Еве јас го хранам исклучиво измолзено млеко напорно за напорно на почетокот беше на 2 часа сега е на 3 часа и дење о ноќе . Молзење на секој 3 часа ми се покачи млекото од 60мл на 150мл по оброк станувам и навечер гледам да станам пред него за да нема плачки. Има некој предности што точно знам колку ми испило детето, што секој може да му даде а јас да излезам но ќе се издржи уште неколку месеци , малиот ми е скоро 2 месеца.
Истово ќе го кажев, тоа ми е олеснето- се прашував зошто немав среќа вака онака, може требало вака да биде. Во меѓувреме ми излегоа професионални ангажмани кои изискуваат да ме нема на два три саати на ден, баш сум раат. Знам дека е најаден, има кој да му даде. Само ми е криво за количината на млекото, не ми се зголемува и се мислам да земам хендс фри пумпа да можам на два часа да молзам
Молзење на 3 часа. На почетокот ми беше полесно, бебе ќе го легнев во креветчето и беше мирна. Сега искрено како расте така е позахтевна и молзењето ми стана потешко, не седи сама, лази, се исправа секаде, па морам да темпирам она да спие јас да се молзам а не секогаш оди по планот бидејќи поголемиот дел од денот сме сами. Од друга страна знам колку испила но морам да темпирам и за излегување да јаде пред, па колку време може да стои надвор млекото, па дали ќе одиме негде каде што можам да стоплам ако земам од фрижидер. Па миј шишиња и делови од пумпа, стерилизирај и така до недоглед. Да сумирам мене ми е тешко и мислам дека не би пал за второ.
Можно ли е да прекине млекото ако добиеш менструација? Пред два дена нешто пак почнав да крварам, не обрнав внимание тогаш мислев уште се чистам (се породив 14.07.), денес веќе ми проби онака убаво, на цела улошка крв и стомак ме боли. Е сега вечерва првпат ми се случи да ми снема млеко, ја доев пред два саати, сѐ беше во ред, дури и се молзев претходно, сега ја ставам на града гледам многу нервозно влече и не заспива, ја тргнав да видам како ќе реагира, ќе ме изедеше, ставам на друга града исто... Почна да плаче, да вришти среќа имав купено вештачко за не дај боже, па и дадов такво, ама еве ја сега нервозна и не знае како да заспие Има ли шанси да дојде млеко? Немам искуство прво дете ми е ова. Кај некоја друга да не се случила ваква ситуација?
Не дека толку ти снемало колку што бебето го тресе пмс. Не дека стварно е така, ама така најлесно е да го објаснам. Со двете деца го искусив тоа, со второво ептен. Дури викав му смрдам на бебето изгледа. Одбива да цица, а од шише сакаше (и замрзнато млеко и тазе измолзено). Ми се намали малку и млекото, ама се врати во ред за некој ден. Среќа имав многу замрзнато, па не морав да дадам ад. Муабетот ми е, нормално е да е нервозно бебето, истерајте некој ден како ќе биде најлесно, и после ќе се врати во нормала.
Ова па сака само да цица, од шише не сака веќе, шишето го испи ама не заспива така... И вака секој месец ќе се повторува? Да знам и јас да чувам млеко за следен пат.
Со првото дете 3 пати, со второто 2 пати ама полошо поминав. После тоа веќе не се осеќаше никаква разлика кога ќе добијам.
Еее видиш Тие кога ќе добијат сила за влечење, влечат и на рамно И стимулацијата е поразлична кожа на кожа. Мене место помалку да ме болат, повеќе ме боли... бебе е алчно, како влече така цел подој буквално ме штипе (а не беше вака, ме болеше ама само први 2,3мин од цицање) И на двете имам ранички со крвче... ај викам да ја одморам левава, многу е расцветана.. ставив вештачката брадавица и ШАНСА немаше да фати, се грозеше од неа Кога ќе престане болкава, има ли надеж? Сум заборавила вака дека долго болело... Бебе е 22 дена.. Како цица јас така вилица стискам и главава ми се клати лево десно од болка Зошто вака штипе... Дури и после прекин на цицање мене уште 15мин ме штипат брадавиците..
Мислам дека болката во мозок ме мава. Исто, неиздржливи болки имам, ништо не ми помага. Мојов лошо фаќа, плус си игра, плус стиска со непцата кога не цица, па ја влече брадавицата. Не очекував дека бебе од 25,6 дена ќе си игра, него дека ќе фати и ќе цица Секое доење сум препотена, глава ме боли, а жал ми е да го оставам, плус ад пие многу малку и пак си бара града.
Мојава па не игра, ја ставам на града и без да претне влече ко вакум некој... ја празни градата и уште после на празно влече и неможам да ја извадам. Ноќеска 40мин, градата издишан балон веќе она си дреме влече.. едвај прст и пикнав за да ја одлепам од мене И така да..и по подој мене градиве ме болат, штипат... Преку ден е нон-стоп на цицка. Ми викаат прави и ред на 2ч, ама нема шанса. И нови цуцли купивме кои демек повеќе ги фаќа.. ама јок бре кога е решена да е на цицка, решена е. Вчера пробував да ја издржам.. ја крена куќава во вис, прв пат да плаче многу. Маж ми се шали вика, затоа бебево не ти плаче.. не и дозволуваш да дојде до плачки Вие кои доите 2,3м плус, ве болат уште брадавици?
И мене ме болат ама минимално на почетокот дури фати убаво, првиот пат пред 5 години многу ме болеше, ако немаш убави идпакнати брадавици може затоа дури да ги извлече убаво. Туку мојов еве го два вечери си игра мајтап со мене на секој саат е буден плачи корни за цицање, ке ја исцица едната и си заспива убаво, нема шанси и другата да ја фати и ете го за еден саат вриштење, ми се вришти и мене не наспана сум скроз, си мислам да се молзам навечер да му давам барем цело шише па да сврзи 2-3 саати сон, на советувалиште ми рекоа на 2ипол - 3 саати дој го никако порано, и по тешко му е на мешето и машала доста има качено овие две недели ама оди па забрани му
Дали има некоја да прекинала антибиотик препишан за мастит? Не беше многу страшно поголемиот дел го излечив со облоги и туш, имав една грутка мала не се губеше 3 дена и од страв зедов, денес немам ништо
Јас имам природно големи брадавици, мм ми ги вика фишеци ххаха, таа болка ми прекина после месец, башка пумпава како ги влече ништо не осеќам веќе. Ама на почеток ставав ланолин и се трпеше
Јас само со една на еден подој ја дојам, другата нареден подој. Навечер спие по 3,4ч... а преку ден маста ми ја вади, на 1ч е на цицка. И она за 14 дена од испис имаше ставено 620г (од кои 390г беа од 7 дена) Ми рекоа издржувај ја 2ч мин.. ама нема шанса, не успевам. Еве 11ч и дадов молзено 90мл, ги испи (може и уште да сакаше) и веќе 15мин збеснува, не сака ни цуцла. Ја шетам низ дома во количка за да дотераме уште малку
Блазе си ти, овој денски спие ноќе бунтува, а таман си реков фативме некој ред Исто 680 грама за две недели, и шо да не качи на оваа тортура, маста ми ја извади
Да знаев од одма ќе пробав, слилата на влечењето не беше проблем од старт, во болницата беше ‘бебето што обожава да цица’, влечеше од прва многу, сум можела порано да тргнам, и они таму не ми кажаа ај да пробаш без тоа… Го активирав и јас ланолинот повторно, некаде до месец дена ме болеа, мачкај редовно и кога можеш без маица по дома за да убаво се омекнат, се смири со редовно мачкање, сега пак почнаа оти ги тргнав силиконските, како да знам дали бебе добро ја фаќа брадавицата, има ли некое универзално правило устата како треба да е, она цица набрзина исцицува и се трга кога е полно мешето но мене ме боли. Ноќе заспива на града, за главното спиење, спие одлично ноќе, сврзува по многу, но оваа ноќ без силиконската се бунеше, преташе се трга па пак цица па се кара со градата, не плачеше но лута беше, ја ставив на двете да цица и потоа во раце ја успав за да не ставам брадавица, преку ден и вчера и денес е одлично. Сама се чудам зошто не сум воопшто пробала… Сопругот ми вика сигурно имаш пробано и претходно (за со претходното дете) му викам немам никогаш сега прв пат …
Девојки што треба да правам за да ми престане млекото скроз? Ми се намали, по некое време добив и вадам едвај 20-30мл што е ништо и млеко ептен бавно надоаѓа во градите. Веќе 2-3 дена како не се измолзувам, секако имам некоја количина во градите насобрана од овие денови, дали треба да се измолзам?