Вадев на пумпа само додека цицаше. Пробав така со масажи, па со јак интензитет, ама пак ни капка. Успеав да извадам за да ја помине вечерта. Му извадила баба му 120мл во шише. Пивнувал, па го гледал зачудено шишето и испил само 20 мл. и си заспал Следен пат давам ад и крај, не го поминувам пак овој стрес за на крај да го фрлам тешко изваденото млекце
Тоа мислам најтешко од се е... капа ви симнувам Јас уште се борам со левава града и дупката на неа, па повремено ја одмарам и ја молзам.. Го чекам денот да прекине да боли како и на деснава
Нема потешко. Јас само првиот месец се молзев и да продолжев ќе стигнев до депресија сигурно, среќа што почна да цица детево па сега сме супер да чукнам во дрво.
Илјада различни мислења имам прочитано околу пумпите.Стварно не знам за што веќе да се одлучам.Некој совет што да зимам дали да е некоја марка,како да мерам за делот околу брадавиците пред да купувам?
Јас сеа треба здравје во ноември да се породам, за пумпа одлучив да не зимам додека не се породам, зашто не знам дали ќе имам млеко. А реално не се ефтини. Би ти препорачала исто.
Другарка само што се врати од болница за два дена маститис направи поради многу млеко па трчаа по пумпа.Не би сакала да сум во таква ситуација затоа сакам повеќе мислења макар и да не ја купам унапред да знам бар што да земам ако има потреба
Другарка купи и тоа не баш ефтина, и немаше капка млеко, за џабе ја зема. Не можеме да се ослонуваме на секое искуство. Не значи дека исто ќе поминеме.
Повторно ќе се повторам,дури и да не ја купам однапред добро е да знам што да барам и какво искуство имаат мајките со кои брендови на пумпи како и мерењето на брадавиците.
Не ја гледам потребата за да ја полниш темава со глупи одговори,крајно повеќе сме цивилизирани од ова ниско ниво.Прашањето не беше ниту еднаш за дали имал некој потреба или немал потреба.Истражувам искуства од мајки за да ми помогне во изборот на пумпа. Доколку се најде увредена во моите прашања ,навистина ми е жал
Не ја гледам ни јас потребата така да се обраќаш, ама. Сакав само да ти споделам искуство. Секое добро.
Јас не познавам жена да немала ни капка млеко. Ако не ставала бебе да цица, може да. Мада и така мене ми надојде 2 тони млеко со второто. 3 дена ни ја допрев, ни цицаше (на кислород беше), па ми надојде премногу. Не го вадев и баш дека не го вадев и не стимулирав, ми секна. Нема шанса, ни капка да немала... незнам тоа вродено нешто да има проблем со градите, па да немала... Има жени кои не можат да извадат со пумпа, а дојат.. тоа да. Боље рачна некоја да имате во старт, не прескапа... за стимулација и за вадење на одвишок млеко додека бебето е успано од жолтица, нема сила итн. А после ако тоа бебе не фаќа убаво да цица, а имате многу млеко.. може да земете и електрична поскапа. Јас имам двојна електрична од 1200ден, одлична е. Вади скроз исто како и Меделата
Еве немаше воопшто млеко и си е на АД детето. Едноставно немаше млеко, со се проба и нема. Затоа и си реков ќе почекам да видам како ќе биде па ќе земам здравје. Има аптеки цело време достапни.
Аптеки има достапни цело време,но треба да знаеш што бараш во аптека.Не е само најскапата да ја купиш некогаш,колку што читам има разлика од пумпа до пумпа.
Real Bubee е, од Али Експрес е. Има мислења на форумов за неа. Јас сум презадоволна од пумпата. Џабе пари е, а и брзо стига од АлиЕкспрес. И @angel4444 ја користеше истата. Нека сподели и она има позитивно искуство од истата. Е инката е само помала, за мали брадавици. Ако си со големи, нема да ти одговора... Има и на јутуб видеа од истата, види. Јас сеуште молзам од левата чат-пат и сабајлечки кога сум преполна, а бебе е 2+ месеци.
Кај мене е проблемот што мислам дека имам рамни брадавици,големи ми се градите.Не знам некогаш ете знаат да се оформи затоа и не знам како да мерам и каква пумпа да барам .Баш па и дека се рамни сметам дека обавезно ќе ми е потребна пумпа за да повлече пред да почне бебето да цица.