Пие од шише. На авент. Јасна вика неа и е лесно со шише, зошто со горно непце стиска и доле со непце и јазик, а за цицка треба да шмука. Проба она со прст и она го кажа тоа.
Инаку цел ден само цица (на 2ч), а до вчера лева ја молзев и пиеше од шише.. а десна цицаше. Кака цел ден нормално жолтко (кака она 7+ пати), а сега ми искака скроз зелена столица... од што па сега вака Ги мијам брадавиците пред подој. Спојлер: Каки Да ти кажам за малку надеж ќе изгубев дека ќе дојам без болка...
Ова баш зелено, баш пиши што ќе каже педијатар, инаку јас не ги мијам на секој подој брадавиците, практикувам само да е чиста редовно облеката која носам, менувам често маици а на туширање (1-2) пати во ден се мијам. Ти и претходно пишуваше за зелена кака, вака зелена беше и тогаш? Нели тогаш беше дека не може брзо да се свари млекото дека цица често, ако не се лажам, може и сега истото се случува.
Можно е да е ради тоа. Вака со убаво цицање денес, се утепа од бљуцкање... а ич не бљуцкаше. Дека убаво ја местам сега, како шо е алчна цица еден тон млеко... може треба и подолго од 2ч да ја издржам а? Не беше вака волку зелена. Мешано беше, посветло зелено со жолтко измешано. Иначе мачкам за раните комбинација од три креми кои морам да ги измијам... од ланолин и јас не се одмивав..
Може сега и сама ќе смени и нема да бара толку често, ќе се нацица убаво па може ќе држи по три часа, несварено млекце и болки во меше им прави, но кога се лакоми како да им објасниш. Моето пак мака мачи со какање на неколку денови, понекогаш и седум
Едвај на 2ч стигнавме ние преку ден, инаку нели се жалев на секое на цицка беше... но и грчеви како да нема веќе. И будна сега седи умна. Инаку или спиеше или будна плачеше... и тоа зајдуваше, помодруваше. Сега пу пу супер е. Даваш пробиотик и каков?
Пу пу така нека си продолжи, за кратко и ќе си зголемува. Био гаја имав земено, и на babytol исто но немаше разлика кога давав и прекинав, на доење кога се вели педијатарот немало потреба. Вежбички како точаче во денот по неколку пати по 50 на секое ноже правам и после 2 месеци прв пат какаше во 6 дена два пати.
Мајки сабајлево сум породена царски, млеко сеуште немам. Бебето е цело време до нас од како е родено. Му даваа 3-4 пати млеко во чашче да пие бидејќи и беше низок шеќерот во крв. Тука нонстоп се менуваат на смена и сега последно барам млеко од сестрата таа дури зачудена зошто "екстра" млеко и се давало до сега. Сака да цица од града и тоа од прееска упорно. Кога ќе и испадне ептен е нервозна и лакомо ја бара и неможе да заспие. Ама зарем не треба млекце да и се дава? Малечко и се роди 2750, вака знам дека може да го забрза и доаѓањето на колострумот ама сега за сега цица само воздух. Скроз сме препуштени на сами себе, ако дојде некоја може еднаш да ти покаже како на цицка и тоа е снаоѓај се. Лошо ли е што и дадов цуцла лажовка? Тука никој ништо не ме советува, може и ќе ме караат кога ќе видат. Веднаш ја зграби, и сега ја цоца ама и спие во меѓувреме. Сакав и јас малку да одморам немам спиено 24 часа воопшто.
Да е здраво и живо. Ќе дојде не се секирај, може дури и кога ќе те пуштат од болница после 4 или 5ден, ти упорно ставај го да цица, му треба време на телото да се прилагоди затоа што си царски, мораш да се одмориш да се наспиеш, да јадеш и пиеш многу сега. Тие мораат да му даваат млекце дури да дојде. Кај нас во болницата таму дури му даваја лажливка на почеток, после и јас давав.
Ќе ти надојде млеко ама додека да надојде цело време ставај ја на гради така ќе надојде Пич многу течности, пиј чај за доилки. Јас природно се породив па неколку дена немав млеко и даваа таму адаптирано и дома продолжив со адаптирано ама прво на града ја ставав и ми надојде млеко и после еден месец останавме само на ексклузивно доење.
Честиткиии, живо и здраво и големо да расте Не се грижи, ќе ти надојде и колострумче и ќе го цица и тоа. Стисни ќе видиш дека имаш и капки. Нека си цица, ставај ја чим сака на секое. Првиот ден даваат по 1мл млеко, вториот веќе по 5мл итн... таман веќе и ќе ти надојде додека и бебе запие млеко. Цуцла во Ремедика од старт даваат на бебињата. Мојава иако и даваа и таму фаќаше демек, дома престана да фаќа. Вчера нова пак купив (4ти вид) и оваа највеќе до сега ја фаќа
Па јас како и пишав, ми врати за брзо. Понеделник беше, рече ќе дојдам денес или среда. Па испадна среда сабајле.
Chicco physio forma air. Не е силиконската цела, обична пластична напред. Ми рече пријателка уште пред 2 нед ваква крива да пробам што оди нагоре ама никако да купев. Ја плука не дека не, ама највеќе ја држи. И авент силиконската ја фаќа и плука, ама оваа полесно ја зашмукува и одма ја држи.
Исто бевме и ние. Никако, ама никако не им се дава млеко. Јас природно бев, цимерката царски. Не видов некој на некого млекце да даде. Тој им е ставот, нон-стоп форсираат доење, што е и ок. И дека секако се симнува на килажа во болница. Последниот ден на испуштање една се сожали и му даде 15 мл. дека не спиеше веќе по цела ноќ од глад. Кутрото цело го испи, не му се веруваше што го снашло.
Jas pa krivi zemav do sega i gi pluka site, da probam i pravi treba ne deka treba da cica kojznae kolku ama barem malku da se podzalazi