Дали некоја успеала од комбинирана исхрана (доење + ад) да премине само на доење? Се ми се чини бадијала е се. Дали дека не влече убаво, си заспива на цице... се изморив веќе.
Се зависи колкаво е бебушче. Ако сте на некоја доза над 100мл ад скоро па невозможно е. Јас 3 месеци со првото од петни жили се мачев да бидам само на доење...ама како растеше се повеќе сакаше шише, а се помалку да цица
Да не те разочарувам ама мене синко ми се одби од цицање 1 месец откако дадов дохрана ад. Со сила му бутав да цица, вриштеше. На крај се откажавме од доење.
Ние сме од почеток со ад. Таман ке направам повеќе млеко тој не влече, ке ми се направат грутки. И пак ке стивне млекото, и морам да дадам ад. Бевме на 2 флашички, намалив на една, па пак на 2, па сега сме на 3 дневно. Едноставно си влече малку и си заспива на цицка. Го будам, го чепкам, ама веќе не ми успева. На флашичка не прави така. Веќе 2 ипол месеци сме, баш се разочарав...
Можеш парацетамол и јас го доев го имав 37.8. Ми рече педијатарот ако сум настината со маска да го дојам. Ама со бебе е неизводливо со маска да си цело време.
Исто на 2 месеци почнав со 1 шише ад. Како почнав одма ми се намали млекото. Па ајде уште една, па ајдее уште една. Се инаетев викам ај во спиење ќе цица. Неколку вечери така, сабајлето се буди се дере од глад ама буквално дерење. И баталив. После тоа му нудев цело време преку ден се додека скроз прекина ќе цицне еднаш и ќе вика. Јас не се трудев нешто многу, пробај со расоблакање да не ти заспива може ќе успееш да тргнеш ад. Ама не се разочарувај ако не бива, ќе си порасне бебе секако.
Ке порасне да. Само ептен бев упорна и на града. Ке спие на цицка ама нема да влече. Киснев по цел ден така. И на крај само со молзење ми успеваше да појачам млеко. А ке пие од флашичка па ке фати цицка. Не се буни. Само не се најадува. И дотур на млеко се намалува. Уште 5-6 дена ке напнувам. Ако не бива, тоа е.
Јас успеав. Кога излеговме од болница беше само на дохрана. Го ставав на града често и измозивав после секое доење за да надојде млеко,но се додека му давав дохрана беше многу поспан. Откако почнав да ги намалувам дохраните почна поактивно да цица. Беше тешко и психички и физички, намали околу 50 гр на килажа но на 40 дена веќе беше само на доење.
Јас женски да се пофалам после 2ипол месеца доење со силиконски брадавици бидејќи неможевме да ја фатиме брадавицата без нив бидејќи ми се поголеми конечно цицаме веќе без нив 1 месец какво олеснување нема попарување миење сушење навечер конечно веќе овој цел месец да поспијам и јас после доење навечер.
Жени дали додека доите избегнувате некоја храна која е потешка, како грав, леќа, зелка, цвекло? Едната докторка вика да ги избагавам дури и јаболкото да го лупам пред јадење, а другата па ми вика како не јади сѐ, ако тоа не јадеш што ќе јадеш сега во есен. И сега не знам дали да почнам да ги јадам, до сега ги избегнував.
Јас само грав и луто не јадам, друго се. Претходно со ќерката се имав исфрлено, само на месо и компири бев 4 месеца па пак имаше грчеви
Колку време ги држите бебушите после доење да ждригнат? Го тапкам некогаш по 10, 15 минути но се случува да не ждригне и го легнувам. Дали да го држам повеќе минути додека да ждригне или може и така да го легнам?
А зошто не пробаш да се молзиш и наместо ад да му дадеш од твоето млеко со шише? Јас после мастит така правев, престанав ад да давам молзев после секој втор подој пд двете гради и тоа млеко му го додавав со шише, после тоа останавме само на доење. Со мозлењето и ќе стимулираш за млеко. Чисто како предлог ти давам не ме сваќај погрешно. Моето искуство е така.
Moeto ako ne zdrigne i go legnam, znae da povrati ili da ika 20 minuti taka da go tapkam ako treba i pola cas
Probaj po malce ako ne mu smeta na bebeto jadisi umerena. Taka vo sistina priracnikot pisuvase umereno od taa hrana ama ako mu smeta ne ja jadi
Od start mi bese kazano od patronaznata sestra da ne pijam kravjo mleko dodeka dojam bidejki ke mu smeta na bebeto. No sto e so mlecni proizvodi? Jogurt, sirenje, pavlaka..dali smee da se konzumiraat? Sepak se od kravjo mleko