А сали во секој оброк го ставаш? Зошто кај мене пишува во 5 оброци да ставам, па така некој оброк рипам .
Сега ти го читам прашањето. Јас имам краен термин во Ноември. Истражував премногу, искуства разни прашував од другарки и пријателки, и дополнително се осврнав и на тоа што имам завршено општа медицина. Прво и основно - не е можно млеко да немаш. Тие се преекстрмни случаеви, скоро и да не постојат шо се вели. Едноставно физиологијата на жената е таква да млеко ќе има. Други фактори влијаат на количината на продукцијата. Најважна е стимулацијата. Да го ставаш бебе на града, или доколку поради х причини не може тоа, тогаш ти сама масажи, стимулации, хидратацијата, упорност и минимализиран стрес околу процесот. Ова доколку навистина сакаш да доиш. Не знам колку ти се даваат пари, јас за ваква се одлучив. Причините мои се: пренајбитно ми е да дојам - бенефитите за имуниот систем на бебето од мајчиното млеко се огромни, пумпата е дизајнирана да го имитира цицањето на бебето и.е. стимулацијата е одлична за градата, на работа се враќам за два месеци после пораѓајот и морам да се молзам и пумпава ќе одзема најминимално можно време бидејќи е двојна и се става во градник. Дополнително, не сум човек кој мирно ќе спие ако знам дека не сум опремена со се' што треба на време, да оставам на случајност за дали ќе направам инфламација и маститис - нема шанси. И искрено, планирам и многу сакам три деца здравје Боже (ова ми е прво), и според мене, инвестицијава во пумпава вреди. Заштедува време и нервози, и на долга стаза нема пари кои би ми го замениле тоа. Кога е нешто попрактично, потребно и да ми олесни, јас баш и не штедам финансии за тоа. Работам, се трудам максимално за се' и можам да си дозволам. Можеби некои и нема да се согласат со мене, ама ти кажувам од моја перспектива како јас размислувам и на што се одлучив. И стварно многу време посветив на читање и истражување при одлуката дали и каква пумпа да земам. Со лесно бременоста!
Во случај на гадење, повраќање, треба ли да се дои(јас имам избор и ад да дадам) и дали може да се пие нешто?
Извинете што ви улетувам, но морав да ви пишам. Како искусен екслузивен молзач , не препорачувам пумпа во чашки, односно хендс фри, па најмалку одма после пораѓај. Тие сериозни можат да наштетат на лактацијата бидејќи можат да не испразнат доволно- башка не се препорачува пумпа првите 6-8 недели, ова зборувам ако сакате да сте на ексклузивно доење. На медела има др модел, пишете им на медела ќе ви ја кажат. Во сетот добивате нормална двојна пумпа, плус две чашки за хендс фри, беше 19000 цел сет. Лесна бременост
Ја знам и другата, постар модел е. Башка, во Македонија овој модел воопшто го нема, го нарачав од друга земја. Стриктно го сакав моделов. Јас мислам дека нема да имам проблем, ама и да имам за почеток, ќе земам рачна, not a big deal. Нив ги има во секоја аптека. Инаку земав и подруги чашки од овие. Неколку другарки ја користеа оваа истава, не купија друга освен оваа. Ќе видиме.
Грешка си, ја има оваа, ја донесоа неодамна. И бејби буда да земеш како подобар модел од Медела, може да ти направи проблем со лактација, затоа е убаво да се има wall pump. Јас сакав да ти споделам мое искуство бидејќи јас коридтам hands free пумпи и не ме празнат како обична
Бремена сум 35 недела сакам да дојам ама многу сум осетлива на брадавици едвај си ги мачкам.. така се ежам кога ќе ги допрам.. дали имал некој таков проблем? Поминува ли после кога бебето ќе почне да дои?
Јас летово кога барав, ја немаше. Ако ја донеле сега набрзо, не знам. Од кога ја купив, веќе не пребарував. А и компарација со цени стар модел во Мк беше поскап од новиот од странство. Така да, и да ја има, сигурно е поскапа овде како и обично. Ако на некој му треба и има кој да им ја донесе од друга земја, нема потреба поскапо да плаќаат овде. Не сфаќам што е со цените овде.
Аиии страшна цена ставиле. 250 евра ја купив од Полска. Ненормална работа, ние дека побогати сме како нација, со повисоки плати од ЕУ.
Надвор од темава, но не знам каде да прашам. Предложете добар ортопед на приватно, за прв преглед што се прави. Било Систина, Ремедика или др.
@Stone разгледај и одлучи каква пумпа ќе земеш (рачна/електрична ) и во моментот ко ќе ти затреба ја купуваш, посебно па немој да фрлаш многу пари пред време. Јас немав потреба од пумпа, а син ми цицаше две години. Зедов рачна на почеток демек за стимулација, ама немав вишок млеко, бебе си цицаше убаво од старт, не пумпав ни 10-20мл и за нецела недела ја баталив. Не сум имала состојба да морам да ги доиспразнам градите, некако брзо ми се воспостави лактација. Да, ако се сомневаш за стомачен за да го заштитиш бебето со антитела. Поминува
Веќе еднаш нагласив јас имам рамни брадавици ,не знам дали и колкумина се воопшто запознаени со рамни брадавици и доење,исто како и што мене ми е скроз ново.Некои ми нагласува дека веднаш е добро да имам рачна пумпа како би ги извлекла.Затоа не би сакала да чекам.
Доено нормално е до 10 дена... на таа тема @angel4444 повеќе е упатена, нејзиното така скока денови..
Во тој случај било каква рачна ќе ти заврши работа, со тоа што разгледај која би ти одговарала најмногу на големината на градата. Медела мислам дека имаат различни големини, јас имав на Авент рачна - таа една димензија беше (за она перничето што иде на града, не знам како се вика точно), за други не знам. Види и на нет, за рамни брадавици има техники со шприц да ги подизвлечеш, со прсти, фат при вовлечени брадавици каков треба да е, вештачки брадавици..
Се согласувам со @Evangeliaa22 hands free пумпа не измолзува како што може обична електрична или рачна и може да го намали млекото дека не празни до крај. Давање 30 илјади за пумпа е лудило најбитно е инката да биде погодена соодветно за градата. Како ексклузивен молзач 4 месеци сум со електричната на Нимо за 3500 презадоволна брзо ефикасно ми ги испразнува за 10минути вадам 150мл.
Керката до 12 дена, синот до една недела, редовно не какаа додека не почнавме со цврста храна. Се додека бебето не изгледа како да се мачи, мешето не му е тврдо, ако прди (значи работат цревата), ништо страшно не е.