Добро мајки, колку временски остануваат на града? 5++ е, не седи повеќе од 3мин. Го слушам тоа звукчето на голтање кога му надоаѓа и толку. После се трга, од другата уште 3мин и нацицан е. Дали е тоа нормално?
Да, ако си напредува убаво. Некогаш повеќе некогаш помалку, почесто поретко. Се е нормално и кога ти се чини ненормално.
Здраво мајки, да се приклучам и јас овде со доење во најава Ми треба совет како да стимулирам млеко да надоаѓа. Породена сум завчера природно, бебе фаќа и влече супер но млеко сеуште нема. Почнувам да се нервирам и фрустрирам многу сакам обој пат да дојдам. Ве молам за искуство и совет…
Мене првото за макс 7 мин ми беше нацицан. Па после дури и бљуцкаше. Ама супер напредуваше и немавме гајле. @Bonnie Top и јас со третово бев запната да дојам (второто беше до 5м комбинирано, но повеќе на Ад), после само на Ад. Третово од старт го барав да е што повеќе со мене. Дома како дојдов, вадев млеко дури и сеуште а осетам дека премногу меки ми се.. стимулирам со молзење, а и она дреме на секое на цице. Среќа што одма фати цице, ужива мислам додека си цица (со второто мака мачев, се боревме на цицка). Пијам мн вода, чај за лактација, леден чај и сок од јаболко и јадам убаво.. не се штедам, ќе слабеам понатаму Родена 3720, испуштена е 3500 на 5ти ден, после 6 дена (11дена кога беше) беше 3730 - вратена родилна, плус 10г. 7 дена од тој преглед, денес бевме (18дена е сега), 4120... 390г за 7 дена ставила Веќе не и се секирам
Не. Навечер врзува сонче ама се случува на 2 3 саати да станува сега у четвртиот скок и регресот, и од двете гради цица и го гушкам да заспие...
Пак јас 20 дена сме денес..од завчера немаме какана пелена, ама затоа мочките потешки од него Ми рекоа до 7 дена да не се искака океј било..инаку само на доење сме.. Денски бара да цицљ на 2 часа, а 2 ноќи по ред навечер си станува на 3ипол часа. Дневно сме на 8-10 подои. Се мислам да не е гладен, ама па нема да спие и да биде мирен ако е изгладнет Што мислите? Инаку овие 2 ноќи и двајцата сме наспани и одморени, посмирени преку ден
Можеш да земеш лактил капсули, лакта микс чај, овесно млеко, овесна каша, пиво безалкохолно и вода многу . Мене ми помогна ова многу
Мајки, ви се будат ли таман на време, или ги будите? Ако ги будите, како? Нас знае да ни се деси денски да е раздразливо, да не заспие ич, а ноќе да сака да врзи повеќе од 3 часа сон. Сабајлево што ли не пробавме да го разбудиме, ма не бре, си спие нема гајле. И на тераса го однесовме свеж воздух да го фати, го пресоблековме, си спиеше. За после 40 мин. оттогаш да се разбуди свеж.
Ја будев на почетокот зошто беше со жолтица (баш жолтка беше по кожа и жолти очиња).. или ќе ја пресоблечев или ќе ја измиев со водичка на лице. Ама она и полузаспана па фаќа да цица... Сега ноќе спие 3,4ч. Некој ист ред фативме цица 11,12, па 3,4, па 6,7 сабајле и на секое продолжува со спиење. Некогаш 3 часа се, некогаш и 4ч, повеќе од 4 не се случило.. како навиена е за цицање.
Не можам со доењево. Си цица на 2,3, 4 часа зависи како е расположен ама многу лошо цица. Ме стиска со непцата, си игра со брадавиците, тегне, си се подместува и секое доење се неиздржливи болки. Се мачкам, почесто се туширам, држам шише со топла вода на градите демек ќе намалам болка ама не помага ништо. Кога се обидувам да го наместам убаво да не ме стиска не фаќа никако.
Издржи.. ќе се намали болката. Мене сега само на почетокот многу ме боли, уште левава многу повеќе. А не отвара уста убаво, буквално како ја доближам ми ја шмукнува брадавицата со скоро затворена уста.. А нели за да не боли треба убаво со се ареолата да лапне. Мојава преку ден е на саат, пола саат на цицка Ама мислам со тоа цицање на секое ќе се средат градиве
Немам ни пробано искрено, а и двете цицаат од прво фаќање ептен силно. Некоја посебна техника употреба или?
Imam mleko, cicame... AMA mn loso fakja Nemozam da izdrzam. Dvete bradavici mi ispukaa, krv, bolka nevidena Se mačkam so lanolin.n Eve deneska se molzam Nenozam da ja dojam I i davam od shishence od mleko bar da mi zazdravat den-dva Mlekoto sto go izmolziv ima rozenkasta boja i sega sto da mu pravam? Da go isturam ili da go dadam? I da bi cicila bi bilo isto, ama neznam ..sto velite?
Со ништо сѐ уште, нека ти дојде природно прво, после продолживај со капсули и чаеви. Може да направиш мастит, па уште поголем проблем да имаш.
Што избегнувате, а што користите за +\- на бебето? Пример дезедоранс не користите, млеко за тело? Од храна пр. печурки, јаткасти плодови заради алергии, млеко заради грчеви, витамини дали зимате за пренос на бебе? Ортопед ми кажа б комлекс да зимам. Се што знаете посочете ми ве молам