Мене па ништо не ми стига од али експрес, а сеа во ноември треба да се породам здравје. Нема ни коа да стигне.. и да нарачам.
И јас сум со рамни.. Едино додека бев мнооогу полна, камен градите првите денови не успеваше бебе да ме фати и ставав вештачка брадавичка. Како омекнаа, од самата ареола си вовлекува и формира брадавичка бебче. Трето ми е и ради тие рамни брадавици, парче ме направија на почетокот... Особено ова третово алчно... За помали и рамни брадавици и мала инка одговара..
Ептен ми е паника тој момент.Знам и за силиконските и тоа ќе си набавам.Се си мислам дека ради тоа партал што ќе ме направи нема да успеам да издржам да дојам,а не би го сакала тоа.Јас со големи гради а рамни брадавици не знам што да барам
Е чудна работа, поскапиве работи стигаат брзо За кафемат додаток од 1200 ден за две недели ми стигна, со достава од пошта до пред врата Сега порачав нова пумпа на 27ми септ, безжична за во градник и во петокот веќе стигнала во Мк. Најверојатно неделава и ќе ми ја достават. Ја начекав од 3000ден, на 1300. А ситни ефтини работи, порачани во февруари, март.. сега ми стигаат
@Stone од искуството со првото, на почеток кога ми дојде млекото имав минимално и мислев дека имам рамни брадавици па одма купивме пумпа (ова на 5от ден откако се породив). Мм зема електрична од Локо кроко Леа на Кикабу и со неа минимално стимилирав млеко, брадавиците се оформија, ама малку вадев со пумпање. После тоа золва ми ми даде рачна на Медела и со неа излегуваше многу поголема количина, стигнав до 100мл од града. Ова е моето искуство, од тоа што сум поминала рачната некако мислам дека е подобар избор (било кој бренд, не мора најскапа), сама си одредуваш јачина на вакуум, колку и како ќе ги стимулираш градите. Секако ова е само мое скромно искуство и мислење, ти ќе си одлучиш сама.
Брадавицата е битна.. Дека ако е мала инката, а голема долга брадавица.. ќе удира во пластиката напред брадавицата и нема да се влече млеко од неа. А со мали рамни и мала и голема инка нема да имаш гајле. Јас имам средни гради.. 80,85ка сега во доење носам. Јас си ја викнав Јасна и ме реши одма со раните...
Ете претходно не ни размислував за рачна пумпа,си викав кој ќе држи ќе стиска рака ќе ми падне. Прво ми е па стварно не знам ништо. Се си мислев електрична е подобро бидејќи можеш да бираш повеќе различни нивоа и се тоа. Ептен сум незапознаена со ова значи.
Верувај со истото размислување бев и јас, затоа му кажав на мм да купи електрична и со страв ја пробав рачната кога ми ја понудија и тотално го сменив мислењето.
@DaftyCrafty , @снежана2023 , @mariz Дали сметате дека има врска брендот на пумпата ,без разлика рачна или електрична во контекст на вадењето на млеко? Не знам на што попрво би потрошила пари,дали на рачна да е поскапа,дали на електрична.
Јас со првите две со рачна бев. Со првото успевав 100-150мл да извадам. Чико имав рачна... и ств е така, вакумот сама си со одредуваш и брзината. Е сеа што рака ќе набилдаш, тоа е друго Првото само на доење ми беше, а вадев по потреба и исто ради рани на левава брадавица. Со второто поради разни многу причини доев и давав ад од втор месец, доев со неа до 5м само... и третово цица и пие молзено чат-пат. Така терам зошто и породилно рано ќе заврши дека бев на патолошка, па ако се враќам одма на работа да знае да пие и од шише. Плус и замрзнувам.. За да не истече "рок" на замрзнатото, вадам од најстарите чат-пат и мрзнам ново молзено
Јас да не ја земев оваа (тука фалена на форумот, затоа ја земав), ќе купев рачна на Чико. Таа со првото супер ми се погоди, но ја подарив. Со второто имав Авент, со неа не се ни сеќавам што правев... хаотично ми беше искуството. Таа пумпа незнам ни каде завршила, само пластичната кутија ми е дома Едит: Сега ми текна. Авентот ја подарив уствари, а Чико ја дадов на другарка и ми изгуби некое делче и пумпата не работеше.. затоа за второто ја купив уствари Авентот.
Мислам дека @mariz убаво ти пиша. Јас имам искуство со Медела рачната, ама мислам дека принципот на работа кај сите е ист. Можеби кај електричните има некои финеси во смисла на опции за вакуум, брзина и сл. од понудените програми во самата пумпа и во зависност од произведувачот. Инките се најважни, Медела мислам дека имаше 2 големини на инка. Мене оваа на Кикабу ми заврши работа солидно, сега и за второто си ја користам повремено. Јас не би одела на поскапо, а ако имаш некој да ти позајми уште поубаво, пробај па ептен ако сакаш купи си.
Јас 3 ипол месеци се молзам на 2 саати тешко ми е особено навечер али брзо се измолзувам за 10минути. Педијатар денес ми рече ако многу бара навечер може чајче да му давам
И немој да земаш, еве јас позајмив божем на авент пумпа, едвај 10 мл од двете гради, не ми беше јасно што е проблемот. А вака кога ќе стиснев имаше млеко, фрустрации до немај каде. После во консултација со една жена која се разбира во доење и тоа и е работа ми рече дека мојата брадавица е мала и не е за оваа пупма а повеќето пумпи се толкави во големина 23, 24 -ки. Замисли да плеснев 12.000 и да ме ми ја фаќа градата
Мајки да ве прашам по колку време од града е доволно за да се нацица две неделно бебе? Ми рекоа да ја ставам по 15, 20 мин на една града, па да и ја понудам другата. Но активно 20 мин од града ретко фаќа, 10 мин да и останатото време повеќе спие на града или ја цуца брадавицата само. Не знам дали и е доволно.
Да не беше пумпата јас ќе го изгубев млекото и сега немаше да сме на ексклузивно доење. Бебко имаше жолтица и немаше сила да цица, бевме на ексклузивно молзење недела ипол. Молзев на точно 2 часа, последните денови од двете гради вадев 160 мл вишок за мачкање брадавици Отпосле бебко фати сила, фати цице и пумпата и шишињата ги пикнавме у кутија на најгорната полица у кујна, да не ги гледам Сите што сте на ексклузивно молзење сте за мене натчовечки хероини и суштества Јас за недела ипол молзење, стерилизирање, миење ослабев 18кг и мислев дека глава ќе изгубам...немав спиено и јадено со денови... П.С слична пумпа порача другарка од фб страна некоја Пики играчки..