Кога се почнува со пиење на чај? Дали уште во бременост се препорачува нешто или се пијат само доколку нема доволно млеко отпосле?
Отпосле. Може да имаш многу млеко па да си направиш проблем баш првите денови кога бебе едвај цица. Почекај барем 3-5 дена по пораѓај, па ќе видиш дали има потреба.
Ne ja budis za da cica? Mene mi e zal moevo go budam na sred nok taka ubavo pospano, posle mu go remetam sonot, ama mi rekoa da ne go ostavam noke bez cicanje barem na 3-4 h max da cica
И ким и анасон и копар... стимулираат раб на жлезди па затоа се ставаат и во тие чајни мешавини... Качуваме ние 1.300 месечно, но кога ке пробам само на доење ма саат, саат ипол бара и како тече денот се скратува времето и на крај не може да заспие од што е ненајаден. Може би имало доволно да влече поубаво, ама ми заспива на цице.
Зошто е потребен преглед на градите неколку месеци по доење? Знам дека треба да се прави ехо, но како е поврзан тој преглед/можните проблеми со доењето?
Станува накај 3,4, ако заспала 21,22ч. Ако заспала цврсто 11,12 ич не станува, тек 6,7 сабајле. Ама мојава е 2+ месеци.
Кимот е за грчевите, затоа и на бебе се дава. Мајката со внесување исто ќе го пренесе преку млекото. На гугл баш спротивно пишува, дека го регулира млекото да не дојде до премногу млеко... изгуглај баш.
Бебе кога ќе е гладно ќе стане. Од прв ден не будам бебе и тоа и патронажната и педијатар ми кажаа, да не будам ако спие. Ќе си стане кога ќе е гладно. Плус толку мало, нема сигурно да спие 5-6 саати без млекце.
Од стручна литература ми е информацијата. На гугл излегува се сешто. Затоа го има и во Лакта микс. Види го составот баш. Затоа се добри чаевите за доење, зошто освен што регулираат млекце и на бебето му помагаат за варење. Мада јас си давам чај од неколку зрнца анасон.
Јас не би го будела, освен ако треба повеќе да напредува па така ти кажале. Мене и тие две будења ми се премногу зошто тешко презаспивам. Едвај чекам да врземе цела ноќ.
Дали е можно од неизпразнета града , да се направи како топче во градата? Малата е на АД. Немавме успешна приказна за доење и покрај целиот труд. Молзев и давав се додека имаше. Сега не сум молзела неколку дена, а знае да ми прокапе некоја капка. Сега на туширање приметив топче на едната града.
Да мене така ми се прави само на едната града особено на вечер ако давам ад и не цицал како топче имам под градата
Мене ми се појави топче на едната града, бебево 8 саати не цицаше. Бев во Ремедика кај Наде Петановска и ми кажа дека е проширен млечен канал и има задршка на млеко. Ставам ациди борици и масирам под туш ама уште стои.
Мојата воопшто не цица. Се молзев, ама и тоа преќинав. Баш под аеролата ми е. А таа града и потешко вадев млеко и ептен многу време требаше. Денес прв пат приметив и паника ме фати малце. Одма закажав ехо на гради, да си бидам раат во главата.
Моето беше испишано со 2.5 кг и со жолтица. Ми беше кажано да форсирам доење да не дехидрира и падне во килажа. Иначе ми се плаче да заспијам а да станам кога дете ќе посака само, без аларми и сл
И јас мн.се исплашив, среќа докторката ме прими истиот ден. Кај мене е само на цицање, ама ете од тие два дена што беше мн.успана ми се појави и си стои. Не се секирај, од млекото ти е
Додека се дои не се прави преглед на гради. Неколку месеца по престанување на доење, тогаш треба. Ако прегледуваат додека доиш, во 24 часа може 10 пати да се смени состојбата, зависи колку млеко има.