1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Пази ја таа града и гледај повеќе да го ставаш да не ти се случи како мене. Иначе мене докторката која ми следи гради ми рече дека многу густи дојки имам. Некои гради се посклони на мастит. Кажи ми само како да ти пишам во дм за бројчето, затворен ти е профилот :)
     
  2. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.835
    Што може да испровоцира менструацијата при доење?
    Денес добивам прв пат по пораѓај (точно 2 месеца, на 8.07 се породив) и малово почна да бара цело време, не ме остава 5 мин без да цица. Гледам дека е поднамалено и не тече од другата дур цица од едната, ама и по цицање кога ќе стиснам има млеко. Ме пукна денес залепена за цицкиве, а големово пишти вришти и она ме бара..
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Барај некоја од консултанткиве, чим имаш млеко не се откажувај, сигурна сум дека ќе најдат чаре
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  4. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    1.239
    Пол:
    Женски
    Пробај сега, би требало да може :)
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Easter

    Easter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2023
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Некоја со рана на брадавици од заби на бебе ?
    10++ сме , на едно место на брадавицата ми е како потечено. Цица најчесто од таа града , пошо од другата имам слабо млеко ..
    Чаре има ли ? Неможам да поднесам , вриштев од болка .
     
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.106
    Допаѓања:
    12.763
    Пол:
    Женски
    Моите обратно, одбиваа цицање. Со двете деца добив 3мес после пораѓај, двете протестираа по неколку дена, па измолзував и често пиеја од шише тие неколку дена. Ноќе немало проблем само денски. И тоа првите 2-3 менструации, не само првиот пат. Јас тоа го викав пмс и кај нив, како мене што ништо не ми се погодува баш пред да добијам, е така бебето откако ќе добијам се однесувало. Среќа секое чудо за три дена па брзо поминувало.
     
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.084
    Допаѓања:
    75.891
    Пол:
    Женски
    Како можам да ја контактирам таа Јасна? Доаѓа ли дома или можам бебе да и однесам некаде? Се консултирав неколку пати со Наташа, убави совети ми дава ама јас сама пак ништо не правам.. мора веќе лично некој да ми помогне. Не ми поминуваат брадавиците, плачам на секое. Рани дупки крвави имам, Наташа се шлогираше кога и покажав.. Бебе веќе е месец ипол, ова нема абер да прекине. Левата ја молзам ќе помине, ќе вратам бебе на града дупка се отвара за 2 подои. Десната рана огромна крвава, но да не се одвикне од цицка и ја давам и стискам заби. Дефинитивно не фаќа убаво, чим не поминува. Клика додека цуца и цуцла и пие од шише, клика со уста и додека цица... нешто не е океј. Збеснав веќе, јас наместо да уживам.. пред секој подој психички се спремам за болката.
     
    На intj_girl и sani99 им се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.106
    Допаѓања:
    12.763
    Пол:
    Женски
    На фб е Jasna Apostolski-Nikolov и еве ти број 078 833 578. Во Скопје доаѓа и дома.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.084
    Допаѓања:
    75.891
    Пол:
    Женски
    Морам да ја викнам, ќе се пореметам веќе. Дури и малава вчера ми вика: зошто имаш дупка на цицето :( Она како бебе имаше малку врзано јазиче доле и горе lip tie скроз. Сега си викам, она ради тоа може и се мачеше со доењето :( После проблем и со вилицата имаше, со говорот... на 3,4г го скина тоа горе сама при паѓање.
    А како да гледам и бебево да му е поврзана устата. Може ли тоа да е проблем?? Абе како не пробав да ја ставам, видеа гледав.. нема шанса да ме фати поубаво. Секое доење до сеа ми е болно. Ни еднаш не цицаше, да не боли... ај реков на почетокот нормално.. ама ова веќе не е нормално. Рани рани буквално, отворени рани ;(
     
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.106
    Допаѓања:
    12.763
    Пол:
    Женски
    Ќе ти види Јасна, ама би требало во болница и матичниот педијатар да можат да проверат за тоа.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    5.211
    Пол:
    Женски
    А да пробаш да ја ставаш на града да се учи пола саат пред да е гладна. Пример ако цица на два саати ти да ја ставаш на града на саат ипол. Може е прегладнета мн нервозна и не влече се нервира. Пробај неколку пати така па може после ќе фатите ред и на три саати да бара ако се најаде убаво.
     
    На Mother of 2boys и sani99 им се допаѓа ова.
  12. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.780
    Допаѓања:
    15.000
    Пол:
    Женски
    Доховорив со Јасна. Можно е и денес да дојде.
     
    На kozuf, Bannana, marrisa и 2 други им се допаѓа ова.
  13. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.780
    Допаѓања:
    15.000
    Пол:
    Женски
    Јас и пишав на инстаграм. Првично беше среда, па гледам ми пишала и за денес ако сме дома и стигне.
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.780
    Допаѓања:
    15.000
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам и тоа. Вчера од умор и заспав, мм ја средувал, не се ни измолзев. Градите ќе ми пукнат.
     
    На kozuf и sani99 им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.084
    Допаѓања:
    75.891
    Пол:
    Женски
    И мене исто ми пиша. Инаку мојава само со вештачка фаќаше, па на сред доење и ја тргав и брзо се префрливме на града без неа. А сега за да ми одморат брадавициве со рани пробувам да и ја ставам и не ја фаќа. 5мин се мачевме и на крај се откажав, на града ја ставив.. и сеа крцка шмљата... цица напредок топ, ама цицкиве ми знаат..
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.321
    Допаѓања:
    8.158
    Пол:
    Женски
    Некоја мајка фалеше градници за доење онлајн? @mariz ти ли беше и од каде ако да?
     
  17. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Дојде ли Јасна, како поминавте ако да, дали има некоја разлика.
     
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.084
    Допаѓања:
    75.891
    Пол:
    Женски
    Ефтини и памучни убави од Катја, онлајн. На акција 350 беа. Сега се 450 ама не се пак мн. Јас уште два сакам да земам, па чекам да ми вратат дали имаат.

    @Bella Nella беше денеска во 9ипол кај мене. Незнам зошто порано не ја викнев ќе се оправев до сеа. Увиде што е проблемот - Многу млеко. Ми укина секакви суплименти за лактација (Лактил таблетите и чај). Бебе крцкало и шмљатало од млекото, тон млеко во млаз и доаѓа и она немала потреба да зацица подлабоко, јас дека имам тоа цури само.. а она површно ја влече брадавицата и така ја разранува (facepalm) Устичето и е горе подврзано ама со прст и проверуваше како фаќа и влече, добро влечела и не и смета тоа. Ми покажа како да ја вежбам и јас. Раните ми се крш, па морам и креми (три креми ми кажа, да ги измешам и мачкам цела недела), плус тие MultiMum да ги земам да ги ставам.. Кремите ги земав, а тие утре ќе ми ги донесат во аптекава во населбава. Успеавме длабоко да ја наместиме да фати и ми рече се додека не успеам да и пикнам убаво брадавица да не и давам да цица и да ја тргам. Не треба да боли. Она на поболната ми ја намести и не болеше. Еве успевам цел ден (цица и моментално), ја местам убаво... Се надевам го најдов спасот (facepalm)

    А и викам... а како да ја тргнам од града кога ќе фати лошо? И вика: Па како ја тргаше до сега? Па не сум ја тргнала и викам.. Сама се трга кога ќе се нацица:rofl: Не успевав, ко пијавица залепена.. брадавицата ме боли, не се ни обидував :rofl: Ама ми покажа како со прст да и прекинам вакум и пушта сама :lol:
     
    На kozuf, Bannana, Spidy и 5 други им се допаѓа ова.
  19. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.780
    Допаѓања:
    15.000
    Пол:
    Женски
    Жената е супер. Кај мене завчера беше. Ама мојава без рефлекс за цицање. Нас ни даде вежби за стимулција. Ама со грчевите што ги има ептен е мачно.
    Вчера па патронажна беше, со неа успеавме да фати града со брадавица, ама после тоа несакаше.
    Ми викаат и двете, нека плаче, ама не се гледа тоа. Зајдува, помудрува целата од плачење. Незнам дали ќе успеам. Мм вика ќе ја раниме со шише, јас плачам два дена, он ме теши, дека ни прво ни последно дете нема да е на шише.
    Памет немам веќе.
     
    На Liza38 и mariz им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.084
    Допаѓања:
    75.891
    Пол:
    Женски
    Ама ако нема рефлекс, ни шише нема да ти фаќа... Какво шише користиш?