Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    10.355
    Пол:
    Женски
    Мајки хеллллп....лежев на спална попладне, ја доев малата во седечка положба, ја спуштив до мене, демек заедно да спиеме. Стана после некое време и реков ај да се доспие и дадов пак да цица ама со лежење и од левата града...ме боли ме пече, треска имам, кренав тт 37 со 5...зар е можно некое каналче да ми запуши во таа положба? Да се молзам? Вака ми беше првите 2 месеци од каде сеа ова...боли мн...давајте совети :(
     
  2. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    5.211
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно има разлика во ланолинот. Се додека не го купив на медела умирав на секое цицање. Почнав да ставам после секој подој од меделата (безбеден е и со него да цица) и ми помина за некој ден. Се препородив.
     
    На Bannana, mariz и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  3. Sredstvo

    Sredstvo Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Пробај измолзи се, би требало да се опушти, јас мислам дека нема врска во која положба е, доколку не се празнат и останува млеко во градите може да дојде до запушување на каналче. Полесно би ви било туширање со потопла вода или ставете крпи со топла вода на гради за да се опуштат каналите, молзењето така ќе ви оди полесно. Ако не спаѓа температурата слободно парацетамол и утре на лекар. Со лесно
     
  4. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    10.355
    Пол:
    Женски
    Ми падна чудно дека ова може да ми се случи а 9 месеци ја дојам..никогаш не ја доев така со лежење, дали 2 3 пати на почетокот, си ја дојам кога седам..не цицала убаво, сигурно ми запушила каналчиња..пиев парацетамол, се крева тт до 37 со 9 и се измолзив..си боли уште, црвенило имам..фала многу на советите :hug:
     
    На merriel0 и Sredstvo им се допаѓа ова.
  5. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    1.130
    Мајки дали смеам инхалации со физиолошки дексаметазон и гарамицин бидејќи дојам?
     
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.085
    Допаѓања:
    75.893
    Пол:
    Женски
    И јас вчера го купив. И при мачкање е поразличен и приметив не се брише брзо како другите. Дали е подобро уште е рано да кажам.. ќе видиме за некој ден..
     
    На merriel0 и La-loca им се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.379
    Допаѓања:
    90.965
    Пол:
    Женски
    Имам молзено млеко од пред 4,5 часа. Малиот ептен се успа, а го оставив на собна температура, затоа што преку ден си сака на 3 часа. Да го фрлам или кога ќе стане да му го дадам?
     
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.122
    Допаѓања:
    12.782
    Пол:
    Женски
    Јас не би дала после 4ч. Најмногу до 2ч ако дома не било повеќе од 22-23 степена, ама правилото е само 1 час.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    @marama Мајчино млеко може до 4 часа до кај 25 степени. Е сега 5 е многу јас не би давала, во фрижидер си можела да го ставиш.
     
    На marama и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  10. behappy111

    behappy111 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2023
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Majki ajde help , koja hrana e dozvolena da ja jadam vo doenje a koja e zabraneta ? Samo na doenje sme i se plasam da ne fakja grcevi od toa sto go jadam ..
     
  11. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.011
    Допаѓања:
    6.799
    Дали некој ги има купено курсевите за доење од доењесољубов? Дали се исплаќа да ги купам?
     
  12. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Treba da se odbegnuva grav,lekja,grasok,boranija,zelka,luk,kromid
     
  13. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.209
    Пол:
    Женски
    Јас би ти рекла и да си пробуваш што му смета на бебето, моето на пример од леќа немаше мака, а од лубеница имаше. Сега веќе е 5++ и јадам речиси се, скоро јадев и грав за прв пат и немаше проблем.
     
  14. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    1.239
    Пол:
    Женски
    Кафе дали пиете и колку на ден?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.257
    Допаѓања:
    1.293
    Безкофеинско пијам а сакам турско веќе, ќе почнам кога и да е од сабајле само
     
  16. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Jas po 2, ne gledam da mu smeta na bebe si spie dovolno
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.326
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    Јас пропив откако прочитав статија дека не стига до млекото, многу незначителни количини кофеин па не му смета. Пробај си со твоето, мада јас пијам нес со млеко, онака слаб
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    1.239
    Пол:
    Женски
    Јас пијам по две па си викам ради тоа навечер да не е повознемирена, ама па не можам да го издржам денот без кафе кога веќе слабо спијам. Има ли некаде бескофеинско турско да се продава? :?:
     
  19. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    10.355
    Пол:
    Женски
    Првите 3 месеци пиев дали 30мл турско, еднаш дневно, имаше малава премн грчеви а и да не и влијаеше кофеинот па избегнував 2 а и не пиев вечерно време. Пиј си ако не 2 помали шољи турско и избегнувај баш навечер да е бар првиве месеци. А за бескофеинско имаш во маркетиве, нес кафе има без кофеин во тегличка со плаво капаче а турско во Веро имам земано, грчко име имаше нешто така.
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jasna0305

    jasna0305 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2024
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, долго време ве пратам и во бременост и сега и доста ми имаат помогнато совети и искуства од тука па најдов време и кас дс се приклучам
    Имам бебе 4 месеци и нели влеговме во ужасниот 4ти скок е сега ајде со спиењето проблем ама не можам да разберам што се дешава со цицањето. Само на доење сме и фативме ред на 3 саати ама моментално немаме никаков ред, нервозен е на града, бара на 15 мин па се тегне, па плачки, не можам да разберам. Претходно и така се успиваше сега секое заспивање со плачки до зајдување. Бевме на педијатар нормално напредува.

    Некој со сличен проблем и дали сте почнале со дохрана или нешто?
     
    На Mi9la и intj_girl им се допаѓа ова.