1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    Јаткаси јадам, се препорачуваат за зголемување на колична на млеко, дезедоранс секако користам, млеко со безкофеинско кафе пијам, витамини земам пре мама.

    Грав, брокула, накои видови на морска храна избегнувам.

    Кафе само безкофеинско, ретко со кофеин.

    Јадам мноооогу овошје, секакво, од зеленчук лупен патлиџан.

    Бебето само 2-3 недели имаше грчеви и само на тие малку работи пазам.
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.914
    Допаѓања:
    7.222
    Пол:
    Женски
    Се јадам освен грав, грашок, леќа.
    Дездоранс, рол он, млеко за тело, креми ноќни, дневни, рол он за очи, се си терам како и претходно.
    Пијам Фемибион.
     
    На Carpe Diem New и gothchick им се допаѓа ова.
  3. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.835
    @Bella Nella @Tea SK баш пред саат време комшика ми рече бустај имунитрт цеди лимони, портокали и после вика аа ама не можеш цитрусни овошја, па продолжи со други совети и муабети. Нешто вакво? До сега јадам се, и благо и зеленчук и млечни производи, малата има грчеви. Со големата сите видови на капки ги пробав ништо не помогна одвен времето што помина па прекинаа сами од себе. А беше на почеток комбинирано после само АД.
    Дезедоранс купив некој природен, парфеми не ставам ај да не и тешко сега бар дур е мала, млеко не мачкам тука негде прочитав искуство бебе нејкело да цица, аман овој пат имам мерак и желба да дојам, сакам да е позитивно искуство ама зар година дена нема лимон да јадам (пример, не дека до лимон ми дошло) или нема да се средам или препораките се само за на старт.
     
  4. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Лимон може разреди го со вода да не е коцентриран. Јас си пијам
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Leonessa Moon

    Leonessa Moon Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2023
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Одличен совет и споделено искуство.Благодарам
     
    На Igle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    Лимон пијам наутро со вода, други цитрусни не, го заборавив тоа, sorry.
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.914
    Допаѓања:
    7.222
    Пол:
    Женски
    Јас ќерката ја доев до година, ништо не пазев немаше грчеви.
    Сега синко пробав и да пазам, тестирав еден ден само ориз и стек јадев, пак грчеви имаше.
    Млеко не мачкам на гради ама раце, нозе, стомак цел живот мачкам и сега од прв ден, си цица, и ќерката исто беше.
    Парфем исто ставам за излагање, не гледам дека нешто му смета.
    Препораки не следам, а двете си цицаат од старт.
     
    На warrior, Leonessa Moon и gothchick им се допаѓа ова.
  8. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.941
    Допаѓања:
    69.385
    Пол:
    Женски
    Можеби некоја е упатена повеќе, дали може да се оди на ласер додека се дои?
     
  9. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Девојки дали користите дезодоранс додека доите?
    Во родилиште ми рекоа ни под разно, само сода :wasntme: Еве ставам, ама ме иритира и не заштитува од миризба + со доењево на 2 часа се туширам и пак се осеќам..
    Додека пак еве другарки ми викаат живи глупости, користи си се како и претходно :?:
     
  10. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.326
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    Зошто ни под разно? Има некои кристали, мене тоа не ми помагаше. Користам без алуминиум што е зошто и вака не се трпам а не па уште со сода да се мачкам
     
    Последна измена: 18 август 2024
    На angel4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.122
    Допаѓања:
    12.783
    Пол:
    Женски
    Истиот дезодоранс што си го користев и претходно. На тоа потење и смрдење, уште да не користам дезодоранс, сама себе не можам да се трпам, а не на сите околу да им мирисам.
    Сфаќам да се оди на се природно за добро на бебето, ама мислам дека се претерува. Не пушам, не пијам, не го јадам дезодорансот па дека ќе му смета на бебе. Мислам најмалку што можам да наравам сама за себе е да не мирисам на испотено.
     
    На warrior, Marsi*, marrisa и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Со првото пробував да ги извлеќам брадавиците со шприц, со пумпа, ама на почеток џабе беше, пак не фаќаше. Се додека не зајакна малку се мачевме. После тоа не ни извлекував веќе, само си фаќаше.
     
    На Bella Nella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.914
    Допаѓања:
    7.222
    Пол:
    Женски
    Дали додека јас сум болна, се лачат антитела за бебето во млекото?
    Од вчера сум со стомачен вирус, многу ми е страв за бебево.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    5.211
    Пол:
    Женски
    И јас имав рота на два месеци кога беше, она само почесто какаше и јас цело време на града ја ставав. Нејзе и помина за еден ден мене ме држеше една недела.
     
    На sani99 и Tea SK им се допаѓа ова.
  15. LadyInPainting

    LadyInPainting Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Да, се препорачува почесто цицање баш од таа причина. Бебето и да покаже симптоми полесно ќе го помине вирусот со цицање.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.086
    Допаѓања:
    75.895
    Пол:
    Женски
    Стик си ставам, истиот Рексона од претходно...и со првото и со второто имам користено..
     
    На angel4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. HeLenna

    HeLenna Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    1.175
    Пол:
    Женски
    За мајките кои се фарбаат, каква фарба користевте додека доевте?
    Во бременост користев без амонијак, сега се мислам.
     
  18. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Vasi iskustva so izmolzuvanje i davanje izmolzeno mleko isklucivo nekolku meseci?
    Kako odrzuvavte laktacija, kolku cesto molzenje vo tekot na denot za da imate spremen obrok za cel den i nok?
     
  19. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Многу зависи од човек до човек, мојата приказна е тешка. Имав неуспешна доеничка приказна од различни фактори и бев приморана да се измолзувам. На почетокот се измолзував почесто- на два часа, сега на три со што и вечер спијам по 6 часа. Млекото ми се намали поради тогашните проблеми, но секако одржувам лактација и бебето прима од 500/600 мл во ден, другото надополнуваме со формула. Нема филозофија- почесто молзење само. Ќе видиш сама ќе си направиш ред- зависи колку молзиш. Ако детето пие 100 мл на оброк, а ти молзиш 150 тогаш си на коњ. Јас немам толку оброк за оброк- еднаш во денот се случува толку да измолзам. Собирам во шишенца и како доаѓа оброкот тогаш му спремам шише. Имам грејач единечен на Кикабу ПРЕЗАДОВОЛНА СУМ. Не беше ни скап
     
    Последна измена: 19 август 2024
    На n0Limits му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    Јас и мојата доеничка приказна со силиконските брадавици заврши.

    Од радозналост пробав без нив, инспиририрана од коментарите овде, претходно не ни помислувајќи да пробам, и се случи на средина на цицање ја извадив и бебе продолжи со 2 секунди чудење да цица како секогаш да цицало така, јас во ШОК.

    Разликата од моето искуство, со претходно дете година дена доено така и ова два месеци:

    Не вријам брадавици.
    Не се плашам да не ги заборавам.

    Пресеќна сум, и полесно се осеќам.

    Од одлично искуство не помислував да пробам да тргнам, а требало …

    Еве денес веќе 4 пати цица без нив со 3 секунди како чудење и потоа супер си влече.
     
    Последна измена: 19 август 2024
    На Bannana, mariz, merriel0 и 4 други им се допаѓа ова.