Да, голема фама се крева околу овој скок и сосем оправдано. Малку е нервозен и напнат период но проаѓа и затоа не посегнувај по дохрана кога веќе добро напредува, давај да цица кога сака и колку сака. Јас практикував при такво негодување на гради како што ти опишуваш да ја тргнам и по некое време пак ја ставав самоиницијативно па знаеше да е помирна... Долг скок е па држи се до она што најмногу му одговара (знам дека изгледа дека ништо не одговара) на бебето. Јас не ги земам здраво за готово скоковите па можеби некои мајки ќе имаат поконкретни совети околу спиењето
Majki koj dezodorans moze da koristam dodeka dojam? Dali moze Dove Original ili stetno e ? Dokolku e stetno sto da kupam mnogu se potam i ne mozam da se podnesam …
Користам од старт Нивеа 0% алуминиум. Не си мачи душа не стига до млеко и така бздиме од хормони уште без дезодоранс
Ќе се обидам што е можно попрецизно да доловам како се одвива доењето кај нас, можеби некоја имала слично искуство. Ми требаат мислења, малку во паника и прашалници сум. Прво, да напоменам дека е во 5ти скок (во громчето), за некој ден ќе е 6 месеци. Минатиот преглед на контрола имаше стагнација во килажа, ама педијатар даде совет за немлечна исхрана и одма на старт на 5м почнав со дохрана. Од тогаш до денес бебуш ми личи исто, како да не е мрднат воопшто со килажа. По облеката приметувам, а и кога е гол ептен е слабичок. Знаци дека е гладен не дава, среќно бебе е. Затоа и педијатар не препоеача ад. Е сега за доењето! 1. Не знам што е работата, не ми доаѓа одма млекото кога ќе повлече. Треба да повлече (да не претерам) преку 20тина пати и тек тогаш го слушам почнува да голта. И така ми е од старт, ама сега е страшно нервозен што не му доаѓа одма млаз и почнува да вреска и едвај го враќам на града. 2. Кога ќе надојде, само првиот млаз го цица и се трга, се бутка наназад, ако го вратам почнува да испушта негодувачки крици. Веднаш го префрлам на другата града...и иста песна. Ќе повлече дур има млаз и завршува доењето. 3. Доењето трае не цели 5 минути на двете гради. Дали се ова знаци дека снемувам млеко? Инаку, не користам пумпа ниту сум користела. Пијам секој ден (најредовно) чај и капсули за лактација.
Баш ќе побарам турско без кофеин, да пробам и тоа да видам дали ќе има ефект на спиењето, зошто веќе ништо не помага, никако не се заспива ни цицање, ни бањање, ни шетање (после шетање полудува дома). Денес ме исцица до крај, на секои 15 минути... На крај формула и дадов околу 100 мл и пак не заспа, па пак цицаше и еве уште сака...
Еве јас сум со сличен проблем, само моево нема ни два месеци, 40 и нешто дена е. Не знам совет да ти дадам искрено, само да ти кажам дека не си сама. Се надевам ќе се смират некако, мора да има некое чаре.
Со бебе не спијач, и те како те разбирам..иста беше и мојава, висеше на града по цели денови...сум седела секој ден саати и саати на фотеља во дневна..период е, ќе помине..менувајте се со сопругот да здивнеш и ти..пази со прејадувањето. Цуцла користи во такви моменти, залажувај ја, шеткај ја низ дома..
Заспа 5 минути и се разбуди... и рацете во уста ги става пак... Колку време траеше тој период кај вас?
Нормално е тоа со рацете, учи, сè и е ново и ќе си истражува. Траеше до кај 3 4ти месец, додека ја држевме по раце, заморно беше, ама олеснува кога ќе се по самостални, кога доле ќе си играат на игрална, кога ќе им бидат интересни играчките итн..ставај ја на игрална и на меше, по убаво и за неа, и за вас дома малку одмор...
Мене скроз ми е чудно што ни се погодија неколку вакви бебиња на форумов што не им е доволно цицка и храна. Мојата почнува да станува мишелинче, лицето коцка и е, а скроз беше слабичка и мала 2600 не испуштија... Мојава не сака цуцла, 5 вида и купив со сега... Ајде ќе истрпиме уште некој месец дур да не заменат со играчки. А баш неможам да замислам како би се понашале беблињава ако се на формула? Што ќе им ја замени цицката? Или би биле од оние најплачливи што ништо не ги смирува?
Обично тие на формула немаат појма дека постои цицка, и се навикнати да се смират и само со гушкање или нишкање. Почетокот е потежок сигурно, ама понатака е полесно.
Моево мислам дека има траума, дека од раѓање е тргнато од мене (беше на интензивна во друга болница) и на почеток не знаеше да цица, па тоа така страшно го доживеа... и мислам дека сега многу и е страв да не не и дадам да цица, се нервира кога пие од шише.
Го смирува кога ќе го земам во раце и ќе спие кај мене. Или ќе легнам до него и ќе заспие тогаш. Осеќаат мирис на мајка иако е на АД.
Голема е веќе мојата, 9 месеци има сега др песна е, сама си игра со саати на игрална, со играчки, лази, се поткрева, сака да оди..полесно е каде каде од почетокот. Имаше премн грчеви на почетокот, и за утеха, ја земавме во раце, шетај ја, теши ја..почна да го учи тоа и за сè нешто кај мама и тато во раце, ама сега е по самостална. Признавам и јас сама си правам така, ден денес дремките со цицање ги тера и кај мене на раце ми спие, знам дека ова брзо ќе помине и сакам да уживам во секој момент со неа, спомени си правам На ќерка ми и е доволно и цицање и храна, си јаде каши, си фати убав ред со цицање, фала богу и одлично напредува, над 9400гр е веќе. За цуцла веќе не користи, до 5ти месец и тоа ептен ако плачеше, ја отфрли како никогаш да не користела, не беше зависна од цуцла. Па верувам дека мирисот од мајката, ете гушкање, спиење до нив би им бил доволен да се смират. Јас немам искуство со АД, до 6 месеци ексклузивно ја доев и можам да кажам дека некогаш и претерано бараше утеха, цицање пречесто ама колку и да е тешко и напорно, еден ден ќе ми фали тоа
Не знаев каде да го поставам прашањево..Дали некој го има користено овој крем за брадавици? И како сте задоволни? Пишува не се одмива за следен подој, не му пречи на бебето..
Не знаев каде да пишам. Почнаа да ме маваат некои црни мисли. Ќере има 2 год сеуште цица. Пред околу 1 месец имав мастит на едната града. Матичната само ми ја виде градата и не ми потврди. Ама според симптомите тоа беше. Имав температура, треска, болки во телото и болка при допир на градата. Антибиотик не добив со зелка и масажи се среди. Еве ме сега деновиве другата града, мислев почнува пак мастит и реков ајде да спречам. Почнав со масажи и одмолзување. Еден ден и зелка ставив. Ама после баталив. Зошто јас луѓе немам температура, немам треска ни црвенило никаков симптом од мастит. Ама ме болеше градата во близина на ареолата, реков ајде може тука имам грутка. Масирав да разбијам. Млеко си течеше. Арно ама брадавицата ме боли, и ќере кога цица ме боли. Ова трае неколку денови не поминува ,на кој доктор да се обратам? Се зачитав за некаков апцес и ме фати страв. Кои се симптоми за апцес? Треба да имаш температура? И ќере од таа града како да не цица баш, повеќе седи па малку ќе повлече некогаш голта некогаш делува како напразно да влече, и после сака од другата страна да цица, таму цица убаво.
Бебе е месец дена, само на доење сме, деновиве почна да плачи многу ко ке цица стискам града прска на сите страни најверојатно му иди наеднаш многу млеко му прска и се нервира неможи да постигни со голтање, па плачи млеко си течи по боди хаос. Почнав да се молзам од шише да му давам ама да не си напрам беља да не се одбие од цицање Шо да правам да се молзам пред да цица барем тој јакиот млаз да истечи? Ама така па уште повеќе да не надојди млеко