Мила, од 16та недела ми тече колострум. Се повеќе и повеќе имам, се лом правам. И Димчев и Данева ми рекоа одлично е тоа, само да не ги стискам градите. Еве периодов па имам помалку, ама варира. Да се консултираш со Димитров да видиш за дали да пробаш да собираш, да не е е рано од сега.
Пумпа пред пораѓај не, зошто стимулацијата на градите може да создаде контракции на матката. Ама може да го собираш колострумот со колектор па да го мрзнеш. Ќеси за млеко најефтини се од Babyjem, па од Кикабу, двете од Локо Кроко ги купував.
И јас имав мн рано во последнава бременост колострум. Млеко убаво надојде 4ти ден од пораѓај, бебе од прв ден беше со мене.. а веќе од 3ти скроз само со мене (ја зимаа за прегледи само) Ако е се во ред ќе си ги барате често да се со вас
Здраво мамички кај и да е и јас ќе ве дружам тука во скоро време па сакав да ве прашам, во план сум да земам електрична пумпа за измолзување пред да се породам, споделите искуства од која фирма да земам, од која сте вие задоволни ?
Имам на медела. Ама јас би земала од оние бубамари што ги викаат, пикни во градник и нека си пумпа и тече.
Мајки давајте совет умирам од болка после 8ипол месеци доење сега ми се партал брадавиците не знам дали од што бебе бара града ден ноќ на 1.5ч дали од запчето доле што гребе па ме разранил ставам на сенсилис ланолин ама нема ни време да делува солзи ми доаѓаат секое доење преболно ми е а не знам дали ако молзам сега би вадела за оброк....ми иде ад да земам не можам да издржам Кој ланолин делува побрзо?
Меделата делува и зимај МултиМам компреси. Јас почнав по упатство да ги користам, 10мин - 1ч макс и фрлав ама Јасна ми рече една компреса да ја користам се додека не снема гел на неа. Ја ставаш, на цицање вадиш и пак ја враќаш. Јас ставав и креми дека бев баш со отворени крвави рани (антибиотик и кортико)... ама тоа незнам дали на своја рака. Мене Јасна дома ми беше и тоа ми го препорача. Десната е скроз оправена, а лева сеуште ме зеза ама таа имаше подлабока рана...
Молзено млеко колку може да стои во фрижидер и да се дава на бебе ? И дали молзено од вчера и од денес може заедно да се измешаат, оладени на иста температура?
Во обичен фрижидер јас сум чувала до 24ч ама гледам американкиве и по 3 дена го чуваат. Се додека се на иста температура, слободно мешај млеко од две молзења.
Дали сте имале покачена температура кога ви надоаѓа поише млеко? 37.4 имам прво ме тресе ненормален студ се покривам со кебиња облакам дуксери, после имам страшен бран на топлина и се препотувам Од млеково е или сум закачила нешто? Ама ни грло ме боли, ни секрет имам од нос, ништо
Чај на хип Лактил капсули Млеко и мн вода и течности и секако доручек ручек вечера и измеѓу ако имаш апетит овошје.
Јас незнам зошто си имам увртено во глава дека може до 4ри дена. Дадов старо млеко од два дена и после ми текна тука да прашам. Кога ми одговориа веднаш го расипав тоа од страв.
Ама и јас имам читано дека може до 4дена на крајот од фрижидерот. Ама јас кога прашував по групиве сите ми викаа по мирис и вкус ќе утврдам и сепак повеке од 3 4 дена не
Јас го чувам 24ч како молзам така редам позади старото понапред го ставам. И го трошам и ако имам повеќе старо млеко го мрзнам
Имам пакување неотворено со 2 силиконски колектори за собирање колострум од Хаака. Пиши ми лп ако ти треба
Од млекото ми беше така првите недели, цело време мерев температура немав се чудев шо ме снајде, патронажната ја прашав ми рече нормално е измолзи се по малку млеко да си олесниш, телото го препознава млекото како страно тело затоа така реагира. После некое време се среди ко фати веќе некој ред за цицање, ама вие сте веќе два месеци пак прашај си доктор.