1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.907
    Допаѓања:
    7.215
    Пол:
    Женски
    Фати ја цицката со цела рака, 4 прсти доле, палецот од горе и откако ќе отвори уста, буквално пикни и ја во уста. Нека земе некој шприцот нека капнува млекце накај брадавицата за да почне да цуцнува и да и се развие инстикт за цицање.
     
  2. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    15.026
    Пол:
    Женски
    Ме препотува. Ја бара, а не влече. Зајдува од плачење. Прееска топли шишиња ставав, масирав, почнаа и да ме болат од што масирав. Па на десната и дека сум оперирана , баш кај раната ме боли. И како топче сега пипнав, уште тоа ми фали.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    473
    Пол:
    Женски
    Истиот проблем мојот не научи да цица или мрази цицка само вришти кога ќе му ставам. И да ти кажам се откажав само на молзено сме. И силиконска не сака.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    15.026
    Пол:
    Женски
    Од какво шише даваш?
    Имам филипс авент, ама од тоа дупчето некако слабо излегува. Пред да стерилизирам пробав јас да влечам, едвај повлеков.
    Многу ми е криво што вака ми прави. А молзам млеко. Жени плачат за млеко, мојава цицка несака.

    Знае некоја кај Јасна колку , како иде консултација? Доаѓа ли? Што како иде?
     
  5. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    4.521
    Пол:
    Женски
    Гледај видеа на јутјуб како да ја местиш градата за да фати, ако неможиш да се снајдиш земи силиконски брадавици за почеток. А за шише мм има земено од еурофарм на Мам тоа ми одговараше на ел. пумпа и супер си влече од него.
     
    На sani99 и BellaBibi им се допаѓа ова.
  6. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.907
    Допаѓања:
    7.215
    Пол:
    Женски
    А шише фаќа? Влече?
    Ако да земи силиконски брадавици.
     
  7. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    15.026
    Пол:
    Женски
    Шишето повеќе го лигави. Тоа баш пишав, некако тешко иде влечењето. Си игра со цуцлата од шишето.
    Имам силиконски и на медела и на авент.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.907
    Допаѓања:
    7.215
    Пол:
    Женски
    Авентот мислам има наслаб проток.
    Малиов мој пие од Томи Типи. Е сега тоа малце тече и само, да не ти се дави ама па може ќе ја залаже да повлече.
    Пробај и со силиконските полесно е да се влече.
     
    На sani99 и BellaBibi им се допаѓа ова.
  9. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    15.026
    Пол:
    Женски
    Ќе сменам и шише ако треба. Затоа и само едно земав.
    Ќе пробам и со силиконските.
     
    На sani99 и Tea SK им се допаѓа ова.
  10. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    394
    Има на youtube многу видеа, пробај. Ако не Јасна барај ја, ќе ти дадам број. Се договарате доаѓа дома, цена мислам 2000 беше ама јави се прашај најдобро. Скапо е ама во маката ќе платиш само да се најде решение, а помага жената
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.122
    Допаѓања:
    12.782
    Пол:
    Женски
    Авент е најдобар дека не капе, за да мора да шмука. Ако тече само шишето се учат да јадат без многу напор, па после ич нејќат да цицаат. Двете деца ги доев, и на двете давав молзено во шише авент, ако со 0 тешко иде, пробај 1 или дури и 2ка. Полесно се шмука, ама пак не капе само.
     
    На marrisa и BellaBibi им се допаѓа ова.
  12. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    431
    Пол:
    Женски
    Јас му давав авент еднаш со проток за 0+ месеци, и после со проток 1+. И така менував на секој оброк. Се научи брзо да влече силно. Не се откажувај. Моево и згуснато млеко сега го усисава за 7 мин :D.
    За доење и моето така правеше и сега ми е криво дека не бев доволно упорна. Сите ми викаа остави го гладен, не му давај шише додека не се научи.. ама дете исто ко твоето вришти плаче и нема шанса да фати или ако пушти после не фаќа вришти.

    Те разбирам мајка, јас плачев од што ми беше мака зошто не можам да го надојам. Срце боли детето да е гладно..

    На крај на денот на бебе му е потребна среќна мајка, направи тоа што мислиш дека психички ќе те смири :hug:
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    1.239
    Пол:
    Женски
    Моево си цицаше добро цело време и пред два дена не успеа да фати од прва и се помачи и кога рече плачење, кога се исплаши од мене... Еве вчера некако успеав пак со силиконските да ја вратам инаку почна да ми врти глава и да бега од мене. Што е работава не знам, имам чувство дека цело време сме две напред три назад :(
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    15.026
    Пол:
    Женски
    Вришти. И на гладно ја ставам. И полнам силиконската со млеко па да има нели кога ќе повлече.
    На крај му викам на мм, ќе се молзам и ќе давам.
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    431
    Пол:
    Женски
    И јас се молзев.. ама почнував да снемувам време за молзење, плус имав единечна пумпа.. дојдов до мастит и сеа е само на адаптирано. Еднаш во ден се молзам и го смрнувам иако ептен малце вадам.
     
  16. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    15.026
    Пол:
    Женски
    И мојата е единечна на Медела. Пумпам една града, па друга, па се враќам на првата и така. Вчера и цела ноќ со листови зелки спиев на мене.
    Ме фаќа страв да не фатам мастит. Може и дека пијам плус антибиотик, па тоа некако спречува да не дојде до тоа. Ама топол туш, шише топла вода ставам на мене и молзам. Оно и да се наведнам почнува да капе, ама десната ми е проблем. Тешко излага од неа и пипам на некои места како тврда е. Ќе стискам, ќе масирам после пак.
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    431
    Пол:
    Женски
    Јас на левата фатив, од таа ич нејќеше да цица. Тоа е најбитно масажи под топол туш, или после топло шише што го држиш на тебе и ќе пуштат. Јад качив и температура и морав антибиотик да пијам.

    Викаат ставај бебе на града и ќе одзатне канали... ама кога бебето нејќе да фати како да го изведеш тоа. Има многу успешни приказни каде што мајките не се откажувале и сега им цица. Јас психички не можев да издржам.

    Ако имаш сила пробувај да ја ставаш на града и викни ја Јасна. Јас ја викнав ама ете после маститот едноставно кренав раце...

    Ако си на молзење пробај ако имаш можност земи двојна. Јас немав време да се молзам дека значително подолго е со единечна.
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    1.239
    Пол:
    Женски
    Мастит се добива ако не ја празниш градата? Зошто сите викаат обратно? Јас почнав пак да се молзам и тоа одма после доење (ја молзам таа града на која што сум доела), ама ми е страв дека ако ја празнам до крај ќе направам мастит, барем така ми рекоа сестрите, никако до крај да молзиш заради мастит.
     
  19. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    431
    Пол:
    Женски
    И од тоа се добива мастит, градата се полни со млеко и станува многу тврда и се прават грутки. Јас пред да ја викнам Јасна само се молзев, 20 мин една, 20 мин друга града. После кога го ставив бебе, ако успее да фати на лева беше. Го запоставив молзењето дека се фокусивар на доење и ете ми се случи.
     
  20. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    1.239
    Пол:
    Женски
    Јас исто се молзев па доев и мислам дека кога почнав да дојам ми се намали млекото, ми стига доволно за доење, ама некогаш кога е многу нервозно бебево бара на 15 минути и мене ми снемува млеко. Затоа почнав да се молзам после доење и собирам така цело шише екстра од тоа што останува во градата. Ама па не знам да не направам полошо. Плус сега бебево не може да фати лева града, а и многу слабо влече од таму. Ако имаш број од таа Јасна пиши ми го, може ќе се најде чаре. Фала ти.
     
    Последна измена: 8 септември 2024