Што е финтата што не вадам капка на пумпа? 7 месеци е бебе, не сум користела пумпа до сега, само на цицање е...ама викендов ќе морам да го оставам со баба. Има некоја финта за одмолзување? Електрична имам, се е ок со пумпата, убаво се мести брадавицата, може 20мин си пумпа, капка не вадам!!!
Ај пробај сабајлечки молзи.. како пумпаш на која јачина? Јас пример почнувам со масажа (она брзо влечење на секое, но слабо), потоа на неколку секунди зголемувам јачина и стигам до една јачина кај што почнува убаво да влече млеко и тука ја оставам да вади. Побарај и видеа на јутуб.. со пумпата која ја имаш.
Два дена пробувам вака навечер ова време кога заспива бебе. Почнувам одма со молзење програма, од најспоро кон најсилно. Баш ќе пробам сабајле...малку паника ме фати
Абе има доилки и кои не можат да извадат млеко, а успешно дојат. Без паника, ако е на неколку саати излегувањето да израчунате кашичка нешто да јаде тој период ако не успееш да извадиш млекце. Адаптирано обично доени бебиња тешко прифаќаат, па којзнае дали би ти пиело ако не успееш да молзеш..
Има некој искуство со одмрзнато млеко кое бебе не го пие и има многу лош мирис и вкус? Читав дека до некој хормон може да биде ама не знам.. Неколку дена на сабајле се молзев и третиот ден ги собрав и замрзнав. У фиоката од замрзнувачот има и други работи дали од тоа може да е?
Читај една страна назад, истото го прашував Ова го направив прееска на молзено, да видам дали така ќе мириса...
Со првото склдирав млеко и кога го одмрзнував многу лошо мирисаше и не беше убаво, а и не го пиеше. Не знам од што така, ама еден куп млеко фрлив
Тоа е дека млекото било многу калорично со многу масти. Јас прееска анасон и ставив и така ми го испи. Расипано не е... Ако не го сака и со анасон (дека уште 10тина имам така замрзнати), ќе го искористам на бањање во кадичка А другите нови што ќе ги мрзнам, прво ќе ги загревам ако ми успее тоа..
Расипано млеко смрди. Во секунда ќе ти се слоши да го мириснеш а не па да го испиеш. А ваквото млеко не е вкусно, не е благо како обичното млеко, ама ништо не му е, во смисла сосема е во ред да се пие. Со првото дете сум го пробувала секое одмрзнато млеко, баш благ вкус имаше. Сега со второво имам вакво сапунасто млеко, мене ми е многу гадно, малиот го пие без проблем. Сега веќе и ад пие, и со тоа немав мака да воведам. Јадач си е на се
@mariz @Spidy каква луда работа... Јас фрлив неколку кесички млекце... Баш таков вкус имаше. У каков прав момент се дешава муабетот.
Фрлив и јас две, имав некој проблем со замрзнувачот и убедена бев дека се одмрзнале и пак замрзнале, зошто претходно 2 месеца не беше такво. И третиот пат маж ми му даваше од млекото, пола испиено, и тогаш сфаќа дека нешто не мириса убаво. И тогаш видов дека не му смета на бебето, почнав да гуглам и најдов што била работата. Најинтересно ми беше дека не само што не ми беше такво млекото со првото бебе, не ми беше такво и со ова на почетокот. Ама ова бебе јаде 2-3 пати повеќе од првото, така да млекото се сменило да биде покалорично да одговара на неговите потреби. Сега веќе не се молзам, бебе има 3 оброка и плус му давам и ад ако сме излезени, иначе баш ме интересира дали сега тоа липазата е намалена кога има оброци.
Мајки кога ви дојде менстурација? Еве 10.5 месеци има малото, се уште се доиме, нема ни м од менструација. Со првото ми дојде кога имаше 7 месеци, ама на 6 месеци прекинав со доење.
Баш пред некој ден со колешка правевме муабет, со царски доела, добила после 12месеци. Со второто, а со првото после 11, исто царски и доела, и после 12етиот е бремена хахах, пошо мислела дека нема да фати.
Ве молам за совет. Дали некој има искуство бебе од комбинирано па само на АД порсди прекин на млеко. Денес добив водени гради дали можам да се префрлам на комбинирано. бебе 6месеци. Благодарам на секој совет.
Со првото ми дојде на 2ри месец. Сега бебе е 11 м и уште ми нема дојдено. И двете на доење. Едит: Првото, првите 2-3 месеци беше само на молзено!
Не сум за такво изненадување , имам две дечиња, живи и здрави да се, доста ни се. Имав тешки бремености, се плашев и за второ дали да одам. Само се прашував до кога вака со менструацијава. Секако ќе појдам на гинеколог кога ќе направи годинка малиот.
Да јасно, и јас имав сличен муабет со замрзнувачот па затоа мислев исто расипано па одма фрлав... Си го пробав ја млекцето, незнам зашто толку се гадат луѓево... А твоето бебле е веќе пораснато, скроз си едуцирана и тертип си имаш... А ја со Мариз тука сме 12 дена разлика. И двете ни се љубителки на цицка скроз, мојава недојадена е 24/7 а напреднува 1400 за 1месец, па сигурно затоа такво искача млекцето...
Големата е скоро 6год, а малиот 7 месеца. Таа и ден денес не јаде, а тој имаше 1800 качено првиот месец. Секое дете приказна за себе, затоа и млекото е различно.