Значи нормално е да се намали Јас цело време мислам дека го губам млекото, па форсирам да цица, ја будам, вчера така се вознемири вечерта што ја разбудив А со цуцлата е нон стоп и само ја плука и пак ја става во уста и така 150 пати.
Баш гледав и видео дека млекото се адаптира и станува со различни калориски вредности. Пример 80мл млеко за помало бебе и 80мл за поголемо бебе ќе имаат различно калории (нормално ова за поголемо бебе ќе има повеќе калории). Па иако исто 80мл се, сито би го држело и поголемото и помалото бебче.. Дека нон-стоп гуглам па и на инстаграм ми излегуваат сега видеа. Башка не е нормално вишак да вадиме млеко, по 2 шишиња ете... нормално е да вадиме колку што му треба на бебче. Па дури има жени што не можат ич да извадат, а дојат бебчиња кои екстра напредуваат.. @intj_girl мојава ја фати таа цуцла што ја даваат и во Ремедика. Не ја обожава и ја плука и таа, ама по некоја минута знам да ја залажам... Ја шетам јас во количка иначе, тоа сеа за сеа успева за заспивање... Вчера пример ништо не успеа и душа ми извади од 8 сабајле до 3 попладне плачеше, па само на цицка дремеше. А денес еве ја се изнаспа... цица и спие буквално, ни цуцла требаше ни количка.. ама вечер па може ќе е тешко мене...
Сите во темава во периодот 40дена до 3мес пишале еј не ми се тврди веќе градиве, да не немам млеко. Јас што собирав многу имав млека од скроз бела боја, до кремава, темно жолта, дури и зеленкаста и со сина нијанса. Зависи од возраста на бебето, периодот од денот, здравјето на мајката и бебето.... нешто што конзистентно се менуваше беше маслениот слој, се повеќе и повеќе го имаше. Сега кога бебе веќе почна и со цврста храна гледам почна да се намалува. Значи си се адаптира млекото, и количински и по состав. Се додека добро напредува, не ја земајте мерката со пумпата за релевантна. Убаво е да се има вишак, ама и без вишакот ќе порасне бебе.
Јас приметив оваа поболната по 40-60мл вадев првиот ден и млекото како погусто да беше... баш ви се жалев тука дека нема млеко во таа града. Веќе 3ти ден ја молзам и уште од вториот вадам веќе 90мл макс, но е поретко посветло бела боја. А 40-60 првиот ден беше баш бело бело. Ја ставам и два пати по молзењето да цицне... болката е намалена, раната позарасната. Од утре ќе пробам да ја цица само пак...
Дали смее чај на пример мајчина душица да се даде на бебе, може ќе заспива полесно, м? Ваљда не може нешто многу страшно да му се случи? Морам нешто да пробам зошто очајна станувам, не знае сама да заспие без да цица и нон стоп се буди, па цица на 15 минути... На лекар рекоа дека е прејадена, а прејадена е од што не знае како да се смири освен со цицање и така се вртиме во круг.
Прав чај никаков не се дава на бебе. Имаш во аптека чаеви како прашоче што се раствораат во вода, има и за новородени, ама полни се со шекери, исто не би ти препорачала. Само вода со ким. 3-4 зрнца на 100мл да поврие 2 минути. Ама ако цица за да спие а не за да јаде, што и да и дадеш ќе го поврати. Колкаво е бебето? Да не има грчеви?
Дефинитивно цица а не е гладна, не знае поинаку да се смири и успие, 40 дена има, веројатно има и грчеви. Мислев да пробам со нешто за да се опушти некако, знам од мајчина душица се спие убаво. Инстант чај купив, ама што викаш некако чиста хемија ми е, не знам што би ѝ помогнал, освен да ѝ замени оброк да јаде помалку. Не знам ни дали ќе сака да пие чај.
Исто сме и ние, мислам дека ќе ми воскреснат градите, те десна те лева. Не се трга од града. Преку ден не ни спие. Само склопува око на на града 15мин. Никако да ја оставам. Немам нит прозор на будност нит дремка. Од 3 саат сабајле вчера цееееел ден на града до 18ч, па во 18ч и дадов молзено кое го молзев дента дур она цицаше на едната, ја молзев на другата. И еве ја кај и да е ќе се разбуди пак... Единствено што ме спаси да ,,земам здив" беше да се одмолзам и да сврзе некој саат сон. Инаку се преморува и не ни цица само глуми мајмунче. И плаче ко 2 дена да не јадела... Душа ... Незнам утре, здравје...
Оо имало некој како нас Еве ние се разбудивме, цицаше во 22ч, сега пак во 3:30, значи пет саати поврза и таман реков добро е, почна фаци да прави, да се тегне, да ги шири очите и си поврати... Сега презаспа брзо, па да рачунам дека е успешна вечер. Иначе, докторкава вчера рече дека можеби се жедни и им е топло штом толку многу бараат да цицаат, не е од глад, па затоа ми рече да ѝ давам и чај.
Многу е мало и нормално е да немате ред. На толку мало никаков чај не се дава. Ни под разно. Имаш капки, сирупче за грчеви. И грчеви се нормална работа.
Бебе кое нема мака, ќе спие. Тоа што упорно цица и повраќа значи дека не е глад во прашање, туку нешто го мачи, грчеви претпоставувам. Јас слично поминав со малиот до 3 мес, цица повраќа пак цица, на крај толку се лутеше што нејќеше и да цица. Само вежби за мешето, топло да се става, внимавај на исхрана колку можеш, и да се издржи. Еден ден магично се престана. Знам дека е тешко во моментот, ама не е работава за чај. Грчеви се нормална работа, иако се ужасни и тешки, и само мора да се чека да пројдат.
Па не сте само вие Бебе е тоа, кое тек прилагодува стомаче на храна и нормално е да има грчеви. Еве ние не сме спиени од 3 ноќеска, а 1 легнав.. подочници до колена имам. Исто цуцла не сака, лева града со дупка ми е и ја молзам.. ја шетав и клацкав од 3 до 5 (и цуцла стави плукни 100 пати) за да ја одморам десната града. Гладна исто не е, 1кг за 18 дена од испис имаше ставено. Мојава па не ни бљуцка. Да бљуцне ќе си олесни... Кака во 24ч едно минимум 12 пати. Давам колиеф, еспумисан и пробиотик и коа како е... не гледам нешто да и помага.
Ќе помине само треба да издржиш. Јас спасот го најдов во Медела ланолинот. Претходно користев на Леа ама ич не ми помогна. Кога сменив на Медела, помина за недела дена. Исто праавев и јас. Ја одмарав брадавицата со тоа што молзев 2-3 дена, ама штом пак почнеше да цица за брзо се враќаше болката. Издржи, ќе помине!
Леле зар има разлика... Јас два имам, еден на Леа и еден погуст е на Sensilis. Вчера не ја ставив ич да цица од лева, само молзев... сабајлево исто ја измолзив и наредно ми е во план да цица Па се надевам подобро да е... Ама ќе го земам и на Медела ланолинот, зошто овие и ги испотрошив веќе. Инаку десната е исто со раничка, која болеше и таа (поиздржливо), па ја цица деновиве и престана да ме боли таа... фала ти!
И јас мислев нема разлика, затоа и не го купував долго време. Ама болката веќе не се издржување и ми остана уште тоа да пробам. Доста е поскап, на почеток купив од малото паковање да пробам, после тоа од големото ( ми остана ама битно помина). Исто како тебе имав болки до плачење. Кога ги читав тука другите членки како уживаат во доењето, мислев тоа е само на филм. Помина болката и сега сме ТОП. Исто, доколку си во можност, како што те советуваше друга членка, шетај по дома со разголена града, побрзо ќе заздрави.
Ќе му речам после на маж ми да земе, од поголемото пакување. 37г е 850ден, малото па 520ден ама само 7г. Со разголени гради децава од наредна нед во школо кога ќе тргнат Сега колектори ставам, имам 4 и ги менувам мијам стерилизирам на секое.. и исто како гола да ми е нон-стоп брадавицата...
Значи исто секаде... Само да не заоѓа, тоа не се трпи, вчера помодре од плачење. Другото ќе се издржи.
И мене еднаш ми помодре, така пискаше баш како нешто да ја болеше. Ама и мене инат пред тоа ме фати (плус ми зборуваа други, морало 2ч мин до подој) и сакав да ја издржам мин 2ч за цице... и кенкаше, кенкаше за на крај да писне и зајде. И од тогаш веќе пак никој не слушам, цица колку сака и кога сака...Уште да ја оправам левава града, да не ја малтретирам само десната Инаку приметив надвор кога ја изнесувам и прија и спие после повеќе. Па носи ја сабајлечки и приквечер до двор, тераса, а и шетни ја.
Здраво мајки,имам дете 1 година уште го дојам,па имам едно прашање дали може да пијам чај од невен ? Дали е безбеден