Тој го земав по препораката на педијатарката од вакциналниот пункт. Ми рече имало различни култури за разлика од рекол-от што ми го препорачаа од Ремедика. Секој користи различни пробиотици, има и Биоагаиа
Биогаја не и одговара ич, откако тргнавме скроз пробиотик почна да си кака редовно... А тоа што ни пиша за енергија како ред бул дали може да предизвика грчеви?
Кажи ми еднаш или два пати дневно даваш? Ја нешто не сфаќам од упатството, вика еднаш до два пати 7/8 капки за деца со царски и предвремено родени. Мојов е со царски и не знам дали 2 пати да давам
Моево бебе е од старт со зелени каки во сите нијанси. А супер напредуваше. Ни грчеви немаше. Сега е веќе 8 месеци има два оброка и уште зелено се кака. Педијатарот вика нормална е секоја боја освен црна и бела нема место за паника.
Јас ги користам овие neonate, културите во капките се лактобасиликус уствари што ги има во ферментирана храна со сол, што уствари е најздраво нешто што може да се внесе коа се има проблем со желудник итн.
Мајки досадна сум, ама морам да си прашам и ова... Бебе е 9 дена, млеко ми дојде на 4ти ден. Градите 5ти ден ми беа камен, дента кога ме испуштаа. После нареден ден омекнаа и бебе фати и без вештачката брадавица ви кажав цица супер. Од вчера мн некако ми омекнаа, денес и повеќе.. ме фати паника, дури и се изнаплакав да не ми секнува млекото. Нормално ли е вака брзо да омекнат?? Трето бебче. Првото само доено, со второто ми секна и мака мачев до 4,5м (ама она не сакаше да цица). Инаку да напоменам со второто многу брзо отидов во хипер со тироидната (дека продолжив со качената доза во бременост и по пораѓај). Нешто да не има пак врска тоа... Утре сабајле одам да проверам хормоните... Дои ли некоја со хипотиреоза и хашимото?
Од кои силиконски брадавици сте најзадоволни? Авент и Медела ги гледам на Зегин, Нип во локо кроко..и како се одредува С/М големина? 12 дена денес, уште сме на измолзено млеко, поминува жолтицата па сакам да пробам да видам со силиконски дали ќе имаме успех да се откачам од шишињава
Јас ја имам истата дијагноза и дојам веќе 4 ипол месеци. Не би требало да има врска зошто јас по препорака на докторката што ме следи контрола на хормоните направив после 2 месеци од породувањето, кога и ми ја намали дозата на еутирокс што ја пиев во бременоста зошто тсх беше 0.04, сега правев пак контрола со новата доза и вратено е во нормала. Млеко имам, само на доење сме.
Јас за две недели тогаш отидов во хипер. Утре ќе проверам зошто на 6х100 и 1х125 сум, а нетрудна баш помала доза пиев... Џабе паничам најверојатно, дека трето воспоставена е брзо лактацијата... мека градата баш, а извадив од неа 100мл Дојам лева еден подој, десна следен подој. Инаку денес гледав на мин 2ч да цица, па вака каките и се подобри. Така како што прави на 1ч, дека успана цица изгледа цело време од почетното млеко од напред, брзо се вари тоа и затоа за 1ч е пак гладна, а каките водлести и зеленки...
Исто и јас, нетрудна пиев секој ден по 25, а трудна стигнав до 3 дена по 50 мг и 4 по 75. Ако со пумпа вадиш толку, а плус бебе напредува и си кака не би требало да го снемува млекото. И мојава на почетокот цицаше на секој саат по пола саат ама плус стави дремење тука, немаат сила и многу малку цицаат, затоа и брзо огладнуваат. Не се секирај, ќе биде добро.
Мојава е три недели стара, исто млеко ми дојде 2-3 ден после царски, на почеток ми беа градите цврсти, од пред една недела меки ептен, ама еве си цица, се измолзувам исто си има млеко....не се грижи мислам дека штом си цица си се регулира лактацијата така како што треба, градите си произведуваат млеко онолку колку што е потребно за бебче. Инаку и јас сум со хипо, во бременост бев со 100 преку недела, викенд 125, штом се породив намаливме на 100 сите денови. Мене ми рече ендокринологот прва контрола после месец ипол-два, маклу да се средат хормони и тело.
Бевме на контрола, а јас сабајле крвна правев и се е хаотично (најверојатно нормално е све тоа од шок на организмот), а може и главава од се тоа ме боли. Железото и хемоглобинот супер ми се. Има доста изместени вредности горе доле, но шеќерот особено ме загрижи што ми е 3ка, а ноќеска во 3 пиев сок од јаболко... глава многу чудно ме заболува преку ден, најверојатно бетер ми паѓа. TSH ми е 1... за уште една недела јас во хипер ќе отидам. Вака и со второто за 2 нед отидов мислам во хипер со 0. И тоа сега од страв два пати и сама испив помала доза деновиве... И пуштив резултат на докторката, па ќе видиме што ќе рече. Бебе е одлично! 3730г, а саботата со 3500 ја испуштија. За 6 дена има качено 230г. Значи супер цица Градите што се омекнати, воспоставена е лактацијата брзо. Како бебуш повеќе ќе бара и повеќе ќе има. Зелената кака е најверојатно од брз транзит рече, од многу што цица. Ама чим има и жолтко, да не се грижам. Слики и покажав Рече друга е каката од гладно бебе или од интолерација...
Нормално е да се изместени резултатите од крвната слика, многу малку е период е поминат откако си породена, јас планирам за два месеци да правам крвна слика заедно со контролата за ТСХ.Вака за сега ти е ок ТСХ- то ама види што ќе ти каже и доктор. Главоболки имам и јас ама мислам од неспиење ми се, мака мачиме со грчеви ние и неможност да се искака по 2-3 дена.А успеам да дремнам малку ми поминуваат. Супер напредувате мајка не се секирај.
Јас сум со хипотереоза и успешно доев 20м едно и еве веќе 13м друго бебе. Во првата бременост ,во текот на бременоста ми ја покачи терапијата од 75 на 100мг, после пораѓај по 2м правев контрола ме врати на 75мг. Од тогаш навака ми е непроменета терапијата и покрај втората бременост. Тсх ми одеше со вредности и под нула,не знам точно ама 0.05 пример но не ми се промени терапијата. Ова за да те утешам да не се плашиш. Почекај за било какви испитувања дури и за крвна слика е рано,сеуште е се пореметено,барем еден месец почекај. Честото бебче За доењето,внесувај течности,сок,чаеви, упорно ставај бебче на града и нема да имаш мака ако сакаш да доиш.