Tret den Kako sum trgnata na rabota.Malata ima 9 meseci I e na doenje I plus obroci ima.Ovie Tri dena odbiva da jade I da pie mleko ad.Probano mi e da se odmolzuvam ama ne saka od sise da go pie.Slabicka e I sega SE plasam deka gubi uste poveke kilaza so nejadenjevo.Kako da postapam ne znam.Koga sum doma postojano cica
Намалена лактација решение да се зголеми некако близначкиве несакаат да цицат повеќе се на мое молзено млеко . Порано од града вадев по 250мл сега едвај 160мл од едната а од др 100мл. Пијам лактал капсули чај од дм за млеко.
Бебево градите ми ги направи партали, брадавиците се со рани и расцветани. Почнав да се молзам со пумпа, вадам од двете гради вкупно од 60 мл. до 100 мл. Некако малку ми изгледа. Едната града е мека, другата е камен тврда. Ставам шише со топла вода, се масирам, но и после молзење не омекнува, си останува камен. Се мислам скроз да прекратам ама ако волку е камен молзена, што би било ако престанам...
Ако е камен значи е полна со млеко. Пробај истуширај се подолго со жежок туш и после рачно фати со двете раце и стискај за да почне да тече, се додека стане мека. Јас така правам пошто преку ноќ бебе спие многу саати и градите ми се прават камен
Штом ти е тврда значи полна е со млеко. Внимавај да не си направиш беља. Жежок туш, масирање, стави и зелка ладна. Пробај и рачно да молзеш на нет можеш да најдеш како правилно се фаќа. Инсче за толкаво мало бебе доволно е толку млекце.
Многу се изнамачив деновиве со брадавиците.. Бебе алчно влече, парче ме направи. И на двете имам дупки со крв, но десната ја трпам на цицање. Левата страшна е, крвови на два дела поделена ми е. Вчера демек ќе ја молзев да ја одморам ама слабо некако вадев млеко, едвај 40,50 и до вечерта многу ми омекна само таа. Десната ќе ја цица, се полни убаво... а левата не се полнеше убаво цел ден. И сабајле ај викам мора да ја ставам да цица и стимулира, ноќеска остана мека пак, сабајле не ми ни протекла.... Ја ставив и ако верувате ПЛАЧЕВ, ама баш рикав од болка.. како некој нож да ми брцаше во сред брадавичка. Што да правам, а сменив и позиција обратно ја ставив.. и пикам и највеќе што можам од брадавичката и ареолата. Мачкам ланолин, ставам и тетра со топла вода... Може да ми секне ако вадам по толку малку? Молзам и пумпа и рака, нема толку макс 60 сабајле извадив (а последно молзена ми беше во 11 вечерта). Бебе е 4500+, сигурно повеќе од 60 цица...
Мачкај ланолин постојано и битно е суви да бидат, јас имав дупки направено кај градите на две маици и така се шетав по дома. Ова со првото дете.
Неможам така... со синче 9г и 6г ќеркичка сум дома, уште така фали да им се шетам Оно дојам пред нив, виси бебево на секое на града... ама така со градите да шетам е друго Со прслуче сум и колектори за млеко, зошто ми се лепат раните на облека и на влошки. Вчера едвај извадив влошка со топла вода од еднава, се залепила раната...
Хаха ме изнасмеа мариз тотално те разбирам затоа јас преминав на пумпа бидеќи екстремно не убаво ми е доењето боли и он вришти ако не капне млеко одма. Налет вака барем немам болка.
Конечно ја омекнав градата ама количината на млеко остана иста. Битно болката од подуеност се намали. Е сега прашањето ми е, јас пумпам да речеме 90 мл. ако не го испие цело да го фрлам остатокот или може пак да му го дадам?
Во обичен фрижидер може да стои до 24ч. Само позади во фрижидерот ставај го, не напред и не во вратата.
Ја молзев прво (40мл извадив) и убаво се испакна, па стиснав заби и и ја дадов да цица... помалку од сабајле болеше, само на почетокот. Сабајле плачев со солзи и доев..
Пак јас..Денес сме 4 недели и 1 ден. На ексклузивно доење сме и педијатарот на почеток ме советуваше доење на 2 часа, додека помине жолтицата. Така и го будевме и бебе си фати ред, денски бараше на 2, а навечер на 3 часа. Ама синоќа веднаш после бањање ми заспа, а требаше да цица. Едвај некако го разбудивме и подојот траеше буквално саатипол, каде што он ненаспан плачеше, ќе цицне 2-3 мин, заспива, го оставав во креветче, вришти за цице, пак стави го на града, успиј се, плачи...Буквално саатипол, ем ненаспан ем гладен. Се изнаплакав и јас бидејќи се измачивме и одлучив вечерта да го оставам да спие и да цица сам кога ќе побара. Т.е кога сака и колку сака. По заспивањето од тогаш, стана на 4 часа, а после на 3 часа и си цицаше вообичаено како и секогаш по 15 минути од двете гради. По подоите веднаш си заспиваше без проблем. Двајцата сме наспани, одморени и смирени, но ми е страв да не му е многу размак време, а он е мал..Инаку преку ден е буден 80% од времето и сам си бара на 2 часа..Секако ќе го консултирам педијатарот во понеделник, но сакам да прашам дали има некоја со слично искуство, како е попаметно да продолжам? Да го будам на 2 часа сеуште или да го оставам да си спие и да го дојам кога ќе побара?
Јас никогаш не ја будам, сама кога ќе си побара тогаш, еве веќе 3 месеци така тераме, на почетокот ми стануваше на 2/3 часа, сега заспива кај 22:00 и станува дури во 6/7 на сабајле, па напредуване супер.
И мене така ми се направи пред еден месец. Земи на туферче чај од камилица стави и стави на брадавицата, и неколку пати така. Одмолзи ја таа града два пати, после ќе можеш да дадеш да цица.
Како ги заспивате бебињата? Моето никако не може да се опушти да заспие освен со цицање, ако и дадам на пример измолзено во шише ќе го испие без проблем и пак ќе бара да цица после тоа за да заспие. Ништо не помага, ни думкање, ни бањање, ништо. Навечер заспива после цицање, преку ден дури ни така не може, ќе се изгуби 5 минути и ќе се освести одма, после станува многу нервозна, ништо не ја смирува. Нема грчеви сега, нема некој проблем, да заспие никако, а не е гладна Исто друго што ме мачи, мислам дека откако почна да цица бебево (претходно и давав измолзено) мислам дека ми се намали млекото, можеби претходно имав премногу, градите ми беа тврди, вадев по две шишиња од едно молзење, дури некогаш и фрлав млеко, сега мислам дека имам доволно, бебево се прејадува и повраќа скоро на секое доење и напредува скоро 5 кг има 40 дена, ама јас со пумпа слабо вадам, на пример 80 мл извадив од едната града со многу стискање. Не знам што да мислам...
За заспивањето цуцла да му дадеш. Може ќе треба да пробаш различни видови која ќе ја фати, прво пробај ист бренд како шишето што го користиш. За молзењето не се секирај, веќе ќе ти се регулира лактацијата и нормално е да не се тврди градите и да нема вишак млеко. И јас вадев за две деца да нахранам на почеток, сега веќе нема толку, само колку што бебе пие, некогаш и ни толку не молзам.