќе три месеци имаме. Слаба бев без ниту една стрија, сега сум цела стрии во бутовите и проширена во колковите. Не дека сега изгледам дебело но сум далеку од тоа што бев и ниту едни фармерки/панталони/фустани со патент не ми се точни. Нормално, сакам да си ја вратам килажата но не се преоптеретувам дека морам сега и веднаш. Пред се сум пресреќна и преблагодарна што го имам син ми, па се останато е во втор план и се постигнува со тек на време.
Нема на ништо да личиш ако ослабеш така брзо, верувај. Со нормална исхрана и малку вежби, пешачење да... ама вака со таков строг режим, после тоа може слаба ќе си ама како болна ќе изгледаш... и мускулите и масно ткиво, се ќе ти отиде. Подобро постепено, него само коски и кожа да си. Подобро периодов оди обнови купи нешто во кое поудобно ќе се чувствуваш.