Јас сум го правела. После користење ја ставам во фрижидер, млекото во друг сад, за следниот пат да ја користам пак без да ја мијам. Најмногу го правев кога на неколку пати вадев по помалку млеко.
Електрична Chicco користев. И мене ми се смачи од миење веќе. Добра е Chicco ама медела онаа во болници што ја има мислам дека е најдобра, прочитав дека може да се изнајми
Еве ти објаснила @Spidy и јас го имам тоа правено, особено ако треба неколку пати во денот да се одмолзувам. Во зиплок најнакрај во фрижидерот ја чував. Секако не електрониката...
Јас потврдувам за медела, имам електрична единечна, предходно со две пумпи пробав скоро ич не вадев. Синоќа едната ми се стврдна, се измолзив одма извадов 120мл, можеше и повеќе ама мака ми беше веќе да чекам
Јас се си јадам... Колку подои имаат бебињата на 3м? Многу некако периодов бебево слабо како да ми цица. Се вадам од памет и јас станувам ја будам... мислам да не ја разбудам ќе тера. А и преку ден некако кратки подои, плус вака на изглед како да ослабнува. А и зелени столици овие неколку дена, од кои една многу чудна ми е. Ќе ја прикачам кој не се гади нека отвори... Спојлер: Кака Кака сеуште на секое, по 10 столици мин има во 24ч... Молзено скроз ми одбива. Ја оставив денес со свекрва ми на 2ч и од 120мл, едвај 40 и испила...
Моето не е на доење ама истиот проблем. 3 и пол месеци е, од пред две недели се помалце и помалце пие млеко. Борба водиме со шишето. 150мл пиеше сабајлево, 70мл одвај испи. И пишав на матичната ми рече дека овој период се им е интересно да гледаат наоколу и дека помалце ќе цица. Да му даваме да пие во темна просторија без бои и светла. Јас умрев од нервози неделава особено.. И ние почнавме да го будиме навечер за да јаде баш поради малите количини што ги пие преку ден.
Ќути... мене и не ми се тргаше ич од цице кога ќе фатеше да цица. Сега фаќа, пушта, фаќа, пушта, млеко шприца кај неа во лице... Ќе пробам и јас утре во темно и тивко само. Стварно е и ококорена на повеќето подои.. Ама па си викам ваљда нема и гладна да спие а? Абе од 21ч заспива и јас ја будев во 4ч, па во 8ч... спиеше до 9ч. Тие два подои цицаше заспана колку да се рече цицнала да не се секирам јас. Градите бомба сабајле.
Мед знам на бебиња не се дава, за доилки не сум знаела. Јас знам да си земам по една лажица таан со мед, бидејќи во бременост не смеев ради шеќерот. Ме замисли сега за медов
1200 ми зема. Супер е, ме просветли, не знам што се деси ама вечерта кога она си отиде фати цицка и без вештачка брадавица, инаку нејќеше да ја види, го бараше само шишето.
Дали вежбате кога доите? Некаде читав дека не се препорачува, зошто се лачела млечна киселина во млекото и може да го смени вкусот, а доколку се вежба, после вежбање да се измолзиш и да се фрли тоа млеко. Сакам да почнам да се враќам во форма после два месеци, па ме интересира дали смеам и ваше искуство.
Па и доктор ми кажа така. Кога вежбаме знам дека се излачува млечна киселина, затоа и не болат мускулите ради неа, но не знаев дека можела да се излачи и во млекото. Не дека е нешто страшно, но ми рече може да го смени вкусот на млекото и да избегнувам да дојам одма после вежбање. Затоа и пишав тука, да прочитам искуства
Дали најде додатоци за инката или помала инка (и од каде ако да)? Истиот проблем го имам, скоро цела брадавица ми влегува во 24мм.
Луѓе кажете чаре, неколку дена се мачи да ми пробие циклусот, вчера конечно добив (па пак ми прекина крварењето), и околу пладне ми снема млеко, до тогаш беше добро, сабајлето си цицаше нормално, некаде околу 2-3 млеко ни капка до вечер. Морав да дадам формула пред спиење за да ми заспие. Вечерта се разбуди двапати, имав млеко, нормално си цицаше, сега сабајлево пак прокрварев малку и пак немам млеко... Трет пат добивам откако се породив, првите два пати немав ваков проблем, си имав млеко можеби намелено малку ама имав. Ова нити крварам нити млеко имам