Јас колку пишував и паничев тука, побарајте мислења ни ким чај, ни бекутан, ни масажи, ни јас суви сливи компоти..едноставно бебево кака на 5-6 дена само од себе и тоа е тоа..Ќе му дојде, си се стега и сам кака без помош ноџиња и слично..5 педијатри го гледаа и се е супер. Качува килажа, меше меко и ненадуено, испушта гасови, цица дење на 2ч, ноќе сврзува 5-6ч..се е одлично. Вчера примивме рота и таа не го протера Ама се изнапрдка јако
Јас ја користам. Ама не знам да ти кажам какви брадавици имам или како влијае. Мислам дека моите се помали до нормални. Ми ја донесе маж ми и почнав да ја користам. Шприца млекото во инката. Затнат канал не ми одзатна, не знам дали може воопшто со пумпа тоа. Немам искуство, прво дете ми е и ми врши раб. Инаку навечер се измолзувам откако ке заспие малиот зошто не ги празни до крај дојките, со пумпата убаво се празнам.
Значи на раб на прекин на доење сум! Излудувам. 7++ е, на доење е, без дадено ниедно шише ад. Доручек и ручек си крка машала. Вечера не јаде многу, ама има и вечера. Будење на секои 30-40 мин цела ноќ. Еве сега заспа нешто пред 8, 3 пати го презаспивам на града до сега!!! Па што е ова?!?!?!? Не знам кај се наоѓам од умор. До пред еден месец на 2 пати се будеше, имаше чат пат побурни ноќи, ама ова луѓе трае и трае и трае. Скок не е, помина 5ти и помина сепарациска. Заби може да се, извади два доле...ама до толку да се буди од заби?!?!? Дали да дадам ад навечер или уште да трпам? За инфо, со тодлер сум од 22м!
Ако ти прифаќа шише и ад, пробај да даеш. Мене ќерката така ми правеше од 5 месеци до 1 година. Ја одбив на година од што се осеќав како зомби. Она не прифаќаше ад. Ќе заспие во 9 и цееееела ноќ цицка џвака. Од мое искуство како што се поголеми се позависни стануваат од цицање.
Ти пие од шише? Ако да, дај пред спиење навечер. Мојава ниедно ад не го прифати, а пробував од 4 месеци.
Па ти ги јадеш. А тоа преку млеко , да добие алергија бебе, се случаеви 1:100000. Премногу е ретко тоа.
Пробај еднаш па ќе видиш. На првото дете не му сметаше, на второто видов дека има ефект, па пиев ретко и исклучиво насабајле.
Пробај, ако не му смета на сон, пиј си по едно. Со моето првите 3 месеци пиев бескофеинско, сега пијам по едно на ден и нема гајле. И вака и така не спие