Од 9 сабајле до сега воопшто не е заспан. Цело време бара да цица и го преместувам од една града на друга. Но, само влече, не голта. Пробав со пумпа млеко речиси и да нема на едната града, а на другата ич нема. Му пишав на педијатарот што да правам. Не знам како да стимулирам за млеко ама и за него ми е жал, се мачи од сабајле.
Мојот првиот месец цицаше на пола саат по 20 мин на града..Ако полни пелени не се секирај, ден денес со пумпа ништо не вадам а бебе си расти. Пробај со силиконски или пумпа за да извлечеш брадавици да може да фати. Инаку мене сок од јаболка ми помогна и чајот за доилки на алкалоид и многу вода. Инаку за стимулација после доење пробај пумпај ама пази може многу млеко да надојде.
Бруфен. Мене секој ден ме боли.. ама првите денови неподносливо кога беше се напив бруфен. Не се лачи низ млекото..
Имам мака, скоро 40 дена сме, на секој подој после прва голтка шприца млеко (премногу дури од две трк дупки), бебе јаде среќа не одбива ама прима многу воздух така па после мака си имаме со грчеви. Логично ми е пред секој подој молзење и да не тече толку многу, ама како да знам кога ќе цица, некогаш е пола саат некогаш 4-5 саати ја нема, а шприцањето се случува и по пола саат и по 4ч. А да молзам од прилика на 2-3саати исто ми е ризик зошто ќе се прави повеќе млеко, чаре? Да почекам регулирање на лактација, до кога се случува тоа? Тогаш претпоставувам нема да е така? Дали секогаш ќе тече млеко, дали стално ќе сум со влошки? Првото дете до втор месец ми се одби од цицка заради истиов проблем, се давеше. Во кои позиции примаат најмалку воздух? Вака брадавицата цела ја фаќа, мало бебе е 2500гр е сега мало усте има ама немам болки и си влече нормално.
И моето првите два месеци беше така, постојано на града, ако го оставев во креветче одма плачеше и така по цел ден, навечер само ќе сврзеше два саати сон. И јас бев загрижена дали цица, само гледав дали му е мочкана пелената и првиот месец го носев секоја недела на мерење. Пумпата не е мерило дали имаш млеко, и јас ништо не можев да извадам, ако полни пелени тогаш нема што да се грижиш. За стимулација на млеко само бебе да цица и повеќе течности.
Пумпата не е мерило за млеко. Инаку и моите беа така цело време бараа, некогаш и ко цуцла ме користеа... продолжи си, нека цица кога сака и колку сака. Ќе помине и тоа после ќе почне да се интересира и за други работи повеќе... сега цицето е интересно
Утеха плиис. Бебе е скоро 4 месеци, веројатно не фати четврт скок. Со доењево сме крш, воопшто нема трпение, влече неколку пати и ако не дојде одма млаз ... вриштење. Па го шетам од града на града додека да дојде млеко. Ама потсвесно паничам. Вака е кај сите? Инаку вака си мочка и кака баш обилно на ден два.Од сам почеток е на ексклузивно доење Бебе е и по буцко, последно мерење на точно 3 месеци беше 6кг. @marama Тоа што бара млеко е и рефлекс, се вика rooting reflex, и е сосема нормално да го има, моето исто беше. Ако полни пелени според мене нема простор за паника
Неможеш некако да ги измасираш пред да му дадеш да цица? Да почне млаз да прска и тогаш стави го на града за да почне одма да му иде млеко
Кога ќе заврши со цицање пробај рачно доизмолзисе за да не ти тече во градник. Пред да му даваш да цица исто рачно набрзина 2,3 мин стисни ја на повеќе места градата за да истече силниот млаз За регулирање на лактација и ние мака мачиме пошто преку ноќ цица еднаш на 3-5 саати а денски си бара почесто на саат, два и многу повеќе млеко ми се прави и често сум со грутки, температура и тврди гради. И секогаш млеко најмногу ми надоаѓа преку ноќ а јас заспана сум за да молзам и кога ќе станам веќе е касно од тврда града никако не ми излегува млекото а бебе неможе да ја исцица. Незнам како да воспоставам ред денски да цица на 3 саати
Секогаш кога ќе бара да цица, купивај време. 2-3 минути думкање, 2-3мин шетање низ дома, измиј му ги рачињата, пушти цртани... што и да е, макар и по 1 минута, само да проаѓа време. И да речеме ќе одолговлечиш за 15мин. Ќе биде малку погладен и ќе исцица малку повеќе. Следно цицање пак исто. Наеднаш нема да смени од еден саат на три, ама ако секој ден зголемува за 10мин, за една недела ќе стигнеш до 3ч. Две деца имам, со двете вака ставив ред. Со првото на околу 5 недели, со второто на 2 недели.
Ауф ние сме 5 месеци и цица бебе на саат и пол два, ако не му дадам вришти. Пред спиење обавезно мора..А дремките му се кратки и јас не знам как да му поставам ред? Пред 4тиот скок барем саат врзуваше сега 30 40 мин.
Ништо страшно ако вришти, еве 3 мин нека вришти. 3мин можеш да го подржиш во раце, да го подлажеш, да проаѓа време. Денес 3мин, утре 4, задутре 5. Ништо не се прави преку ноќ. А за редот, најдобро е спиење-јадење-играње. Да цица после дремка, да не заспива цицајки. Временски кога треба да цица во денот ако сакаш ќе ти кажам според возраста (јас се водам според тренинг за спиење), ама тоа е ако сакаш строг распоред и рутина. Инаку доволно е само да се следи циклусот спиење-јадење-играње. Вообичаено со тек на време сите бебиња влегуваат во циклус од 3-4 часа.
Не. Напиј се слободно. За разлика во бременост кога секоја капка алкохол се излачува во постелката. Чаша вино, или ете узо шат пат додека доиш нема да направи никаква промена. Потребно е големо количество алкохол за нешто да се излачи во млекото.
Благодарам. Алкохол не бев пиела уште кога бев во припреми за ивф,во бременост секако..е сега си реков ќе пивнам една. П.С.женското и нема грчеви..можеби го најдов лекот.