1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. jasna0305

    jasna0305 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2024
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Јас имав сличен проблем пред неколку месеци додека бебе не цицаше убаво исто без температура и треска, имав црвенило на градата, грутки и болка на ареолата, се што одговара за мастит ама не беше тоа. Со години идам на преглед на дојки кај Чапова во систина заради претходни операции од фиброаденом и сега одма отидов на ехо, испадна дека не е ништо страшно само воспалена заради млекото од топло и потење. Докторката ме советуваше да ставам ладни облоги, туширање со многу млака вода никако топла и во никој случај да не се става зелка заради тоа што од тоа настанувале компликации. Исто и употреба на пумпа со многу внимание, никако градата да не се празни до крај. Со ладни облоги и ланолин кај мене се среди за неколку дена
     
  2. jasna0305

    jasna0305 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2024
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    И кај мене беше вака и во консултација со Јасна се молзев неколку мл пред да го ставам на града. Тоа од шише го давав ако треба или во фрижидер.
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    4.521
    Пол:
    Женски
    Кај мене така беше неколку дена со плачки со раце пикање во уста за да откријам дека не е убаво ждригнат па го боли меше, пробај прво држи го исправен после цицање да се иждрига 15-20 мин, па и после тоа ако бара и не заспива значи е гладен. Претешко ми беше тие три, четири дена на секој саат со врескање се будеше:headbang: сега барем два саати ги спие..
    Супер, имало чаре, фала ти.
     
    На jasna0305 и intj_girl им се допаѓа ова.
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.112
    Допаѓања:
    7.639
    Пол:
    Женски
    Здраво, фала на одговор.
    А дали имаше болка во брадавицата?
    И дали правеше масажи? Јас правам масажи и тогаш излегува млеко, малку се одмолзувам значи рачно, со пумпа не. И после малата цица. Се мислев да не е затнат канал па затоа не цица убаво од таму. Кога цица од таму акробации прави и ми вика дека не сака веќе од таа страна сака од другата.
    Ќе направам и јас ехо да видам термин дали ќе најдам. Зошто некако не сум раат.
     
    На jasna0305 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    476
    Majki dali nekoja od vas moze da spodeli iskustvo?
     

    Прикачени фајлови:

  6. jasna0305

    jasna0305 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2024
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Имав и болка да, и тоа ми беше исто совет дека е подобро рачно масажа и молзење доколку има потреба а не пумпа. Најдобро да си закажеш преглед да бидеш раат, сум била и во мегамед во аеродром на прегледи и од таму сум задоволна.
     
  7. Ell1

    Ell1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, се породив пред 5 дена, млекото полека доаѓа ама мн малку, сега сме уште на града, обично по 10, 15 на секоја па малце формула. Градите многу почнаа да ме болат денес имам и грутки, сигурно се полнат со млеко ама никако не излага. Пробав со зелка, масажа под топол туш..некое решение или само трпение?
     
  8. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.112
    Допаѓања:
    7.639
    Пол:
    Женски
    Не можам никаде да најдам термин. А болката уште е присутна.
     
  9. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Го пробав и веднаш ми го смири чешањето..Сеа сфатив дека ме чешале и болеле од сувост кога бебе не е на цице :sweat: Стварно смирува и убаво се размачкува, одржува влажност. Инаку и мене ми е шубе од мирисов, пишува да не се измива пред подој, не го менува природното за бебето :?: Ама што знам, јас ќе го измивам (facepalm)
     
  10. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Истуширај се со топла вода или масирај ја градата со шише со топла вода па стави го бебе на цицка и со една рака масирај, стискај на различни места за да почне да пуштаат каналите. Ако ти се ептен тврди треба многу силно да стискаш. Боли премногу мене мм ми ги стискаше пошто неможев сама
     
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.085
    Допаѓања:
    75.893
    Пол:
    Женски
    Колку време треба на рана (баш жива рана дупка со крв), да заздрави на брадавицата? Ја молзев и 3 дена, без ич да цица и првиот подој по толкава пауза од цицање ми беше прво доење без никаква болка (а бебе е 1м). Двете ме болат, но десната се трпи. Но веќе од втор подој пак се отвори раната многу и раскрваве и пак боли до мозок :@ И пак ја молзам сабајлево... Да молзам и подолго? Купив и медела ланолин мачкам една недела.
     
  12. Autumn Love

    Autumn Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    4.907
    Дали бебе добро влече?
    Поработи на фатот, смени позиции.
    Отвори видеа на youtube и види дали го местш правилно.
     
  13. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    1.239
    Пол:
    Женски
    Нели? Ко бугарски парфем мириса :D:puke:
     
    На angel4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    леле да хахахахахах
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.019
    Допаѓања:
    76.467
    Пол:
    Женски
    Кај мене после 40 дена почна да заздравува и како преку ноќ да престанаа болките. Молзев само кога имав висока температура од запушени каналчиња, инаку не зашто за раните не ми помагаше. Мачкав ланолин често, мајчино млеко исто мачкав и ми помагаше и гледав да не ми се лепи облека на брадавиците за да не ми се иритираат. Мене и вештачките брадавици ми правеа проблем, па ги тргнав скроз. Исто како тебе, плачев и доев, страшни болки и температура висока имав. Ама издржав и еве фала му на Бога до денес (8 месеци) уживање ми е доењето.
     
  16. ANITA.sk123

    ANITA.sk123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    32
    Мајки ве молам за совет, искуство..
    Бебе 4ипол месеци скоро 5 на доење супер напрефува ама ме тегне на секој саат значи шанса нема да издржи два саати. Е сега јас сум со доста слаб имунитет месецов еве трет пат сум со температура, најтрагично пд се секогаш се премесува на бебето. До кога е најдобро да се дои од кога веќе не мора? Едно не можам да издржам друго се лувствувам како лошо да му правам на бебето.. колку е паметно да се префрлиме на ад? Инаку почнува се повеќе да се поврзувс и да бара цице да се гали и плус така заспива… хелппп
     
  17. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    Медела мене ми помогна, нооо најпрво ставав само од ланолинот се додека не прочитав дека прво треба да се намачка млеко на брадавицата па потоа ланолин, кај мене овој правилен начин делуваше одлично, не знаев дека треба прво млекце, и се мачка после цицање на таа града, можеби ги знаеш овие работи но јас мачкав без да знам како е правилно па еве да споделам.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.085
    Допаѓања:
    75.893
    Пол:
    Женски
    Па мачкам после доење обично, сеуште и млекце има. Од утре ќе пробам и разни техники за подобро и подлабоко да фаќа брадавица, гледав на јутуб... сеуште сум со баш асални рани :(
     
    На Bella Nella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    Убаво млекце нека има, јас вадам од другата и мачкам убаво да е мокро, и ланолинот станува поводен така не е така мрсен и густ.

    Кога беше ред за лева града ми се плачеше, сега е подобро.

    Со многу мачкање и со млекце омекнување ќе заздрави, имам другарка нејзе пак само со млеко и кажале да третира често и и минеле…
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    15.027
    Пол:
    Женски
    Како детево да фати цицка?
    Ни во болница, ни дома еве несака. Или незнам што да правам.
    Млеко имам и вчера сестрата во болница ми вика имаш млеко мајка. Ама ова инатов несака да фати. Денес и десна града разработив, почнав и од таму да вадам колку толку, да не направам проблем. Па и шише давам, ама она си игра со цуцлата (facepalm) , па со шприц давам зошто помодрува и зајдува од плачење.
    Знам мала е, неколку дена е, ама греота ми е при млеко, да неможам да си нахранам дете.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.