Колку сте суеверни сеа ми спомнаа демек додека доиш, ради млекото навечер да не сум излегувала. Прв пат слушам за ова, е сеа дали само првите 40 дена поима немам. Познато вие ова на вас?
Јас пијам лактил по две дневно, лакта микс пет шолји, и домперидон таблетки 3х1 па пак слабо млеко пак сме на дохрана, мислам и џабе тоа пијам ама ај
Додека доиш воопшто навечер не се излегува и ролетни спуштени. Мала шала. Глупости се тоа слободно излегувај си
Јас мислам дека е премногу. Плус премногу чај дехидрира ако не пиеш вода. Од лично искуство, еве 2 месеци дојам, за млеко само стимулирање - бебето да цица / измолзување зависи кој што како. На почеток се молзев на секои 2 часа, не пиев ништо, млеко буквално течеше по мене како што одев. Откако фати да цица на почетокот исто, до скоро сега знае да протекува но ептен мала количина, скоро ич. Сега се трудам секој ден да пијам 1 шолја лакта микс и 1 чај од ким, нормални шолји за кафе.. + совет многу пиење вода и топли купки. Лактацијата сеа ми е регулирана и се лачи толку колку што претходно исцицал ( колку што му треба ). Си качува на килажа, обавезно бљуцка што значи има и вишок. Плус да не се плашите од меки гради, константно ми се меки а млеко има фул Претходниве 2 дена буквално цицаше без прекин, со цел да поттикне поише млекце, што ти значи природа.. Денес еве 6 подои по 10 мин лева, 10 мин десна града, се најадува фул бидејќи има поише млеко и он посилно влече..3 пати ми бљуцка само се пресоблакаме
Да убаво ти спомнале, во чајот нема електролити кои ги има во водата, така да гледај да внесуваш и вода.
Да бе, да нема на бебле и мои алиштенца да се сушат навечер надвор, и после зајдисонце да не сме излегувале надвор. Јас мислам све тоа е суеверие и бабини деветини, језда мене ме отупеа со муабетот свекрвата и мајка ми и btw само за леонки било ова...
Зошто и чај од ким? Колку е големо бебето? Ова за по 10 минути подој прашувам, зошто убаво цица сигурно.
И јас редовно пијам чај од ким, као убаво е за стомачето на бебле, нели викаат на бебе 3 зрна ким да превријат во вода и да се даде водата на бебе... Епа да не давам вода, ја си го пијам чајот. Пола кесичка ким го ситнам малце и во тегличка го попарувам па го пијам цел ден.
Ако ти е полна другата со млеко, тврда дај и и од таа да цица ако не само од една. Јас само тогаш и ја давам другата за да ја испразни ако се насобрало млеко
Да да секогаш давам да ја цица и другата ако ми е полна... Него како се знае дека е празна првата за да се понуди втората.. или временски 10 минути со 10 минути? @angel4444
Јас проценувам така што многу омекнува таа што ја цица и полека намалува и бебе со цицање и само пупката на крај ја цуца и сфаќам дека е скоро испразнета и ја нудам другата. Временски отприлика првата ја цица 15 мин или 10 мин активно, зависи кога како и втора отприлика толку 10 некад и само 5 по активно и заспива и толку нејќе веќе и ја кревам.
Исто плус и во родилиште така ме советуваа за да не дојде до мастит..10-15 мин пример лева ( омекнува, се смалува, повеќе се мачи да влече при крајот ) менувам десна и го оставам сам да се тргне ( зависи 10/15 ретко 20 минути ), за следен подој да го почнам со таа претходно што сум завршила ( десната ) заради предното и задното млеко. Инаку, бремена ислушав куп вебинари и предавања за доење и не ми беше за верување тоа со различното млеко. При молзење и те како увидов - првите млазови лесни, проѕирно кремави како вода, понатака густо, крем, лепливо млеко одеше. Може затоа побрзо цица бидејќи се заситува брзо со овој ритам на предно/задно млеко. Запишувам секој подој времетраење и која града инаку, да П.С ако не ги исцица двете, се деси 2-3 пати да заспие и да не сака втората, мислам дека ќе ми експлодираше..одма под топол туш и масажа се среди..
Па и во лакта микс има ким Го пијам чајот и после ги џвакам семчињата..грдо е ама мислам поише делува од Лакта миксот, така барем јас забележав Читни по нет, прекорисно е.. Бебко е инаку 2ипол месеци без 2 дена
Кимот мислам не стимулира млеко, тој е за грчеви... Јас инаку дојам на еден подој една града. Меки ми се, ама ја оставам убаво да си ја испразни едната.. другата за другиот подој. Вака од старт дојам, по кило ипол качува бебе за 1м И мене ми се закачи деновиве без прекин цицаше, градите пача Немаше ни време да се дополни и дури и паника ме фати нешто да не не е ок со млекото... Ама еве од вчера пак сум полна и цица на 2,3ч. Ноќта ја спие, сврзува првото заспивање по 6,7ч без будење. Станува цица, па тера уште 2,3ч...
Да баш така и иако што напишале функционирам со нудење втора града т.е. десерт. Да си прашам да не има некоја екстра цака зашто сепак дојам без курсеви, чисто инстинктивно. Во болница само ми кажаа имам млеко и да си ставам силиконски брадавици (ама успеав и без нив) никој ништо нит ми покажа нит бутур. Од видеа што иам гледано