Ох со лесно да ти е, одмарај сега колку можеш. И јас сум за тепање не слушам, се наведнувам и свиткувам, а тазе сум со раната од царски. Ќе почнам од после да давам, се надевам ќе има и кај нас ефект.
Па надоаѓа да ти кажам. Мене ми ги укинаа за да ми се намали Покрај таблетите секако одмор, многу течности, бебе на града или ако не цица бебе молзење. Само со стимулација и вадење највеќе надоаѓа. Ако не вадиш и бебе слабо цица, што и да испиеш млеко нема да надојде повеќе.
Ех убаво што ми кажа. Мене ми се намали вадам по 30ка до 60ка макс. Ама не пумпам секој 2ч. Бебе цица преку ноќ и 3-4пати макс преку ден.(некогаш и помалку зависи денот каков му е) Од сеа ќе се пумпам почестп
Пази само да не направиш ко мене Цело време мислев немам млеко дека меки и дека прво малку вадев.. но не било нормално 120 да вадам и уште да има во градата Јасна кога дојде ми ја стави на градата што ми беше веќе измолзена и бебе се нацица од таа И еве сега ич не вадам, она само цица и спие и повеќе од претходно. Вчера требаше да шетаме до ИстГејт и неа да ја оставам и едвај и извадив 100мл од двете со молзење пола саат! Што не значи немам млеко, нормална си е таа количина...
Е мене ми е страв! А и сега треба да почнам од следна недела на обука и ќе треба да ми го причуваат па дали ќе успеам да му соберам не знам.. Или ад да му дадат во тој период,или немора млеко тогаш? 7м е на 22ри полни 8м ама си сака млеко па нз како да правам. И да молзам макс што вадам е 60ка со сила што се вика. Како да правам? Или ноќе да седам да молзам за дрта ден да има кога ќе одам на обуката.
Јас сабајлечки највеќе имам... пробај навечер молзи, плус нека цица. И да не вадиш многу, направи по една сесија power pumping навечер (види на нет според пумпата како да правиш). Но покрај тоа многу течности и ќе легнеш ќе спиеш (одмор мора). Сабајлето ќе имаш многу повеќе млеко за пумпање (бар кај мене тоа пали). Вчера што запнав да извадам (а она претходно и цицаше), после како дојдов пак цицаше.. ноќта пак. Сабајле бев полна. Колку време ти е обуката? Кашичка да јаде тој период ако не успееш да вадиш млеко... бар додека одиш на обука, така.
Обуката не би требало повеќе од 2ч ама дур отидам до таму и назад макс 4ч да ги стаам. Имаме доручек и ручек ама измеѓу си цицка пред спиење или кога ќе стане зависи. Ќе пробам утре да се пумпам почесто бар за првиот ден да соберам да видам како ќе биде. Фала ти многу
Јас и со лажичка го јадам и во чај,до сега немам приметено нешто кај беба. Летоска и јаготки јадев немаше ништо
Мене ми се намали млекото. Бебе е 4 месеци и 1 недела. Јас пред некоја недела бев многу болна со треска со јаки болки, па тие 2 недели кога и мн малку јадев колку можев доев другото ад. Млекото тогаш ептен ми се намали ама следната недела бебе беше нон стоп на гради па го вратив меѓутоа се уште не е доволно. Ептен се намачив на почеток со лактацијата,после видов малку раат и сега пак. Некој совет за враќање на млекото после ваков настан?
Ја имаш навалено чашкава? Фаќа ко слој што се двои горе така? Ако е така, нормално е.. тоа се мастите, калориите од млекото.. Само кога го вадиш, не го клацкаш.. ќе го измешаш со лажиче. Незнам зошто такa, видов на видео од инстаграм
Протреси го ќе се раствори. Масен слој е тоа, најслаткото од млекото, сосема нормално. И убав слој имаш, калорично млеко, да расте бебе побрзо
Веќе 5м се токмам да прашам зошто е вака . Фала инаку две ги имам близначиња. @mariz инаку да масно е многу во последно време се молзам поретко но повеќе вадам количински.
Магија ни е телово значи. Двечки, покалорично млекце И јас кога вадев имаше слој, но некој пола цм на 120мл Плус имам некои 7,8 кесички замрзнато и како поминувало времето е поразлична боја А ти цицаат или измолзуваш само?
Затоа ти е масно, дека храниш две. Првото дете многу малку јадеше и млекото ми имаше помал слој, второво сега јаде дупло и млекото ми е многу помасно, да се задоволат потребите. и јас сум имала и побело и пожолто, дури и една кеса блага зелена нијанса имаше. Што му требало на бебе, тоа се создавало.
Имам и јас мн млеко смрзнато сигурно за уште едно 6м кога ќе престанам скроз. Само се молзам последниот месец. Несакаат да цицаат а искрено и полесно е .
31+ сум, и веќе почна да ми надоаѓа млеко... Капкички се, ама од ден на ден се поголеми, вчера приметив како погусти се, да не речам лепливи некако. Вообичаено кога/дали ви се има случувано вака? Знам дека колострумот е најбогат со протеини, и ми е шубе ако вака продолжи, да не ми надојде ептен уште непородена. Ако биде тој случајот, дали да пробам со пумпата? Да фатам на време да ја проучам како се користи поточно, и да купам вреќички најверојатно ќе треба за замрзнување. Ме фаќаат паники, прво дете ќе ми биде. И ептен сакам да дојам, не сакам да направам нешто за да ми секне млекото.