Нели треба прво во млеко да растворам? Во колку најмалку млеко може да ги ставам? 5мл? Ќе пробам така со шприц додека цица... Ова не сум очекувала дека може да ме снајде еј хахахаха Абе чудесии, авент шишиња купив мислејќи дека не ги сака другите, а не било до шишето... Работава е: што ми даваш ти шише кога имаш цице
Лажичката ќе ја држиш во уста додека не голтне. И мојава плукаше се, па така фатив тактика. Држам лажичката додека не голтне. Или малце затвори носе и ќе голтне.
Не сака и така, се од уста плука надвор од страните на устата и тоа со затворена уста Лажичето и е внатре само што сум и капнала, се е надвор веќе... и д3 едвај и давам, на 4,5 пати и ги враќам назад во уста со лажиче... Ротата вакцина мислам се на лигавче заврши, таа и уста и држеше нагоре стисната и нос и пак и ја плукаше... а благо е тоа, повеќето бебиња си го пијат со сласт А од маж ми и свекрва ми одма фаќа и пие од шише. Ќе земам ќе се маскирам и ќе и давам... мада тешко лажење, ме осеќа..
Жими се на тоа ми текна ахахаххаха Ама па ме мириса сигурно.. и фатот и све. Прееска легната на спална пробав, јас и се криев и рака само пуштив со шише и пак ја џвакаше цуцлата од шишето
Како паталец ќе ти кажам: освен сон, пиење вода, убаво балансирано јадење и повеќе протеини, дете на града и молзење НИШТО друго не е докажано дека помага. Што сѐ не читав, што сѐ не пробав и после се уверив дека е џабе. Ни чаеви, ни овеси, ни пивски квасец, ништо апсолутно не помага, а ќе се увериш ако ги следиш американските консултантки за доење. Тие опширно кажуваат дека ништо не влијае на млекото освен ефективно и често празнење на градите. Секој шо ќе ти каже: еј ова помага, еј тоа, тоа значи дека на нив им недостигале тие нутриенти и затоа се зголемило млекото. Исто игра улога и природата колку дала, ете братучетка ми имаше млеко за близнаци, јас доволно до малку и поради многу околности морав да се молзам. Инаку пиев и донперидон 8 недели, демек за да се зголеми и да не го изгубам, апсолутно не помогна којзнае колку. Тој вештачки го качува пролактинот инаку. Па пиев fenugreek специјално го нарачав во таблети од странство, абе ништо. Купишта пари фрлив… Важно е да доиш/ молзиш многу често. Во првите месеци е мн битно и навечер меѓу 2-4 кога пролактинот е највисок во телото. Сега на 7 месеци почна да ми стига млекото и плус ми останува да замрзнам пошо почна да јаде цели каши од 150 гр
Moevo ne moze da go lapne laziceto, na prst stavam kapki i prstot go stavam vo usta kaj nejze go lize maz mi vika kako od Narcos bilo deteto, ama zasega funkcionira
Дај и лажичката и дувни и во фаца. Ќе земе одма воздух ќе го голтне.Така на ќерката сируп и давав како мала, Зинат, одвратен беше.
Со пластична лажичка и давам со малку млеко мајчино измолзено на лажичката. После одма и давам да цица. Така и ги давам сите витамини
Ќе пробам со разни финти.. Прееска лажиче силиконско, шприц, шишенца 3 разни, све на лигавче заврши. Има способност баш со затворена уста се да исплука Како трауматично и ја даваа ротата да знаете... стисната уста испрчена за образи фатено, плус носе и затнуваа. Тоа беше крајно. Ама ја не би така да правам...
Итри се ептен, не можеме уште од сега да ги прелажеме Инаку колиефот тебе зошто ти го дадоа? Јас и го давам, веројатно за да нема грчеви, влијае на лактозата како што читав. Јас нема шанси во 5 мл да го ставам, зошто цица, па во мало лажиче, докторката рече може и директ во уста па одма да цица
Го давав на почетокот за грчеви, па до вчера не давав. Сега почнав пак зошто има многу столици дневно, а и лигави и вчера прв пат и крвче имаше... а јас и синчето сме со интолерација (со симптоми и потврдено на тест), па ништо чудно и она да има.. да видиме дали со Колиеф ќе смири ова со столицата.
И мене ме интересира истото. Моето нема ни месец дена. На доење сме само и приметувам дека има столица речиси на секое менување пелени, а менувам пред секој подој на два и пол часа, до три часа. Читав дека може и до 8 пати на ден да имаат, па веројатно е нормално не знам. Нека кажат и другите.
Мојава пречесто кака... уште не сменила (2ипол м). Има 7-10 столици. Ама лигава и е столицата, па почнавме да сумљаме дека и смета лактоза. Вчера и крв имаше во каките...
Мајки ме фати шубе па да пишам .. изедов пред 1час цело кесе ни мало ни големо она средното смоки смоки од сокоштарк па сега ми текна дека е од кикирики а сме 3мес.7дена и сме на константно доење .. дали некој кадел додека дои или ..